Пребарување

Внесете клучни зборови:

ПРОМОТИВНИ ПОНУДИ

АВСТРАЛИЈА СИДНЕЈ, КАНБЕРА, МЕЛБУРН

АВСТРАЛИЈА 
СИДНЕЈ, КАНБЕРА, МЕЛБУРН

  ИНТЕРКОНТИНЕНТАЛНИ ПАТУВАЊА

АВСТРАЛИЈА

      СИДНЕЈ, КАНБЕРА, МЕЛБУРН

12 дена(9 ноќи)- авион / автобус

                         Заминување: 04. Април 2019/ Враќање: 15. Април 2019.

Австралија е земја чија нација е многу млада, а самата земја е многу стара.Денешна Австралија почнала да се формира уште пред 50 милиони години кога се одвоила од пра континентот Гондвана , кој во својот состав ја имал и Африка, Јужна Америка и Индија. Антрополозите сметаат дека континентот почнале да го населуваат мали групи на луѓе од југоисточна Азија усхтре пред 150.000 години,додека Аборџините овде живеат најмалку 40.000 години во својот временски сон.Големиот број на истражувачи доаѓал до обалата на оваа земја и пробувале да ја откријат, се до времето на Џејмс Кук и подоцна капетанот Артур Филип, кој за прв пат со околу 1000 патници од кои повеќето биле затвореници, впловил во заливот Ботани, денешен Сиднеј.  Денес Австралија претставува една многу модерна, развиена, уредена држава, далеку од периодот   “ непознти јужни земјишто во превод и значи .сите страни на светот уживаат во се што нуди оваа земја.  :

1 ден (04.04.2019.) СКОПЈЕ-БЕЛГРАД-ДОХА  Средба на патниците во договоренот време и заминување за Белград . Лет во 12:00 за Доха (QR 232). Оброк во авион. Пристигнување во Доха во 18:00 часот. Трансфер до хотелот. Сместување.Ноќевање.

2.ден (05.04.2019.) ДОХА-СИДНЕЈ  Појадок.Полудневно панорамско разгледување на градот.Слободно попладне. Вечерта трансфер до аеродромот и лет за Сиднеј во. 20:20 часот (QR 908). Оброк во авион. 

3.ден (06.04.2019.) СИДНЕЈ Пристигнување во Сиднеј во 18:35 часот. Трансфер до хотелот. Сместување во хотелот. Ноќевање.

4.ден (07.04.2019.) СИДНЕЈ Појадок.Претпладне разглед на градот кој од некогашна казнена колонија прераснал во вистинска светска метропола и најголем град во Австралија. Разгледот вклучува посета на историскиот кварт Рокс, Кралската ботаничка градина каде се наоѓа престолот на Г-ѓа Мек Квајрс, местото од каде имате незаборавен поглед на прочуената Сиднејска Опера, трговскиот дел на градот, Кинескиот кварт, пристаништето Дарлинг, Кингс крос, отмената резиденцијална четврт Дабл беј и Роуз беј, плажата Бондаи, место со спектакуларен поглед на Тихиот океан , се возиме низ квартот Падингтон.Попладне заминуваме со брод по сиднејското пристаниште, едно од најдобро заштитените во светот, во кое во 18 век впловил адмиралот Џејмс Кук и на тој начин дефинитивно го потврдил постоењето на "непознатата јужна земја".  Враќање во хотел. Ноќевање.

5.ден (08.04.2019.) СИДНЕЈ  Појадок. Слободен ден за индивидуално разгледување или шопинг. Сиднеј е град на музеи и галерии, многу позната ЗОО, прекрасни плоштади, ботанички градини, трговски улици, кинески квартови, па ќе ви биде тешко да се одлучите што да посетите. Ноќевње.

6.ден (09.04.2019.) СИДНЕЈ  Појадок. Слободен ден за инидидуално разгледување и шопинг. Можност да се организира факултативен излет до Сината планина. Ноќевање. 7.ден (10.04.2019.) СИДНЕЈ-КАНБЕРА Појадок. Поаѓање со автобус за Канбера (290 км – околу 5 часа возење со паузи).По пристигнувањето сместување во хотел. Попладне полудневен разглед на главниот град на Австралија кој претставува културно и уметничко богатство. Во тек на разгледот се посетува Парламентот и Австралискиот воен меморијал. Ноќевање.

8.ден (11.04.2019.) КАНБЕРА-МЕЛБУРН Појадок.Заминување со автобус за Мелбурн (околу 670 км, т.е. околу 8 часа возење со паузи).Попладне се пристигнува во Мелбурн. Сместување во хотел. Ноќевање..

9.ден (12.04.2019.) МЕЛБУРН Појадок. Полудневен разглед на Мелбурн, главниот град на државата Викторија. Се наоѓа на реката Јара во заливот Филип. Во тек на разгледот ќе се запознаете со неговото минато но и сегашност. Се возиме низ централниот деловен дел на градот кој се одликува со врвна архитектура. Се проаѓа покрај Викторијанскиот уметнички центар, споменикот на благодарноста во облик на пирамида кој доминира во прочуената улица Ст.Килд.Возењето продолжува кон монденскиот кварт Турак.Кратка прошетка низ градината Фицрој . Кратко слободно време за разглед на градот кој од секогаш бил познат по модата, театрите, уметноста, добрите ресторани, како и луксузните продавници. Ноќевање.

10.ден (13.04.2019.) МЕЛБУРН Појадок. Слободен ден за индивидуално разгледување. Можност за организиран факултативен излет до Филиповиот остров каде можете да видите над илјадници пингвини кои после залезот на сонцето се враќаат од морето во своите седла на копното.Ноќевање.

11.ден (14.04.2019.) МЕЛБУРН-ДОХА  Слободен ден за индивидуално разгледување. Вечерта трансфер на аеродром . Лет за Доха во 21:35 часот ( QR 905). Оброк во авион.

12.ден (15.04.2019.) ДОХА-БЕЛГРАД-СКОПЈЕ Слетување во Доха во 04:55 часот. Лет за Белград во 06:35 часот ( QR 231). Пристигнување во 11:00 часот. Трансфер за Скопје....

 

ЦЕНА ПО ОСОБА ВО ЕУР

(Плаќање 1 ЕУР = 62 ДЕН)

Сместување

Услуга

Цена на аранжманот по особа во двокреветна соба и во двокреветна кабина

Доплата за еднокреветна

Хотели 3+, 3 /4 * i 4*

Според програмата

2790

690€

 

НАПОМЕНА: Двокреветни соби со дополнителен кревет не препорачувме за 3 возрасни лица бидејќи третиот лежај не е со стандардна големина. Еднокреветни и внатрешни кабини се на барање..

Цената на аранжманот вклучува:автобуски превоз Скопје-Белград-Скопје, авио превоз Белград-Доха-Сиднеј, Мелбурн-Доха-Белград, сместување во двокреветни соби во хотели со  3+ ,3 / 4 *и  4*. Исхрана, разгледи и трансфери спрема програмата, трошоци за организирање и водство на ова патување.

Цената на аранжманот не вклучува: аеродромски такси 526,16 ЕУР(подложни на промена), бакшиш за локалниот водич и возачите кој е обавезен во овој дел на светот, факултативни излети, трошоци за обезбедување на австралиска виза 100 ЕУР и услуга за визирање 50 ЕУР, меѓународно патничко осигурување.

 

      ХОТЕЛИ:

Доха: Chairman Hotel 3* или сличен- централно лоциран во деловниот дел на Доха. Пространи климатизирани соби, модерно декорирани, бесплатен WiFi, дел за седење и плазма TV.Секоја соба има сопствено купатило со када и туш. Хотелот има  fitness центар. Шведска маса и à la carteспецијалитети можат да се добијат во Elite ресторанот.

      Сиднеј: Travelodge Wynyard Sydney hotel 3+* или сличен е хотел со совршена локација во центар на Сиднеј, на неколку минути од пристаништето Дарлинг, Поточно се наоѓа во центар на деловниот кварт, на 20-тина мин пеш од познатиот мост и сиднејската Опера. Хотелот има fitness центар и 1 час бесплатно WIFI за 24 часа. Секоја соба е климатизирана, со кабелска TV, работна маса и апарат за чај и кафе.

      Канбера: Mercure hotel 4* или сличен- пространи соби и старински шарм во комбинација со модерните достигнувања го прават овој хотел многу привлечен. Централно лоциран, само на неколку минути од Австралискиот воен меморијал и центар на градот. Сите соби се со клима, елегантно опремени, секоја со приватно купатило. Рецепцијата работи 24 часа..

Мелбурн: Travelodge Southbank hotel 3*/4* или сличен – се наоѓа на реката Јара во непосредна близина на стадионот Etihad. Собите се климатизирани, имаат кабелска TV и приватно купатило.Сите соби имаат пристап кон интернет и мала кујна . Достапен апарат за кафе / чај, а собите имаат и дел за седење и работна маса.

 

ОПШТИ И КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ :

      ВИЗИ: На Македонски државјани потребна им е виза за Австралија. Биометриски пасош ( мин.важност од 6 месеци по враќањето од патување)

      КЛИМА: Во Австралија во овој период од годината почнува пролет, со просечна дневна температура од 20 до 30°C, со можни повремени дождови

 

ВАЛУТА: Австралија: SAD долар -     1 usd =  1,322 AUD   1 euro=1,542 AUD     

 

ПРИЈАВУВАЊЕ И УПЛАТА НА ДЕПОЗИТ ДО  15. ФЕВРУАРИ 2019 или до пополнување на местата

Доколку нема минимум на патници за реализирање на ова патување, агенцијата има право да го откаже истото 5 дена пред патување.

За ова патување важат Општите услови за патување на ТА Њу Вејс оф Травел Скопје

newwaysoftravel Превземи целосна понуда