Пребарување

Внесете клучни зборови:

НОВА ГОДИНА

ДОХА

ДОХА

 

Д О Х А

29 Декември – 03 Јануари

 

29 Декеври - СКОПЈЕ - ДОХА
Состанок на групата на аеродромот Александар Велики - Скопје. Директен лет за Доха со Катар Ервејс во 11:40 часот. Пристигнување во Доха во 18:40 часот. Трансфер до одбраниот хотел. Сместување во Хотел. Ноќевање.

 

30 Декември -  Доха
Појадок. Поаѓање на панорамски разглед на Доха со автобус, каде што ќе можете да го откриете шармот на градот, ќе ги посетите повеќето турситички атракции и ќе уживате во прекрасниот спој на традиционалното и модерното.... Панорамско возење покрај Corniche promenade, West Bay district, Museum of Islamic Art (Музеј на исламската уметност - овој музеј е сосема нов. Oтворен за јавноста во декември 2008 година и веднаш станал најголем музеј во Катар. Музејот има една од најкомплетните колекции на исламските артефакти во светот. Можете да ги видите збирките од керамика, накит, стакло, слонова коска и многу повеќе. Зградата на музејот е дизајнирана од страна на познатиот архитект И.М.Пеи, кој инсистирал на тоа да се изгради на мал остров во пристаништето во Доха. Souq Waqif & Falcon Chops, The Pear – Qatar, Porto Arabia Boardwalk & Marina….. Слободно време за индивидуални активности... Ноќевање.

 

31 Декември - Доха
Појадок. Слободно време за индивидуални активности или факулатативно полудневно пустинско сафари...Не можете да го посетите Катар без да ја почуствувате убавината на пустината на еден поинаков начин, кој го одзема Вашиот здив... Патувањето низ пустината искусните возачи ќе Ви го направат незаборавно, уживајќи и возејќи се низ високите дини... Попатни застанувања за фотографирање и уживање во мирното и тивкото Inland Sea…. Враќање во хотел... Дочек на Нова Година. Ноќевање.

 

1 Јануари – Доха                                                                                Појадок. Слободен празничен ден за индивидуални активности или факултативна посета на посета на Вештачкото остров „Палм Три“во заливот Доха. Изобилство со морска храна, а плажата е полна со егзотични школки кои не можат да се најдат на која било друга плажа во земјата. Во текот на вечерните часови, можете да уживате во прекрасниот поглед на Корниш. Ноќевање.

 

2 Јануари – ДОХА СКОПЈЕ                                                                  Појадок. Можност за факултативна посета на плажата Плажа Хор Ал Удаид - прекрасни песочни дини, кои на одделни места достигнуваат до 40 метри. Оваа плажа со прекрасен песок е околу 80 км од центарот Доха и претставува вистинско место за опуштање. На пат кон Хор Ал Удаид ќе го посетиме и Al-Jassasiya - Ова е едно од најинтересните места во Катар, каде што посетителите можат да уживаат во многу слики врежани во карпата. Нивната сложеност варира од едноставни геометриски форми до сложени "слики" на животни. Има многу мислења за староста на овие модели. Во XV век постоело населено место, но многу експерти веруваат дека гробовите се многу постари. Попладне враќање во Доха. Ноќевање.

 

3 Јануари – ДОХА СКОПЈЕ                                                                  Појадок. Трансфер до аеродром. Директен лет за Скопје во 07:00 часот. Пристигнување во Скопје во 13:40 часот.

 

ЦЕНА  ОД 599 ЕУР  (Hotel Dynasty )

 

Избор на хотели:

- Double tree by Hilton Doha   715 eur

- Century Hotel Doha  699 eur

- Grand Regal Hotel   715 eur

-  Retaj Royale Doha  777 eur 

-  Souq Waqif Boutique Hotels by Tivoli - Al Jomrok (Superior room) 999 eur  

Во цената на аранжманот е вклучено:

Во цената на аранжманот не е вклучено:

Забелешки:

ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА АРАНЖМАНОТ ПОТРЕБЕН Е МИНИМУМ ОД 20 ПАТНИЦИ

Плаќањето ќе се врши исклучително во денари по курс од 62 мкд за 1€

Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.

Доколку не се оствари минималниот број на патници, Организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.

Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.

 

 

 

newwaysoftravel Превземи целосна понуда    newwaysoftravel Превземи целосна понуда