Пребарување

Внесете клучни зборови:

Крстарења

ГРУПНО КРСТАРЕЊЕ ПО МЕДИТЕРАН СО МСЦ ФАНТАЗИЈА (02 Октомври 2020)

ГРУПНО КРСТАРЕЊЕ ПО МЕДИТЕРАН СО МСЦ ФАНТАЗИЈА (02 Октомври 2020)

Крстарење по Медитеран (MSC Fantasia)

MSC Fantasia е италијански брод направен за MSC Cruise. Спаѓа под класата на бродови “Fantasia”. MSC Fantasia започнала со пловидба во декември 2008ма година, а истиот месец на 17ти била крстена од Софија Лорен.

Во јадрото на овој брод ќе најдете вистиски камен пазар со бар кој служи оригинално италијанско еспресо заедно со свежо испечени пецива, како и ителијански gelati сладолед. На неа исто така ќе пронајдете различни барови, како спортски бар, пијано бар, џез бар како и други места каде можете да проследувате спортски случувања и други модерни настани. Уште, може да пронајдете и различни спортски игралишта, за тенис, кошарка, мини голф, трака за трчање и теретана, како и прекрасен забавен воден парк и Формула 1 симулатор.

Една од најспектакуларните работи кои ги нуди MSC Fantasia е вчудоневидувачкиот Клуб на Јахти, уникатен брод во брод кој има свој рецепционери, 24 часа бармени, приватно лоби и своја палуба во стил на оаза. Освен тоа на бродот можете да пробате и пиете најразлични прекрасни коктели од кои некои се служат само на него.

Ден 2 – Џенова

Пристигнување во Џенова во претпладневните часови. Чекирање на бродот. Слободно време за разгледување на Џенова со нашиот водич. Испловување на бродот во 18.00 часот. Џенова е еден од најголемите Европски градови на Медитеранот и најголемо пристаниште во Италија. Ја нарекуваат “Горделива” заради нејзиното величествено минато.

Image result for genoa

Ден 3 – Чивитавекија/Рим

Римската историја датира од пред 2500 години. Додека Римската митологија го сместува основањето на градот во 753 година пред новата ера, местото било населено од многу поодамна што го прави градот најстар град со континуирано живеење во Европа. Почнувајќи со Ренесансата скоро сите Папи почнувајќи од Николас Петти константно се залагале во текот на 400 години преку архитектонска и урбанистичка програма, да го направат градот светски уметнички и културен центар.

Image result for rome

Благодарејќи на тоа Рим станал еден од најголемите центри на Италијанската Ренесанса и родно место на Барокот и Неокласицизмот. Познати уметници, сликари, скулптори и архитекти го направиле Рим центар на своите активности, создавајќи ремек дела насекаде во градот. Спомениците и музеите како што се Ватиканските Музеи и Колосеумот се вбројуват помеѓу најпосетените туристички дестинација кои ги посетуваат милиони туристи годишно.

Image result for palermo

Ден 4 – Палермо

Палермо е град на Јужна италија и главен град на автономниот регион Сицилија. Градот е значаен по својата историја, култура, архитектура и гастрономија. Неговото постоење датира од пред 2700 години. Градот е основан во 734та година пред новата ера од страна на Феникијците, потоа га запоседнале Картагените пред да стане дел од Римската република па Римското Царство па Византиското царство низ повеќе од илјада години.

Image result for kaljari

Ден 5 – Каљари

Каљари е главен град на автономниот регион – остров Сардинија. Сардиниското име на Каљари е Casteddu што во превод значи замок. Историските знаменитости ги вклучуваат и Domus de Janas, голема Некропола од Картагенската ера, Амфитеатар од Римската ера, Византиска базилика и силен систем на тврдини кои градот го направиле база средиште на Шпанската Хабзбургшка моќ во западниот дел на Медитеранот.

Седиште е на Универзитетот на Каљари основан 1607 година како и на Римската Католичка Надбискупија на Сардинија уште од 5от век на нашата ера. Од 1870 година па натаму градот доживува брз пораст. Многу згради се изгадени кон крајот на 19от век. Многу објекти се во комбинација на влијанието на Арт Нуво и традиционалниот сардиниски вкус за цветна декорација, пример е Градската Куќа од бел мермер во близина на пристаништето.

Image result for palma de mallorca

Ден 6 – Палма де Мајорка

Мајорка е главен и најголем град на автономната заедница на Балеарските острови во Шпанија. Сместена е на јужниот брег на Мајорка во заливот Палма. Поволната географска положба на градот и овозможила екстензивни трговски односи со Каталонија, Валенсија, Прованса, северно афричките градови, Италијанските републики ипровинциите кои биле под власт на Отоманското царство.

Палма е основана како Римски камп. По падот на западното Римско Царство градот бил под Византиска контрола многу кратко по што во 902 година бил освоен од Маврите Од поновата историја, Палма доживува процват како туристичка дестинација од 1950та година. Еден куриозитет, островот Палма е родно место на познатиот светски тенисер Рафаел Надал.

Image result for valencia

Ден 7 – Валенсија

Валенсија е главен град на автономната заедница Валенсија. Валенсија е основана како Римска колонија од страна на конзулот Децимус Јуниус Брутус Калаикус во 138 година пред новата ера и го нарекувале Валентиа Едетанорум. Од средината на 1990те години поранешниот индустриски центар Валенсија почна вртоглав развој кој ги прошири нејзините културни и туристички можности и ја претвори во нов пулсирачки град.

Ден 8 – Марсеј

Марсеј е главен град на регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег во Франција. Нарекуван од старите Грци и Римјани Масалиа, Марсеј бил најзначаен трговски центар во регионот и главно пристаниште на Француското Царство. Денес Марсеј е најголем француски град на Медитеранот и најголемо комерцијално, товарно и крузерско пристаниште.

Беше домаќин на Европското фудбалско првенство во 2016 година и ќе биде Европски Центар на Спортот во 2017 година. Градот е седиште на неколку кампуси на Универзитетот Aix-Marseille.Во античко време, основан од Хелени, Масалиа станала едно од најважните трговски центри во светот. Градот бил дом на познатиот грчки математичар, навигатор и астроном Питеас.

Image result for genoa

Ден 9 – Џенова

Пристигнување во Џенова во 08:00. Искрцување од бродот. Поаѓање за Скопје. Попатно застанување во Новента ди Пјаве, еден од најголемите дизјнерски аутлети. Продолжување на патот кон Скопје со попатни паузи.

Ден 10 – Скопје

Пристигнување во Скопје во попладневните часови на 11.10.2020

MSC FANTASIA

ВНАТРЕШНОСТ НА БРОДОТ

 

ЦЕНАТА НА ПАТУВАЊЕТО Е ВО ЕВРА ПО ЛИЦЕ ВО ДВОКРЕВЕТНА СОБА

(уплатата е во денарска противвредност по курс 62.00)

Цената вклучува:

  • Повратен автобуски превоз на релација Скопје Џенова Скопје (удобен високоподен автобус со клима, ТВ + видео)
  • Крстарење според програмата
  • Сместување во избраната категорија на кабина
  • На бродот проширен полн пансион ( појадок, ручек, вечера, ужина ), сите забавни програми и анимации, претстави во театар, влез во казино и дискотека, спортски активности, употреба на фитнес, сауни, базени и џакузи, лежалки
  • Италијанска вечер каде имате можност да се запознаете со капетанот на бродот
  • Лиценциран водич во текот на целото патување


Цената не вклучува:

  • Лична потрошувачка (алкохолни и безалкохолни пијалоци на бродот), перална, здравствени и козметички третмани, фризерски салон, телефонски повици
  • Напојници на бродот, еур 10 дневно
  • Патничко – здравствено осигурување
  • Факултативен разглед на Рим 50 еур
  • Факултативен разглед на Валенсија 50 еур
  • Шатл бус за превоз од пристаниште до центар на град во Марсеј, Палма де Мајорка.
  • Ова патување е во организација на туристичка агенција Ел Мундо.

Важни напомени за крстарењето:

  • За ова патување потребен е важечки биометриски пасош
  • 50% од аранжманот по прифаќање на понудата. Остатокот 30 дена пред почеток на патувањето. Уплата се врши исклучиво во денари по курс 62 мкд.
  • За ова патување важат општите услови на патување на СКТМ
  • https://youtu.be/7z_YpuFZxfc