Пребарување

Внесете клучни зборови:

ПРОМОТИВНИ ПОНУДИ

Егзотична хит понуда

Егзотична хит понуда

Малдиви. Во кристално чистите води на Индискиот Океан лежи низа од бисери наречени Малдивски Острови. Малдивите се наоѓаат јужно од Индија и западно од Шри Ланка. Само околу 200 Малдивски Острови се населени, а 88 од нив се посебни ексклузивни летувалишта. Малдиви немаат долга историја во туризмот, но за само 30 години стигна на врвот на листата луксузни летувалишта. Луѓето на Малдиви се многу мирољубиви и гостопримливи. Оваа мала нација брои околу 300.000 луѓе, а 70.000 живеат во главниот град Мале кој е мешавина на традиционална и модерна култура: старите генерации се држат до својот начин на живот, а младите се прилагодуваат на западните трендови. Мале е мал и густо населен остров, долг 2 километри и широк 1 km. Односот кон жените е полиберален отколку во повеќето муслимански земји. Интересно е дека стапката на развод на Малдивите е една од највисоките во светот околу 80%. Не се чудете ако запознаете 25 – годишник кој е женет веќе неколку пати. Оваа група од околу 1190 корални острови е исто така омилена дестинација на нуркачите поради неверојатните гребени, богатства на морскиот свет и подводни убавини. Видливоста досегнува и до 50 метри. Малдивите се исто така и омилена дестинација за брачно патување, но ако сонувате за места со целовечерна забава, како Ибица, тогаш заобиколете ги. Иако климата е секогаш гостопримлива, најдобро време за посета е од Декември до Мај кога е и најголемата гужва.

КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ

newwaysoftravel Превземи целосна понуда