Пребарување

Внесете клучни зборови:

НОВА ГОДИНА

БРИСЕЛ (Божичен Пазар)

БРИСЕЛ (Божичен Пазар)

БРИСЕЛ

 

16.12.2017- 19.12.2017

 

16ти. Декември (Сабота) СКОПЈЕ – БРИСЕЛ

 Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04.30 часот. Авионот за Брисел полетува во 06.20 и слетува во 09.10 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотелот и сместување. Разглед на административниот центар на Европската Унија каде се наоѓаат Европскиот Парламент, Советот на Европската Унија, Кралската палата, Катедралата, Атомиумот - неверојатното архитектонско дело изградено за светската изложба Expo, фонтаната Манекен Пис... Вечерна прошетка низ центарот на градот до “Големиот плоштад” со готска архитектура, еден од најубавите и најпространите плоштади во Европа, каде воедно и секоја година е поставен Божиќниот пазар. Ноќевање.

17ти. Декември (Недела) АНТВЕРПЕН – БРИЖ

  Појадок. Целодневен факултативен излет до Антверпен и Бриж.          Антверпен се наоѓа во регионот Фландрија, во покраината Антверпен, сместен во северозападниот дел на Белгија, на брегот на реката Шелда. Еден од најголемите пристанишни центри во Европа и стопански центар на Белгија, своето име го добил по џинот Антигон кој живеел на брегот на реката Шелда. Разглед на градот: најголемата готска Kатедрала во Европа “Onze lievevrouwekathedral” украсена со ремек делата на Рубенс, Музејот за дијаманти, Grote Markt – старата чаршија во центарот на градот, музејот Платим - Моретус под заштита на УНЕСКO кој ја прикажува историјата на новите технологии и напредокот на модерниот човек, куќата - музеј на Петер Пол Рубенс, легендарниот сликар од барокната ера, музејот Руиен кој посетителите ги води во подземните канали на градот каде може да се види наследството на градот, зоолшката градина како една од најстарите во светот...Патувањето продолжува кон Бриж, кој го сметаат за еден од најубавите мали градови во Европа. Град кој го нарекуваат "Венеција на северот", вистински скапоцен камен на овој дел од Европа, опкружен со живописни канали. Со неговата целосно зачувана готска архитектура, Бриж е под заштита на УНЕСКO. Разглед на градот: Главниот плоштад, Градското собрание, Црквата Пресвета Богородица... Слободно време за крстарење по каналите или дегустирање на познатите белгиски пива. Враќање во Брисел во вечерните часови. Ноќевање.

18ти. Декември (Понеделник) БРИСЕЛ – ЛУКСЕМБУРГ                                        Појадок. Препорачуваме посета на паркот Мини Европа, сместен во подножјето на Атомиумот, единствениот парк во кој може да се “обиколи” Европа во неколку часа. Можност за уживање во прошетката низ паркот со репродукции на најатрактивните европски знаменитости, околу 80 градови и 350 објекти. Факултативен излет до Луксембург. Големото Војводство Луксембург e земја богата со културни споменици и сликовити пејсажи, познато по старите дворци и палати, карпестата уметност (северниот дел Луксембург е богат со пештери исцртани со цртежи од праисторијата), подземни канали кои во Првата и Втората светска војна служеле како засолниште за десетици илјади граѓани. Денес дел од тие канали се подземни галерии и туристички атракции. Прошетка и запознавање на градот: старото градско јадро сместено на стрмен дел од градот, плоштадот Армс, градското Собрание, Војводската Палата, споменикот на кнегињата Шарлот, Катедралата... Враќање во Брисел во вечерните часови. Ноќевање.

19ти. Декември (Вторник) БРИСЕЛ                                                                      Појадок. Организиран трансфер до аеродромот. Авионот за Скопје полетува во 09.30, пристигнување во Скопје во 12.20 часот на аеродромот Александар Велики.

                                     ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 399 евра

 

(24.740 денари)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Авионски превоз на релација Скопје–Брисел-Скопје со голема кабинска торба

- Организиран трансфер Аеродром–Хотел-Аеродром

- Сместување во Хотел 3* во центарот на Брисел на база 3 ноќевања со појадок

- Организиран разглед и прошетки во Брисел според програмата

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Аеродромски такси 3.200 денари

- Екскурзија Антверпен и Бриж 75 евра

- Екскурзија Луксембург 75 евра

- Туристичка такса (3 евра на ден) се плаќа во агенција

- Влезници во локалитетите, карти за локален превоз

- Патничко–здравствено осигурување 250 денари

Напомени:

- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници.

- За факултативните излети потребно е да се изјасните во агенција при уплата на аранжманот, ако би се направиле навремени резервации и потврди. За реализација на факултативните потребен е минимум од 10 патници. Излети се уплатуваат првиот ден од патувањето како би можеле истите технички да се реализираат.

Начини на плаќање:

- Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање. При обајавена цена за предпродажба, потребно е да се направи комплетна уплата.

- Патничко и здравствено осигурување: потребно е да се обезбеди патничко-здравствено осигурување. Тоа можат да го направат во нашата агенција или во било која осигурителна компанија. Препорачуваме да се внимава на условите во полисите, односно истите да ги покриваат сите трошоци (без франшиза) и при патување со авион да направат долата за доцнење на багаж.

Општи напомени за патување:

- Т.А.Њу Вејс оф Травел го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.

- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.