Пребарување

Внесете клучни зборови:

НОВА ГОДИНА

АМСТЕРДАМ ( 08.12 - 11,12.2017)

АМСТЕРДАМ ( 08.12 - 11,12.2017)

А М С Т Е Р Д А М

08 Декември – 11 Декември

 

08 Декември  СКОПЈЕ – АМСТЕРДАМ Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04.30 часот. Авионот за Ајндховен полетува во 06.00 слетува во 08.50 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотелот во Амстердам. Сместување во хотел. Разглед на Амстердам: Плоштадот Дам, Кралската палата и Споменикот на соединетите холандски провинции, Музејот на Мадам Тисо, Кулата Мунт, Пловечкиот цветен пазар, старата пицница Хајнекен, Новиот градски кварт... Слободно време за прошетка низ градот, љубителите на уметноста можат да ги посетат музеите: Ријкс музејот кој е основан од братот на Наполеон (15 до 17 век, со делата на Рембрант), Музејот Ван Гог со неговата најголема збирка на дела. Ноќевање.

09 Декември  АМСТЕРДАМ - ГОЛЕМА ХОЛАНДСКА ЕКСКУРЗИЈА Појадок. Целодневен факултативен излет со автобус: ГОЛЕМА ХОЛАНДСКА ЕКСКУРЗИЈА Сликовотито гратче Делфт – познато по порцеланот и сликарите, Ротердам – модерен град и едно од најголемите светски пристаништа, Шевенинген, Ден Хаг – холандска административна престолнина на Холандија. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

10 Декември  АМСТЕРДАМ-МАЛА ХОЛАНДСКА ТУРА Појадок. Факултативна посета: МАЛА ХОЛАНДСКА ТУРА на традиционално село Zaanse Schans кое важи за колевка на европската економија, се гледа: познатите ветерници, работилници за традиционалните кломпи, порцелан, сирење... Патот продолжува за Volendam, рибарско градче на езерото ЕЈ. Враќање во Амстердам, препорачуваме посета на фабриката за дијаманти: прошетка низ работилницата и навлегување во тајните на брусење на прочуените дијаманти. Во вечерните часови, можност за факултативно возење со брод по каналите, каде можете да ги доживеете боите на градот на посебен начин и да видите дел од мостовите по кои e позната Холандија. Ноќевање.

 11 Декември АМСТЕРДАМ - СКОПЈЕ Појадок. Организиран трансфер до аеродромот во Ајндховен. Авионот за Скопје полетува во 09.20 часот, пристигнување во Скопје во 11.55 часот на аеродромот Александар Велики.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:349 евра (21.638 денари)

Во цената на аранжманот е вклучено:

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

• Аеродромски такси 3.100 денари                                                                                                                                • Голема Холандска Екскурзија 80 евра                                                                                                                          • Мала Холандска Екскурзија 60 евра                                                                                                                          • Крстарење по каналите на Амстердам 20 евра                                                                                                     • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз                                                                                                 • Патничко – здравствено осигурување

Забелешки:

ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА АРАНЖМАНОТ ПОТРЕБЕН Е МИНИМУМ ОД 20 ПАТНИЦИ

Плаќањето ќе се врши исклучително во денари по курс од 62мкд за 1€

Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.

Доколку не се оствари минималниот број на патници, Организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.

Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.