Пребарување

Внесете клучни зборови:

Есен 2019

БАЛТИЧКИ ЗЕМЈИ

БАЛТИЧКИ ЗЕМЈИ

Талин – Рига – Вилнус

Авион 7 дена / 6 ноќевања

Ден 1    05.10.2019                          Скопје – Истанбул -  Талин

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во  07:00часот. Лет за Истанбул во 09:20 часот со Turkish airlines. Слетување на аеродромот во Истанбул во 11:55 часот. Летот за Талин е во 14:35 часот (по локално време). Слетување на аеродромот во Талин во 17:50 часот. Трансфер до хотел. Слободна време. Ноќевање.

Ден 2      06.10.2019                          Талин

Појадок. Заминување на организиран разглед на град: посета на Toompea (Тумпеа – катедрала Хил), рид во централниот дел на Талин во форма на триаголник кој има површина од 7 хектари, денес е центар на владата на Естонија и парламентот. Тумпеа е дел од Светското наследство на УНЕСКО. Потоа посета на Старото јадро - некогашен пазар а денес пешачка зона на Талин каде се наоѓа катедралата Св.Никола, Руската црква Александар Невски и палатата Кадриорг – изградена за Руската кералица Катерина прва од Петар Велики по Големата северна војна. Слободно попладне. Ноќевање.

Ден 3    07.10.2019                           Талин – Хелсинки - Талин

 Појадок. Целодневен факултативен излет до Хелсинки со брод и автобус, одалечен од Талин 80км. Пристигнување во Хелскинки и разглед на прекрасната финска престолнина, која по големиот пораз од 1808 година е обновен во класичен стил: Плоштадот на Сенатот кој претставува архитектура на Карл Лудвиг Енгел како се сместени политичките, верските, научнитеи комерцијалните објеки на Хелсинки, Финска. Плоштадот на Сенатот и неговата околина го сочинуваат најстариот дел од централниот дел на Хелсинки. Тоа се: Протестантската катедрала, зградата на Универзитетот и Владата, Пазарот на пијалоци, руската Успенска црква, Парламентот, паркот Жан Сибелиус, концертната сала Финландиа, олимпискиот стадион, Лутеранската црква- подземна црква позната како црквата во камен, ремерк дела на финската архитектура. Слободно време. Враќање со брод за Талин. Трансфер до хотел. Ноќевање.

Ден 4     08.10.2019                         Талин - Рига

Појадок.  Трансфер со автобус од Талин до Рига – најголем Балтички град, престолнина и главно пристаниште на Летонија.  Пристигнување и разглед на град: Рига, главен град на Лeтонија, поставен на Балтичкото Море на устието на реката Даугава. Се смета за културен центар и е дом на многу музеи и концертни сали. Градот е познат по своите дрвени градби, модерна архитектура и средновековниот Стар град. Стариот град, пешачка зона, со многу продавници и ресторани и раздвиќениот плоштад Ливу, со барови и ноќни клубови. Разглед на Рига: за време на панорамскиот разглед ќе уживаме воградските паркови, Бастион Хил, Барутната кула, Летонскиот народен театар, Музејот за ликовни уметности, .... ќе го посетиме шармантниот кварт со убави уметнички куќи, споменикот на слободата, Летонскиот универзитет, Руска православна црква, Домот на опера, брегот на реката Даугава и мостовите кои го поврзуваат градот. Продолжуваме кон Стариот град, шетаме по калдрмести улици за да ги видиме најубавите стари градски споменици:  замокот Рига, катедралниот плоштад, катедралата Св. Јаков, црквата Св. Петра, Големата и мала еснафска сала, триото на историски градби, познати од локалните жители како Три браќа, стариот градски плоштад каде што се наоѓа познатиот симбол на Рига - Домот на црните глави. Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.  

 Ден 5     09.10.2019                          Рига – Баушка – Шјауљај - Вилнус        

Појадок. Патување за Вилнус, со попатна посета на Баушка, град кој се наоѓа на 66 километри од Рига и на 20 километри од литванската граница. Се посетува палатата Рундал изградена во средината на 18 век во барок и рококо стил како резиденција на војводата од Курдландија. Кратка прошетка низ паркот и палатата Рундал. Патувањето продолува до Шјауљај каде се наоѓа Ридот на Крстовите, кој е симбол на литванскиот народ и многумина го сметаат за свето место. Со текот на времето поставени се преку 100.000 крстови. Најмасовно поставување се случило после Сталин. Продолжување до Вилнус, престолнината на Литванија која лежи на реките Вилна и Нерис на 20км од белоруската граница. Пристигнување во Вилнус и сместување во хотел. Ноќевање.  

Ден 6     10.10.2019                          Вилнус – Тракај (Тракајски замок) - Вилнус

Појадок. Пешачки и автобуски разглед на историскиот центар на Вилнус кој е дел од светското културно наследство: Староградскиот плоштад со катедралата од 18 век, црквата Св.Ана, црквата Св.Петар и Павле, универзитетската кула, кралска палата.... Во попладневните часови факултативна посета со автобус на Тракаиски замок. Тракај е град во југоисточна Литванија, западно од главниот град Вилнус. Дел од историскиот национален парк Тракај, замокот Остров Тракај е тврдина од 14 век во средината на езерото Галве изграден за големиот војвода и основач на Вилнус - Гедиминас. Некогашен дом на големите војводи во Литванија, а денес е историски музеј Тракај, со археолошки предмети, монети и занаети. На јужниот брег на езерото се наоѓаат камени урнатини од Замокот на полуостровот Тракај. Тоа е единствениот историски национален парк во Европа. Враќање во хотел. Ноќевање.

Ден 7     11.10.2019                          Вилнус – Истанбул - Скопје

Појадок. Трансфер до аеродром. Летот за Истанбул е во 11:40часот. Пристигнување во Истанбул во 14:30часот. Полетување за Скопје во 19:30 часот (по локално време). Слетување на аеродромот во Скопје во 20:00 часот.

 

Цена на аранжманот: 679€   за резервации до  31.Август.2019

Редовна цена на аранжманот: 759€

Во цената на аранжманот е вклучено:

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

палатата Рундал и парковите: 15€ (пријавување во агенција при резервација)

Траkајскиот замок: 10€ (пријавување во агенција при резервација)

НАПОМЕНА:

За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А.

За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 особи. За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации

Цените се дадени во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро=62 денари

Организаторот на патувањето го задржува правото, да ја промени цената на аранжманот, доколку не се оствари минималниот број на патници

 Oрганизаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.

Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот да ја промени и цената на аранжманот. 
Организаторот го задржува правото да за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.

*** Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето ***