Пребарување

Внесете клучни зборови:

ПРОМОТИВНИ ПОНУДИ

ИЗРАЕЛ 03-06.01.2020

ИЗРАЕЛ 03-06.01.2020

             

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

1.Ден 03 Јан. (Петок)

Состанок на групата пред Холидеј Инн во 23:00 част( на 05.12). Поаѓање од Скопје кон аеродромот во Солун во 23.30 часот. Лет за Тел Авив од Солун во 06.15 часот. Се лета со авио компанија – Рајан ер.  Пристигнување во Тел Авив 08.40 часот. Организиран трансфер за Ерусалем. Посета на Гетсиманската градина, посета на базиликата на страдањето Xристово и Црквата на Вознесението на пресвета Богородица. Посета на стариот град на Ерусалем, кој е сместен во срцето на Ерусалем. Стариот град се смета за најсветото место според  христијаните. Поделен е на четири дела: христијански,  муслимански, еврејски и ерменски. Сите егзистираат заедно на простор од еден квадратен километар. Ќе одиме долж Via Dolorosa – тажниот пат на Исус до местото на неговото распнување... Од таму доаѓаме до храмот на Распетието, каде што се случил  најважниот момент од христијанската историја -Воскресението на Спасителот. Посета на Гробот Христов,  Голготата, и каменот на Помазанието. Посета на планината Сион, собата на последната вечера, гробот на Кралот Давид, и манастирот на Успението,  Црквата на Вознесението (изградена на местото каде постоела куќата на Свети Јован крстител, каде што Пресвета Богородица живеела по распнувањето на Исус), Еврејскиот кварт, улицата Кардо, сингогата Рамбам, западниот зид.Сместување во хотелот во Рамала –Ретно . Вечера. Ноќевање.

 2. Ден 04 Јан. (Сабота)

Појадок. Посета на Вади келт.Манастирот на Свети Ѓорѓи ХОЗЕВИТ, во јудејската пустина, Ерихон најстариот град на планетата и планината на искушението со посета на манастирот на искушението. Светата река Јордан. Посета на Мртво Море.  Вечера. Ноќевање.

 3. Ден 05 Јан. (Недела)

Појадок. Посета на црквата на Благовестието - импресивен споменик на христијанското наслество.Тука ќе се одржи празнична церемонија посветена на денот на светото Благовестие.   Посета на Назарет, кој е познат во светот како градот каде живеела светата фамилија: Мaрија, Јозеф и бебето Исус.. Тоа е место за аџилак за христијани од сите страни на светот. Некогаш Назарет беше мало село, а сега е најголемиот арапски град, со христијанско и муслиманско население. Посета на Кана Галилејска - црквата посветена на чудата на Исус, каде по стариот пат еднаш Пресвета Богородица и нејзиниот Син присуствувале на свадбата во Кана, каде се одиграло едно од чудата Факултативно ручек во ресторан 30ЕУР. Вечера. Ноќевање.

4. Ден 06 Јан. (Понеделник)

По појадокот  разглед на Витлеем – градот на кралот. Витлеем е мал бел град во кој што бил роден Исус. Во превод името на Витлеем значи “куќата на лебот”. Тука на маргините на универзумот, во топлите мали штали се роди Спасителот, поради тоа што, светото семејство не можеше да најде сместување на друго место. Тука тројцата кралеви дојдоа да го поздрават кралот на универзумот и прв пат мудреците го видоа Спасителот на светот. На плоштадот во Витлеем се наоѓа големата црква на Рождеството, која ќе ја посетиме и каде ќе присуствуваме на света литургија. . Посета на Еин Карем(доколку дозволува времето) - родното место на Свети Јован, еден од најубавите делови на Ерусалем со голем број на манастири. Еден од нив е Францисканскиот манастир каде се наоѓа изворот на Свети Јован крстител. Овде ќе имаме можност да се осветиме во светата вода. Организиран трансфер до Тел Авив.Посета на стара Јафа кој во старите времиња бил град освојуван од Александар Македонски,Ричард-Лавовско срце и Наполеон. Посета на Св.Петар и тврдината .Трансфер до аеродромот во Израел / Тел Авив. Полетување за  Солун во 20.45часот. Пристигнување во Солун 23.20 по грчко време. По царинските формалности трансфер кон Скопје.

Цена на аранжманот 490 ЕУР по лице

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

•             Авионски превоз на релација Солун-Тел Aвив-Солун

•             Организиран превоз Скопје – Солун - Скопје

•             Организиран трансфер од Аеродром до Хотелот во Тел Aвив и обратно

•             Сместување хотел на база појадок и вечера во хотел со 3*

•             Организација на аранжманот и придружник на патувањето

•             Бесплатна чекирана торба до 10 kg, можност за поголем багаж на барање

Мала рачна торба (ранец) или лап топ торба

 

  ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

•             Аеродромски такси 99ЕУР

Посета на ресторан на Галилеја 30ЕУР

Возење со жичара до манастирот на искушението 20ЕУР

•             Бакшиш за водичот и возачот 28ЕУР

•             Туристичка такса 4ЕУР на ден/ по лице (се плаќа во хотелот)

•             Патничко – здравствено осигурување 300 денари

newwaysoftravel Превземи целосна понуда