Пребарување

Внесете клучни зборови:

Далечни патувања

Индија-Велигден/1 Мај од 895€

Индија-Велигден/1 Мај
од 895€

ДЕЛХИ – АГРА-ЏАЈПУР-МУМБАИ 

10дена / 8 ноќевања/авион

(27.04-06.05.2019)

Подгответе се да ја откриете Мистичната Индија, Најголемиот полуостров во светот, Земја на ориентални танци, волшепство од бои, вкусови и зачини. Држава позната по вонвременските уметнички дела на архитектурата, Будизмот и Хиндуизмот. Дозволете  прекрасните звуци на традиционалната Индиска музика оплеменети со неповторливите танци на Индиските танчерки, да ве поведат на уникатно патување кон минатото и да ви го осветлат патот кон иднината. Искусете ја Неверојатната Индија.

ХОТЕЛ 

УСЛУГА

ЦЕНА

4*

ПОЛУПАНСИОН

 

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ВО 1/2 СОБА  

895€ / 55.490МКД

Доплата за 1/1 (еднокреветна соба)

290€ / 17.980мкд

 

 

 

 

 

1.ден (27.04.2019)    Белград –Доха– Делхи

Состанок на групата во Белград на Аеродромот Никола Тесла во 10:00  пред летот. Лет кон Доха   (лет QR232) во 12:00.Слетување во  18:00. Продолжување на летот кон Делхи  во 19.45 ч. (Лет QR 578)

02.ден (28.04.2019)   Делхи

Пристигнување во 01:55  локално време во Делхи.Сместување во хотел Ноќевање.Појадок. Главниот град на Индија, осмиот најнаселен град во светот со повеќе од 17 милиони жители согласно официјалните статистички податоци, и 26 милиони жители согласно неофицијалните податоци. Лоциран на бреговите на реката Јамуна, Делхи е град кој активно живее уште од 6 век п.н.е. и претставува една од најголемите светски туристички атракции на денешницата . П0 неколку часовен одмор започнуваме со панорамско разгледување на градот и посета на Џама Масџид, Раџ Гат – Меморијалниот центар на Махатма Ганди каде што со црн мермер е означено местото на кое на 31 Јануари 1948 година, ден по неговиот атентат, беше извршено свеченото кремирање на најголемиот син на Индија, креатор и лидер на Народно Ослободителното движење во Индија и основен идеолог на теоријата за ненасилен отпор преку цивилна непослушност. Подоцна, панорамски разглед на Парламентот, Претседателската палата, Бахајскиот храм….Враќење во хотел. Вечера. Ноќевање.

03.ден (29.04.208)  Делхи

Појадок.Посета на гробницата на еден од  владателите на монгулската империја,Хумајана.Потоа посета на Кутуб минаре,кој е високо 74 метри и   е изградено во XII век.Комплексот е под заштита на UNESCO..Посета на најголемиот храм Сика во Делхи.Пристигнување до најпознатиот   шопинг  центар “Connought place”.Слободно време.Враќање во хотел.Вечера .Ноќевање.

04.ден   (30.04.2019)  Делхи -Aгра 

По појадокот, со спакуван багаж се упатуваме кон Агра.Се  вози низ интересните  предели со успатни паузи.Посета на  преградието на Агра,Сикандри и посета на комплексот на мозолејот Акбар.Пристигнување во Агра град со популација од 1.7 милиони жители, најголем град во државата Утар Прадеш и 19 најголем град во Индија. Една од причините зошто Агра е заштитен од страна на UNESCO се уникатните и неповторливи градби од периодот на владеење на Могулите 1526 – 1658, но и самиот факт што овој град се споменува во светата Махабхарата и има археолошки податоци кои потврдуваат дека градот бил активен уште од 1000 г.п.н.е. Пристигнување и сместување во хотел. Подоцна ќе се упатиме на прошетка во градот и ќе ја посетиме фабриката за мермер и волна . Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

