Пребарување

Внесете клучни зборови:

ЕСЕНСКИ ПАТУВАЊА

БАРСЕЛОНА - 11 ОКТОМВРИ

БАРСЕЛОНА - 11 ОКТОМВРИ

11ти Октомври во БАРСЕЛОНА

со ДИРЕКТЕН ЛЕТ ОД СКОПЈЕ

09.10 - 13.2017

 1 ден: (09.10.2017 - понеделник) - СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА - Состанок на групата на скопскиот аеродром во 16:05 часот. Полетување за Барселонa во 18:05 ч. Пристигнување во Барселона во 21:00 часот. Трансфер до хотелот и сместување.Ноќевање.

2 ден: (10.10.2017 - вторник) -БАРСЕЛОНА (ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД, РАМБЛАС, АКВАРИУМ, МАРЕМАГНУМ) - Појадок. Панорамски разглед на Барселона: плоштадите Каталонија и Шпанија, магичната фонтана, авенијата Рамблас, Споменикот на Колумбо, Каса Мило, катедралата Саграда Фамилија (40 минутен разглед), Олимпиското пристаниште, ридот Монт Жуик (Montjuïc) со стадионот (5 минутен разглед) и Спортската Палата, Шпанското село, Готскиот кварт (50 минутен разглед). Прошетка низ познатата улица „Рамблас“, една од најдинамичните улици во Светот. По ова ќе имате можност за факултативна посета на Аквариумот http://www.aquariumbcn.com/en – еден од најголените и најубавите аквариуми во Европа. Потоа, слободно време за индивидуални активности и ќе имате можност  во шопинг центарот „Маремагнум“  за кафе пауза, ручек или  шопинг. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден: (11.10.2017 - среда) - - БАРСЕЛОНА (ПАРК ГУЕЛ–ТИБИДАБО–ШПАНСКО СЕЛО; НОУ КАМП) БАРСЕЛОНА – (ФЛАМЕНКО) - Појадок. Ви нудиме факултативен излет (5 часа) за да поминете прекрасен ден низ парковите на Барселона. Првo одиме во посета на паркот Гуел, кој е едно од најголемите ремек дела на Антони Гауди и знаменитост на Барселона. Продолжуваме потоа кон Тибидабо, највисоката точка во Барселона на 512 метри надморска височина, од каде може да ја видите Барселона на дланка, а тука се наоѓа и црквата од неоготски стил „Саграт кор“.  Потоа се упатуваме кон Шпанското село и го посетуваме овој музеј на отворено. Настанато во 30-тите години на XX  век, како изложба, која требало да ги обедини и прикаже основните карактеристики и разноликоста на селата во Шпанија. Факултативен полудневен излет до еден од најпознатите стадиони во светот – „Ноу Камп“ на кој игра фудбалскиот клуб „Барселона“. Ќе имате можност да го видете музејот на клубот со многубројните трофеи. Враќање во хотел со метро. Организирана факултативна Фламенко вечер во ресторан, каде ќе имате можност да уживате во прекрасното Фламенко шоуто, можност за вечера на принцип шведска маса (доплата), со голем избор на храна и пијалоци (оние кои што доаѓаат на Фламенко со вечера, почетокот е во 20.00, а додека оние кои се за Фламенко со пијалок, почетокот е во 20.30 часот). Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

4 ден: (12.10.2017 -четврток) -  БАРСЕЛОНА  -  ФИГЕРАС – ГИРОНА – БАРСЕЛОНАПојадок.  Целодневен  факултативен излет за Гирона и Фигерас. Првин поаѓаме за Гирона, кој се наоѓа во близина на Франција. Посебен шарм на градот му даваат зидините од римскиот период, а од кулите, кои се претворени во видиковец имате прекрасен поглед на градот и околината. Потоа, имаме разглед на градот, на најстариот еврејски кварт во Европа и готската катедрала. Слободно време. Патувањето го продолжуваме кон Фигерас и посета на музејот на Салвадор Дали, кој е е сместен во неговата семејна палата, а изложбата е компилација од уметничките дела на Дали од разни периоди на неговото творештво. Враќање кон Барселона. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

 

5 ден: (13.10.2017 - петок) - БАРСЕЛОНА – СКОПЈЕ - Појадок. Одјавување од хотел. Слободно време за индивидуални активности. Трансфер до аеродормот во Барселона е во 19:00 часот. Чекирање и пасошки и царински формалности. Летот за Скопје е во 21:15  часот. Пристигнување на скопскиот аеродром во 23:55 часот.

 

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ  440 € / 25.420,00 ден.

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

·         Организиран панорамски разглед на Барселона со водич и  трансфер

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ: