Пребарување

Внесете клучни зборови:

ПРОМОТИВНИ ПОНУДИ

БАЛИ ВО НОЕМВРИ

БАЛИ ВО НОЕМВРИ

ИНДОНЕЗИЈА БАЛИ (28.11-07.12.2018)

Индонезија или официјално Република Индонезија е голема земја во Азија, чиј главен град е Џакарта. Индонезија е составена од мноштво на мали и големи острови, од кои најголемите се Јава, Суматра, Сулавеси (Celebes), Борнео (Калимантан) и Нова Гвинеја (западен дел). Неговото население (238 милиони), Индонезија е четвртата по големина земја во светот. Бали е индонезискиот остров кој се наоѓа помеѓу островите Јава на запад и Ломбок на исток. На островот  , мнозинството од жителите се Индонезиски Хиндуисти кои се малцинство во земјата. Бали денес е популарна туристичка дестинација и е богат со ориз, кокосови дрвја, кафе, памук и тутун, но ова е нешто што најмногу се  извезува. Живописните  бои на Бали, неверојатно пријателски и гостопримливото население ,  храна која  е силна и со необичен вкус и тиркизно-сините води на Индискиот Океан, што е локализирано  на овој мало парче од  рај на земјата  ,сигурно ќе ги задоволи  Вашиот вкус ...

 

Бали – Рајскиот остров на боговите. Сместен во југоисточна Азија, на екваторијалниот премин на Индинскиот со Тихиот Океан, Индонезија. Овој тропски остров е толку сликовит што на прв поглед ќе ви се чини нереален. Опкружен е со кристално чисто море и долги, бели песочни плажи, додека во внатрошноста владеат џунгли, високи вулкански планински масиви, сликовити локални населби и импресивни оризови тераси. Бали е дестинација и атракција за секој посетител. Плени со богатото историско наследство за кое балижаните се особено горди. Овој народ успеал да ја задржи својата долга верска традиција која се отсликува на секој начин во секојдневниот живот на населението и во архитектурата која изобилува со величенствени храмови и палати.  За сурферите и љубителите на слични водени спортови нај атрактивна е западната обала каде се наоѓаат некои од нај убавите плажи на светот, додека источната обала е рај за релаксиран и мирен фамилијарен одмор со плажи од ситен песок и мирно море. Меѓу по атрактивните туристички области се Кута, Санур и Нуса Дуа, кои нудат многу забава, ресторани, барови и шопинг.

Hotel Santika 3 * Nusa Dua

Хотелот Сантика е лоциран во срцето на областа Нуса Дуа. Хотелот има многу добра местоположба, се наоѓа во непосредна близина на најубавите плажи во Бали, смирени тиркизни води и најубави резорти со 5 *. Оваа област е исто главна дестинација за бизнис и туристички патувања.

Состав:

153 соби, соби за пушење, лоби, интернет конекција, бизнис центар, ресторан, 5 соби за состаноци, не пушачки соби, собна послуга, базен, лифт.

 

http://www.santika.com/id/indonesia/nusa-dua/hotel-santika-siligita-nusa-dua-bali/facilities/#hotel-santika-siligita-nusa-dua-bali

                                                   Датум: 29.11.2018-07.12.2018

                                                     

1 ден  - 28.11.2018: Скопје - Доха

Состанок на групата  на аеродромот во Скопје, два часа пред лет. Полетување од Скопје во 11.55ч и слетување во Доха во 18.50ч. Можност за градска тура во Доха со локален водич.

2 ден – 29.11.2018: Доха- Денпасар                                                                                      

Полетување за Доха е  во 02:35 часот, наредниот ден.  Пристигнување во Денпасар е во 17:30 часот. Пречек на аеродром од страна на претставник на партнерската компанија и трансфер во хотелот во Nusa Dau. Пристигнување во хотелот и сместување. Ноќевање.  

3 ден -6 ден   30.11.2018-03.12.2018- Нуса Дуа

Нуса Дуа буквално преведено значи  "Два Острови" - иако тие се всушност мали подигнати предели, секој со мал храм. Но, Нуса Дуа е многу подобро познат како затворен комплекс на Бали на хотели  и  одморалишта со прекрасна плажа. Тоа е огромно и монденско место кое е заштитено со стражари  . Оваа место е изградено  во 1970-тите, Нуса Дуа  е дизајниран да се натпреварува со меѓународните туристички ресорти низ светот.  

Во Нуса Дуа ке имате можност да уживате во прекрасните плажи или да изберете некој од долунаведените факултативи .Кута е на 12 км. Од Нуса Дуа, можност и за посета на сурферскиот град со многубројни ресторани и продавници, по економични цени.

7 ден- 9 ден  (04.12.2018 – 06.12.2018)  Убуд

Појадок и одјавување од хотелот во Нуса Дуа .Трансфер до хотелското сметување во Убуд.  .

.Убуд-е град познат по сликарството, уметнички ателјеа, галерии, изведби, музеи. Секако, секоја цена е неизбежна. Во Убуд имате можност да  го посетете Monky Forest, и сите други културни центри на Бали, оризовите тераси, застрашувачките вулкани, храмовите со над стотици скалила, во карпи, светите извори итн….

Организиран трансфер до аеродром 22:00 часот.(06.12.2018)

10. ден – 07.12.2018:  Убуд - Демпасар

Лет од аеродромот во Денпасар со лет на Qatar Airlines во 00:30ч .Слетување во Доха во 05:30ч.Полетување од Доха во 07:15 и слетување во 10:55 во Скопје..

                                                                   790 eur (48 980 ден.)

                                             (8 ноќи + авио превоз + трансфер)

 

Во цената е вклучено :

 

Цената не вклучува:

 

Факултативни екскурзии :

 

Цена од лице изнесува : 45€

 

 Убуд Тура: Се тргнува во претпладневните часови. Прво ги посетуваме прекрасните водопади во областа Tegallalang, продолжуваме кон Sebatu Holy Temple, каде може да се искапите во светата вода, успатно ќе поминеме да ги погледнете оризовите тераси, и завршуваме со “elephant temple” Goa Gajah, каде може да се напиете по едно чајче или познатото бали кафе опкружени со густата вегетација, и гостопримливоста на мештаните.

 

Цена од лице изнесува : 45 еур.

 

Напомена: Резервација  на факултативите е битно да се резервираат најкасно до 15 ти Ноември  2018 , цената е променлива во случај бројката на пријавени да е помала од 14 патници .

 

Услови :

 

Рокови за отказ на аранжманот  и пенали:

               

ОПШТИ И КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ:

Виза: За граѓаните на Република Македонија не е потребна виза за влез во Бали. Пасошот да биде со важност од најмалку 6 месеци од датумот на враќање.

Клима: Топло преку цела година со температура од 26 до 32 степени целзиусови, можни се кратки тропски дождови.

Валута: Индонезиска Рупија (IDR): 1usd = 13, 517.50 idr,  1 eur = 15,660.83 idr

Нуса Дуа: Најпознатото туристичко место во Бали, познато по големите и прекрасни ресорти од 5*. Се наоѓа на 22 км од Демпасар главниот град на Бали, административно е сместен под Јужна Кута. Нуса Дуа во превод значи “2 острова“. На јужниот дел се наоѓа Пенинсула островот, а на северната страна лежи Нуса Дарма островот.

 

 

newwaysoftravel Превземи целосна понуда