Пребарување

Внесете клучни зборови:

ЕСЕНСКИ ПАТУВАЊА

Градот на светлината во есен

Градот на светлината во есен

  

      

Париз, “градот на светлината” со право го носи овој епитет. Со својата единствена архитектура, големите плоштади и старите знаменитости претставува еден од најкомплетните градови на Светот. Градот на модата, француските револуции, богат со историја и култура. На секое споменување на неговото име, никој не останува рамнодушен. Просто е невозможно да не се заљубите во овој град, каде преовладува стилот, каде рестораните и ноќниот живот ветуваат уживање. Во лето, прошетајте покрај Сена, почестете се со кафе во некоја од кафетериите по должина на обалата или едноставно прошетајте низ бројните паркови. Во есен, брзата прошетка од Ајфеловата Кула преку Марсовите полиња до Елисејските полиња, претставува вистинско задоволство. Во зимските ноќи пак, загрејте се лизгајќи се по замрзнатото лизгалиште под ведро небо. Во пролет, почувствувајте ја магијата на воздухот со посета на Версајските градини, кои ќе Ве опијат со своите мириси.

ПАРИЗ во октомври 2017

13.10.-16.10.2013

Предлог програма:

1 ден. Состанок на групата на аеродромот “Александар Велики“ Скопје во 15:30.  Полетување од Скопје во 17:30ч. Пристигнување во Париз во 20:25ч. Трансфер и сместување во хотел. Предлагаме прошетка по плоштадот Конкорд, плоштадот Вандом, посета на Операта, музејот Лувр, црквата Нотр Дам, Елисејските полиња, Домот на Инвалидите, Ајфеловата Кула, крстарете по реката Сена… Во вечерните часови уживајте во Латинскиот кварт. Ноќевање.


2 ден Појадок. Препорачуваме : посета на најбогатиот музеј во светот – Лувр. Прошетката може да продолжи по Авенијата „Champs Elysees”, Триумфалната Капија, плоштадот Конкорд, Центарот Помпиду, Богородичната црква – Катедралата Нотр Дам. Вечерта е идеална за прошетка низ уметничкиот кварт Монмартр со посета на базиликата „Sacre Coeur“, а крајот на вечерта издвојте го за Mулен Руж. Ноќевање.


3 ден Појадок. Пред заминување препорачуваме посета на Версај, последната резиденција на француските кралеви и еден од најзначајните дворци во светот. Слободно попладне. Ноќевање.


4 ден . Појадок. Трансфер до аеродром. Препорачуваме два и пол часа пред лет да бидете на аеродром.

Цена: 350 € / 21.700,00 денари  во трокреветна соба или 380 / 23.560,00 денари  во двокреветна соба.

 

Во цената на пакетот е вклучено:


– Авионски превоз на релација: Скопје-Париз-Скопје
– Хотелско сместување во хотел Ibis Paris La Defense ***, на база 3 ноќевања со појадок

* Цената важи за ограничен број на лица.

Во цената на пакетот не е вклучено:

Аеродромски такси / 40 € – 2.480 денари
 

Напомени:
– Цената на аранжманот зависи од моментално расположливите места на Авио компанијата и хотелите
– За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА Њу Вејс оф Травел

                                                                                                                                

  

                                                                                                                               

  

newwaysoftravel Превземи целосна понуда