Пребарување

Внесете клучни зборови:

НОВА ГОДИНА 2019

АТИНА 2019

АТИНА 2019

АТИНА нова 2019

АТИНА – АРГОЛИДА – СУНИОН

(27.12.2018) -  (01.01.2019)

Атина е древна колевка на најголемата светска цивилизација и престолнина на сончевата Грција. Невозможно е да се најде град во светот кој барем делумно наликува на неа. Нејзиниот процут го доживеала уште пред два ипол милениуми, а нејзиното основање е изгубено во митовите и легендите од памтивек. Во неа хармонично се сврзани минатото и денешницата во неверојатна целина. Симбол на градот е претседателска палата. Главна точка на разгледување е Акрополис, кој изгледа величенствено со својот делокруг, докажувајќи го високиот степен на развој на старата грчка култура и остатокот од светскиот модел на архитектура со векови. Разглед на храмовите Партенон, Ерехтејон и Атина Нике во областа на Акрополис со детални објаснувања. величенствениот Акропол. Атина е и родно место на демократијата чија промоција била токму на брдото Ареопаг. Секој нејзин камен издишува многувековна историја, а рушевините на старите храмови се спомен од некогашни далечни времиња, култури и богови од Олимп. Уникатноста на Атина може да се забележи и преку некогашната архитектура и ритамот на модерниот живот кој незабележливо води и до заборавените митови и легенди за Старата Грција.

 

1ден четврток (27.12.2018) – АТИНА

Состанок на групата на Аеродром Скопје. Полетување за Атина во 19.25 часот. Пристигнување во Атина во 21.40 часот. Трансфер до хотел. Ноќевање.  

 

2ден петок (28.12.2018) – АТИНА

Појадок. Разглед на градот на хероите и боговите. Атина преживеала војни кои оставиле печат на културноро наследство. Многу историски споменици и религии не се сочувале до денешен ден, а тоа што може да се види е реставрирано од пронајдениот археолошки материјал. Панорамско разгледување на главните градски плоштади Омонија и Синтагма како и булеварите кои ги спојуваат. Улицата Филелинон покрај руската црква и црквата Св. Павле, раскошните национални градини со повеќе од 200 вида медитерански растенија, Архил Адријан, храм посветен на Зевс Олимпик, познатиот стадион Калимармаро и некогашната Панорамски разглед покрај Академијата, Универзитетот и Националната библиотека, три прекрасни неокласични згради. Ноќевање.

 

3ден сабота (29.12.2018) - АТИНА

Појадок. Слободно време за одмор, индивидуален разглед и релаксација. Можност за организиран дочек а 2019 година. Ноќевање.

 

4 ден недела (30.12.2018) - АТИНА-ПИРЕЈ-СУНИОН-АТИНА

Појадок. Слободен ден или можност за факултативна полудневна екскурзија за Пиреј и Сунион. Организиран трансфер до Пиреј кој е административно одделен град кој ги претставува морската порта и најголемото пристаниште на Грција. Преку три големи заливи, Микролимано се истакнува со својата убавина и разнобојност. Панорамски разглед на брегот на Аполон до најјужната точка на Балканскиот полуостров и Европа – ‘ртот Сунион. Таму се остатоците од храмот на богот Посејдон изграден во злато во петтиот век п.н.е. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

5 ден понеделник, (31.12.2018) – АТИНА – ПЕЛОПОНЕЗ (АРГОЛИДА) – АТИНА

Појадок. Слободен ден или можност за целодневна екскурзија. "Златната" Арголида, која во минатото била славна по невообичаени богатства, се уште ја нема изгубено својата слава. На една од најголемите области на Пелопонез се наоѓаат остатоци од некогашните култури кои може да се сметаат за гордост на човековата цивилизација. Најстариот град во Европа, легендарната Микена со рушевини на палати и храмови од вториот милениум п.н.е. е нешто што сите ги остава без зборови. Поаѓање кон Епидаурус, каде се наоѓа театарскиот аудиториум чија акустика е неоткриена мистерија. Сите посетители од првиот до 53иот ред имаат иста чујност. Изграден е од Поликлет во 4 век п.н.е, а акустиката најчесто се поврзува со невообичаеното струење на воздухот. За време на летниот фестивал, само гиганти од музиката и театарот настапуваат таму. Се упатуваме кон Микена, која била откриена од Хајнрих Шлиман во 1876 година. Посета на Атреевите ризници, за кои се верува дека се гробницата на Агамемнон, портата со лав, кружните кралски гробници и монументалните киклопски ѕидовни. Враќање во Атина. Слободно време. Ноќвање.

 

6 ден вторник (01.01.2019) – АТИНА- СКОПЈЕ

Појадок. Организиран трансфер до аеродром во Атина. Полетување за Скопје во 09:00 часот. Пристигнување во Скопје во 09:15 часот.

 

Цена на аранжманот :

371€ во денарска противвредност

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

- Авионски превоз на наведената релација;

-трансфер аеродром хотел аеродром;

- хотелско сместување на база  5 ноќевања со појадок;

- панорамски разглед на градот;

-организација и водство на патувањето.

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

- аеродромски такси 121eur;

факултативен излет на Пелопонез

  и Арголида 25€;

- факултативна новогодишна

   вечера во национален ресторан 65€;

- Влезници за музеите и културно –

   историските споменици.

 

 

 

 

 

Напомени:

 

newwaysoftravel Превземи целосна понуда