Пребарување

Внесете клучни зборови:

Лето 2020

Вила Порто Фино – Никиана, Лефкада

Вила Порто Фино – Никиана, Лефкада

Вила Порто Фино, Никиана, Лефкада Лефкада е остров на Јонскиот Архипелаг, кој се наоѓа јужно од Крф и североисточно од Кефалонија, а со континенталниот дел на Грција е поврзана со подвижен мост. Лефкада со причина ја нарекуваат островот на бојата: белата боја на карпите, школките и песокта по кои го добила и името; сината боја.

Вила Порто Фино, Никиана, Лефкада

Лефкада е остров на Јонскиот Архипелаг, кој се наоѓа јужно од Крф и североисточно од Кефалонија, а со континенталниот дел на Грција е поврзана со подвижен мост. Лефкада со причина ја нарекуваат островот на бојата: белата боја на карпите, школките и песокта по кои го добила и името; сината боја на морето која може да се спореди со морињата во некои далечни егзотични дестинации; зеленилото на боровите,чемпресите,шаренилото на цвеќињата,маслиновите дрвја…Големиот број на таверни, барови, ресторани ќе го направат Вашиот одмор уште попријатен. Најпознатите и најубави плажи на островот Порто Кацики, Егремни, Милос, Катисма…со својата убавина никој нема да го остави рамнодушен.

Зошто ја одбравме за Вас Вила Порто Фино во местенцето Никиана на Лефкада?!
– одличен квалитет со 4 креветни студија идеални за фамилии
– приватна плажа во непосредна близина на само 20м без гужви и галама
– иделана позиција на островот со еднаква оддалеченост од Нидри и главниот град Лефкас
– прекрасен простран двор за одмор и забава покрај зидана скара која е на располагање на гоститеНикиана е мало рибарско место кое се наоѓа измеѓу главниот град Лефкас и Нидри. Ова место има идеална местоположба за сите оние кои сакаат да го истражуваат прекрасниот остров, исто така близината на главниот град дава можност за шопинг и ноќни забави. Поради прекрасната околина богата со вегетација и преполна со маслинови дрва Никиана стана една од омилените дестинации на Лефкада за сите оние кои сакаат релаксација и ослободување од стрес. Во Никиана има три различни поголеми песочни плажи и неколку мали романтични плаж на кои можете да уживате под природни сенки, исто така местото има автобуска постојка која Ви дава можност да ги посетите преубавите плажи и градови на Лефкада со автобус. Во Никиана можете да уживате во таверни кои служат прекрасна морска храна, кафе барови и супермаркети распоредени на главната улица и покрај плажата.

 

Вила Порто Фино Ц кат. – Никиана, сe наоѓа на главниот пат одалечена само 30 тина метри од најблиската песочна плажа. Во близина на вилата има пекара, супермаркет и неколку таверни. Вилата располага со осум убаво опремени студија за 4 лица кои имаат 1 брачен кревет и 2 кревети на спрат. Сите студија се опремени со кујна, клима, телевизор и тераса со страничен поглед кон море, исто така вилата има и голем двор со тревна површина каде има скара и фурна кои гостите можат да ги користат.

Вила Порто Фино 2019      
Вила Порто Фино Б кат Никиана Maj Јуни Јули Август Септември
22 29 05 12 19 26 03 10 17 24 31 07 14 21 28 04 11 18 /
Број на ноќевања 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7  
1/3 студио ( 3 лица) 49 59 89 129 199 249 289 329 359 359 359 359 329 299 249 179 89 49 /
1/4 студио (4 лица) 59 69 99 149 219 269 309 349 379 379 379 379 349 319 269 189 99 59 /
  / / / / / / / / / / / / /   / / / / /
Цените се дадени за наем на студио на 7 ноќи во Еур за уплата исклучиво во МКД по курс 62 ден/Еур.
Дозволено е сместување према капацитетот на студио(број на кревети), освен 1 дете до 7 години во кревет со родител.
Доплата за автобуски превоз 45 Еур возрасни – Скопје, Велес, Прилеп и Кавадарци. Доплата за автобуски превоз 40 Еур возрасни – Битола.
Деца од 2 до 11,99 год: Попуст 15 Евра од редовната цена – Лица по возрасни од 63 год: Попуст 10 Евра од редовната цена
Климата е со доплата 4 Еур/ден. За уплата на 2 и повеќе термини одобруваме 7% попуст.
Термните кои се обележани со црвено се промотивни и не подлежат на попуст.
Важат Општите услови за патување на СКТМ.

Повратен билет до Лефкада чини:

Скопје – 45€ по лице
Штип – 45€ по лице
Велес- 45€ по лице

Битола – 40€ по лице
Прилеп – 45€ по лице
Струга  – 45€ по лице
Кичево  – 45€ по лице
Охрид – 45€ по лице
Ресен -45€ по лице
Деца до 1,99 години бесплатно

 

Време на поаѓање кон Грција:

01:00 h Скопје (Дрводекор)
01:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)
12:45 h Штип (паркинг пред пошта)
02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново)
03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лукоил)
04:00 h Битола (Главна автобуска станица)
03.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола
02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
02.15 h Струга (Хотел Дрим) – Трансвер до Битола
02:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол)

 

Време на заминување од Грција:

(времињата се по МК време)

Бус Лефкада

Агиос Никитас 12.30 часот
Нидри 13.00 часот
Никиана 13.30 часот
Канали 14.15 часот

Бус Парга-Врахос

Врахос 13.00 часот
Амудиа 13.15 часот
Парга 13.45 часот