Пребарување

Внесете клучни зборови:

НОВА ГОДИНА

ИЗРАЕЛ (29.12.2017- 02.01.2018)

ИЗРАЕЛ (29.12.2017- 02.01.2018)

 

1 ДЕН , 29.12.2017 СОЛУН-ТЕЛ АВИВ – Состанок на групата на аеродромот во Солун во 17.40 часот ( локално време) . Полетување кон Тел Авив во 19.40 со конекција преку Атина .

2 ДЕН , 30.12.2017 ТЕЛ АВИВ-ВИТЛЕЕМ  -  По пристигнувањето на Бен Гурион аеродром во 00.50 часот , трансфер до хотелот во Витлеем . Сместување во Jacir Palace 5* , ладна вечера и ноќевање.
По појадокот групата се упатува кон  Јудејската Пустина - Вади Келт , посета на
Манастирот на Св. Георги Хозевит кој е отворен до 13 часот, Гората на искушението со жичара,Посета на Јерихо – обиколка на манастирот на Св.Герасим и местото на покрстување на реката Јордан ( Богојавление) .
По ова патувањето продолжува до една од плажите на Мртвото Море, лековита бања во минералната кал на Мртво море (ако денот е сончев , можно е капење на крајот од Декември). Враќање во хотел во Витлеем.
Вечера и ноќевање.

3 ДЕН , 31.12.2017 ВИТЛЕЕМ – По појадокот е планирана посета на Црквата на раѓањето во Витлеем .
Потоа патот води до влезот на Стариот град - Ерусалим  . Бања Витезда , куќата на Пресвета Богородица , патот на Страдањето ( Виа Долороса) , Темнината , капијата на ,,иглените уши и судната врата,, во заложба на Романови и капелата на свештеномаченото семејство Романови и црквата Свет Александар Невски,Храмот на Воскресението...
Заминување кон Еврејската четврт , Кардо – главната улица на Римскиот и Византијскиот Ерусалим со археолошки оставини кои го откриваат илјадници години богатото минато на овој неверојатен град. Плоштадот Хурва и новоизградената Синагога , Зидот на Плачот како најсвето место за евреите  . Во доцните попладневни часови се напушта Ерусалим и групата се упатува кон Тел Авив.  Сместување во хотел Crown Plaza city center 5*. Новогодишна вечера* и ноќевање.

СРЕЌНА НОВА ГОДИНА

4 ДЕН , 01.01.2018 –Следува панорамски разглед на Тел Авив - Стариот град Јафa ,  Улицата Ротчилд, Берзата на дијамантите и Оперхајмовиот Музеј на дијаманти.
Враќање во хотел . Слободно време . Ноќевање.

5 ДЕН , 02.01.2018 – Трансфер до аеродромот во 02.30 часот . Полетување кон Солун во
06 часот локално време . Пристигнување во Солун во 10.55 локално време.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ :   800 ЕУР    (49.600,00 МКД)

 

Во цената на аранжманот е вклучено :


     -  авионски билет Солун – Тел Авив – Солун
     -  2 полупансиона во хотел Jacir Palace во Витлеем , 2 ноќевања во хотел Crown Plaza City center во Тел Авив
     -  трансфери и разгледи според програмата со лиценциран локален водич
      - сите влезници кои се неопходни според програмата за споменатите места од интерес   

     -  Рачен багаж 10 кг

 

Во цената на аранжманот не е вклучено :

-          Новогодишна вечера ( организација на лице место, бидејќи Тел Авив слават Еврејска Нова година во Септември)

-          Доплата за чекиран багаж 50ЕУР од особа

-          Влезници кои не се опфатени во програмата

-          Лични непредвидени трошоци

-          Задолжителен бакшиж за водич и возач 4 УСД / ден

-          Патничко осигурување