Пребарување

Внесете клучни зборови:

Есен 2019

БАРСЕЛОНА - АВИОН - ОКТОМВРИ 4 Дена / 3 ноќевања / Авион

БАРСЕЛОНА - АВИОН - ОКТОМВРИ
4 Дена / 3 ноќевања / Авион

 

11.10.2019                            СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА

Состанок на групата на аеродромот Александар Велики во 16:20 часот. Полетување за Барселона во 17:55 часот. Пристигнување во Барселона во 20:45 часот. Организиран трансфер до хотел. Сместување. Ноќевање.

12.10.2019           БАРСЕЛОНА

Организиран панорамски разглед на градотпоаѓање од хотел во 09.30 часот - булеварот Дијагонал - главната авенија која Барселона ја дели на два блока источен и западен, готската Катедрала Саграда Фамилија, плоштадот Каталонија - централниот плоштад, точката каде стариот град се сретнува со новиот, во продолжение се протега зелената авенија Рамбла, споменикот на Колумбо, Олимпиското пристаниште, ридот Мон Жуик, Олимпискиот стадион и спортската палата, стоп пред стадионот Камп Ноу, можност за фотографиранје и пазарање од Фан Шопот на ФК Барселона (без влез), плоштадот Шпанија, прекрасните Магични фонтани... Можност за факултативна посета на Аквариумот – еден од најголемите и најубавите аквариуми во Европа. Слободно време за шопинг во познатиот шопинг центар Maremagnum. Ноќевање.

13.10.2019            БАРСЕЛОНА (факултатива: Фигерас + Герона)

Појадок. Факултативна посета на Фигерас со Герона поаѓање од хотел во 09.30 часот  – препорачуваме целодневна посета на Фигерас каде се наоѓа музејот на Салвадор Дали, што е предизвик за сите љубители на уметноста и оние кои сакаат да видат нешто потполно оригинално. Место во кое е роден и цел свој живот творел Дали, и насекаде може да се забележи Далиевото влијание. Сите негови дела прикажани на посебен начин и на посебно место ја прикажуваат  неговата генијалност. Музејот во кој може да се види најголемата и најразновидната колекција, скулптури, 3Д колажи, како и приватно колекции на Дали од други уметници. Попатно на враќање посета на убавото, живописно градче Герона, кој се наоѓа на североисток на Шпанија непосредно до Француската граница. Прошетка низ историскиот центар на градот, неговата тврдина изградена како систем на одбрана во римскиот период, катедралата која се наоѓа во срцето на тврдината, колористичниот куќички на брегот на реката Onyar.... Ноќевање.

14.10.2019                            БАРСЕЛОНА   

Појадок. Факултативно, посета  на Шпанското село кое ја обединува и прикажува разноликоста на архитектурата на Шпанија. Прошетката продолжува кон паркот “Гуел” - ремек дело на познатиот шпански архитект Антони Гауди, препознатлив по својата уникатност, денес е дел од листата на светското културно наследство под заштита на UNESCO. Трансфер до аеродром, поаѓање околу 18.00 часот. полетување за Скопје во 21:25 часот. Пристигнување во Скопје во 00:10 часот по полноќ.

ЦЕНА ВО ПРЕДПРОДАЖБА ДО  20.08.2019       349ЕУР 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ         379ЕУР 

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Авионски превоз на релација Скопје-Барселона-Скопје

- Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20см)

- Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром во Барселона

- Сместување во xотел 3* во  Барселона на база 3 ноќевања со појадок

- Организиран разглед на Барселона според програмата со вклучен трансфер

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

ЗА РЕЗЕРВАЦИИ СО ПОНИСКА ЦЕНА ПОТРЕБНА Е УПЛАТА НА 30% ОД ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ!