Пребарување

Внесете клучни зборови:

ИНФО COVID-19

Важно известување

Важно известување
Почитувани патници,
 
Ве информираме дека Владата го усвои Записникот од Деветтиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, одржан на 24 март 2020 година.
 
Владата усвои Уредба со законска сила за примената на Законот за туристичката дејност за време на вонредна состојба. Уредба со која туристичките агенции ќе издаваат ваучери во вредност на сумата уплатена за аранжманот кој бил откажан како резултат на кризата со Коронавирусот. Со оваа мерка на туристичките агенции ќе им се овозможи да издаваат ваучери на клиентите во износ на уплатената сума којшто може да се искористи за било кое следно патување заклучно со 31.12.2021 година.
 
На тој начин клиентите кои поради настанатата ситуација со кризата од Корона вирусот ги откажале своите аранжмани нема да ги изгубат уплатените средства на износот што го уплатиле, а во исто време туристичките агенции би можеле да го издржат финансискиот товар кој би се распределил на подолг временски период.  Издавањето на Ваучерите ќе биде унифицирано за сите агенции и ќе се реализира со согласност од двете страни, односно Туристичката Агенција и патниците.
 
Туристичките Агенции кои ќе престанат да ја вршат дејноста ќе имаат обврска средствата во целост да им ги вратат на клиентите. Туристичките Агенции кои нема да ги почитуваат условите за издавање на Ваучери, ќе добијат соодветни казни согласно Законот за туристичка дејност и Законот за прекршоци.
 
За издадени авио билети за патувања кои се однесуваат во период на појава на Ковид-19, агенцијата ќе постапува согласно правилата и условите на авио компаниите.
За аранжмани уплатени за период на патување пред официјално прогласување на пандемија од страна на СЗО, агенцијата ќе постапува согласно условите и рестрикциите на нашите партнери и он лајн резервациски системи. Секако дека би сториле се во наша моќ да Ве обештетиме доколку и нас ни бидат рефундирани средствата или дадени на користење. 
Поради комплексноста и специфичноста од резервација до резервација, ве замолуваме да не контактирате на маил како би одговориле конкретно на секое ваше барање.
 
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ!
 
Ве известуваме дека следејќи ги мерките и препораките на Владата во врска со спречувањето на ширењето на вирусот COVID-19, New Ways of Тravel нема да работи за времетраењето на воведените мерки и препораки.
Своето постапување ќе го усогласуваме согласно идните мерки и препораки на владата, за што ќе бидете навремено известени.
Воедно ги известуваме сите клиенти дека можат да ја продолжат комуникацијата со New Ways of Travel преку email: info@newwaysoftravel.com.mk; renata@newwaysoftravel.com.mk; booking@newwaysoftravel.com.mk; ticket@newwaysopftravel.com.mk; saska@newwaysoftravel.com.mk; sales@newwaysoftravel.com.mk
контакт броеви: 070226676, 070226674,  072306861, 070226676, 070339554, 075251494, 071375556
 
Ве потсетуваме дека сите наши понуди и цени можете да ги најдете на нашата веб страна и социјалните мрежи.
#останидома#чувајгоздравјето#бидибезбеден