Пребарување

Внесете клучни зборови:

ПРОМОТИВНИ ПОНУДИ

Бали 8ми Март 2020

Бали 8ми Март 2020

БАЛИ, Индонезија

02.Март – 11.Март.2020, 7ноќевања,

 авион+трансфер+хотел

Бали – Рајскиот остров на боговите. Сместен во југоисточна Азија, на екваторијалниот премин на Индинскиот со Тихиот Океан, Индонезија. Овој тропски остров е толку сликовит што на прв поглед ќе ви се чини нереален. Опкружен е со кристално чисто море и долги, бели песочни плажи, додека во внатрошноста владеат џунгли, високи вулкански планински масиви, сликовити локални населби и импресивни оризови тераси. Бали е дестинација и атракција за секој посетител. Плени со богатото историско наследство за кое балижаните се особено горди. Овој народ успеал да ја задржи својата долга верска традиција која се отсликува на секој начин во секојдневниот живот на населението и во архитектурата која изобилува со величенствени храмови и палати.  За сурферите и љубителите на слични водени спортови нај атрактивна е западната обала каде се наоѓаат некои од нај убавите плажи на светот, додека источната обала е рај за релаксиран и мирен фамилијарен одмор со плажи од ситен песок и мирно море. Меѓу по атрактивните туристички области се Кута, Санур и Нуса Дуа, кои нудат многу забава, ресторани, барови и шопинг.

Програма на патувањето

01 ден  - 02.03.2020: Скопје - Доха

Состанок на групата  на Александар Велики, два часа пред лет. Полетување од Скопје во 11.40ч и слетувате во Доха во 18.40ч. Можност за градска тура во Доха.

02 ден – 03. 03.2020: Доха- Денпасар                                                                                      

Полетување за Доха е  во 08:20 часот.  Пристигнување во Денпасар е во 23:00 часот. Пречек на аеродром од страна на претставник на партнерската компанија и трансфер во хотелот во Nusa Dau. Пристигнување во хотелот и сместување. Ноќевање.  

03 ден -07ден – 03.03 – 10.03.2020 - Нуса Дуа ( 7 ноќи)

Нуса Дуа буквално преведено значи  "Два Острови" - иако тие се всушност мали подигнати предели, секој со мал храм. Но, Нуса Дуа е многу подобро познат како затворен комплекс на хотели  и  одморалишта со прекрасна плажа. Тоа е огромно и монденско место кое е заштитено со стражари  . Оваа место е изградено  во 1970-тите, Нуса Дуа  е дизајниран да се натпреварува со меѓународните туристички ресорти низ светот. Во Нуса Дуа ке имате можност да уживате во прекрасните плажи или да изберете некој од долунаведените факултативи .Кута е на 12 км. Од Нуса Дуа, можност и за посета на сурферскиот град со многубројни ресторани и продавници, по економични цени. Убуд-е град познат по сликарството, уметнички ателјеа, галерии, изведби, музеи. Секако, секоја цена е неизбежна. Во Убуд имате можност да  го посетете Monky Forest, и сите други културни центри на Бали, оризовите тераси, застрашувачките вулкани, храмовите со над стотици скалила, во карпи, светите извори итн….

08 ден- 10.03.2020  

Појадок и одјавување од хотелот во Нуса Дуа .Трансфер до аеродорм во 16:00 ч. Пристигнување на аеродром во Демпасар 2 часа пред летот. Полетување за Доха во 19:00 ч. Полетување од Доха за Скопје во 07:15 ч. наредниот ден.

09 ден – 11. 03.2020:  Скопје

Пристигнување во Скопје во 10:55 часот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ е 480еур од лице во двокреветна соба

 

Опис на хотелот:

Hotel Santika 3 * Nusa Dua

Хотелот Сантика е лоциран во срцето на областа Нуса Дуа. Хотелот има многу добра местоположба, се наоѓа во непосредна близина на најубавите плажи во Бали, смирени тиркизни води и најубави резорти со 5 *. Оваа област е исто главна дестинација за бизнис и туристички патувања.

Состав: 153 соби, соби за пушење, лоби, интернет конекција, бизнис центар, ресторан, 5 соби за состаноци, не пушачки соби, собна послуга, базен, лифт.

http://www.santika.com/id/indonesia/nusa-dua/hotel-santika-siligita-nusa-dua-bali/facilities/#hotel-santika-siligita-nusa-dua-bali

 

Во цената е вклучено:

сo вклучен багаж до 30 кг и еден рачен багаж до 8 кг.

 Цената не вклучува:

Факултативни екскурзии:

Класична тура Бали (полудневна тура). Почнуваме со  Кралскиот  Храм  на Mengwi, познатиот Taman Ayun, кој се наоѓа во  прекрасна и бујна градина . Конечно, стигнуваме  до крајбрежјето на познатиот храм “Tanah Lot” каде се  восхитуваме на светот со спектакуларниот поглед на зајдисонсецето. Uluwatu храмот кој е чуван од многубројни мајмуни, каде продолжуваме пред зајдисонце на карпа со традиционалниот Кечак танц. Турата ја завршуваме со вечера на прекрасниот брег Jimbaran Bay, во морски ресторан во прекрасна атмосфера. (доплата за ручек). Со вклучени влезници за локалитетите.  Цена од лице изнесува : 45€

Убуд Тура: Се тргнува во претпладневните часови. Прво ги посетуваме прекрасните водопади во областа Tegallalang, продолжуваме кон Sebatu Holy Temple, каде може да се искапите во светата вода, успатно ќе поминеме да ги погледнете оризовите тераси, и завршуваме со “elephant temple” Goa Gajah, каде може да се напиете по едно чајче или познатото бали кафе опкружени со густата вегетација, и гостопримливоста на мештаните. Цена од лице изнесува : 45 еур.

Инфо за летот:

QR 306 W 02MAR 1 SKPDOH HK1          1155 1850

QR 960 W 03MAR 2 DOHDPS HK1          0820 2300

QR 963 W 10MAR 2 DPSDOH HK1       I  1900 2359

QR 305 W 11MAR 3 DOHSKP HK1          0715 1055

 

Услови:

Неопходни документи за влез во Индонезија:

Рокови за отказ на аранжманот  и пенали:

              

ОПШТИ И КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ:

Виза: За граѓаните на Република Македонија не е потребна виза за влез во Бали. Пасошот да биде со важност од најмалку 6 месеци од датумот на враќање.

Клима: Топло преку цела година со температура од 26 до 32 степени целзиусови, можни се кратки тропски дождови.

Валута: Индонезиска Рупија (IDR): 1usd = 13, 517.50 idr,  1 eur = 15,660.83 idr

Нуса Дуа: Најпознатото туристичко место во Бали, познато по големите и прекрасни ресорти од 5*. Се наоѓа на 22 км од Демпасар главниот град на Бали, административно е сместен под Јужна Кута. Нуса Дуа во превод значи “2 острова“. На јужниот дел се наоѓа Пенинсула островот, а на северната страна лежи Нуса Дарма островот.

newwaysoftravel Превземи целосна понуда