 05.ден(01.05.2019)   Aгра 

Појадок. Панорамски разглед на градот со посета на еден од најзначајните монументи на светската историја, живиот споменик на една искрена љубовна приказна, монументалниот Таџ Махал. Граден во 17 век од страна на Големиот Шах Џахан посветен на неговата сопруга Мунтаз Махал, Таџ Махал денес претставува едно од седумте нови модерни чуда на архитектурата и е познат како скапоцениот камен во круната на светската Исламска архитектура. Посета на Црвената Тврдина во Агра, импозантна и совршено зачувана градба од времето кога Агра претставувала главен град на Индија, во времето на владеење на првите Могули. Во неа Шахот Џахан ги поминал и последните денови од својот живот во заробеништво, постојано гледајки кон Таџ Махал и неговата сакана сопруга.Вечера.Ноќевање.

06.ден (02.05.2018)  Aгра -Фатехпур Сикри- Џајпур

По појадокот со спакуван багаж се упатуваме кон Џајпур.со попатно застанување и посета на Фатехпур Сикри, градот кој го градел Големиот Акбар како своја престолнина, но набрзо го напуштил овој свој проект како резултат на неповолните пустински услови. Сепак архитектурата на овој град е перфектно зачувана и претставува уште едно ремек дело на архитектурата на Могулите.  Џајпур е најголемиот град во државата Раџастан, попознат како Розевиот Град, основан од страна на Махараџа Саваи Џаи Синг II на 18 Ноември 1727 година, град кој се смета дека има најдобро реализирано архитектонско планирање, со моментална популација од повеќе од 3,1 милиони жители. Градот е граден во форма на осум страна мандала позната како Притапада, а согласно желбата на неговиот основач кој бил познат астроном и архитект. Возењето кон Џајпур трае околу 7 часа. Пристигнување во Џајпур и сместување во хотел.Свечена Новогодишна Вечера. Ноќевање.

07.ден (03.05.2019) Џајпур

Појадок. По појадокот ќе уживате во целодневен разглед на Џајпур.Попладневно возење кон стариот град и панорамска посета на Хава Махал попозната како Палатата на Ветрот, уникатната пирамидална градба на 5 ката која од надвор изгледа како саќе од пчели и која се издигнува на висина од 15 м. Дизајнирана и градена е од Лал Чанд Уста, архитектот кој го дизајнирал и Џајпур.посета на Тврдината Амбер која е сместена на брдо близу градот Џајпур и претставува најмаркантен примерок на архитектурата Раџпут. Палатата е изградена на четири нивоа и секое од нив има свое сопствено двориште и свое посебно значење. Внатрешноста на тврдината е богато украсена со слонова коска, декоративни огледала и стакла како и прекрасни уметнички слики. Таа претставува една од најголемите туристички атракции во Индија со дневна посета од 5.000 туристи или околу 1.8 милиони туристи годишно.  Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

08 ден (04.05.2018)   Џајпур – Мумбаи

 Појадокот.Слободно време до  тргнување  зааеродром (времето на лет за Мумбаи  ,накнадно ќе биде соопштено).По слетувањето во Мумбаи,панорамски разглед  на најголемиот град и најмоќниот финансиски центар на Индија.Разгледот започнува со посета на Вратата(капијата ) на Индија,која во 1924  година ја подигнале  Англичаните.Панорамски разглед на градот  кој е  познат  по филмската индустрија  на Боливуд.Сместување во хотел. Слободно време.Ноќевање.

09 ден (05.05.2019)  Мумбаи

Појадок.Разгледот на градот продолжува со посета на Хотелот Таџ Махал, изграден во почетокот на 20 век, познат по своите интересна архитектура,кулата Rajabai sahat,зградата  на Врховниот суд, , “Dhobi gat” – место каде  се перат  облеките  на поголемиот дел на жителите на градот, Chathrapati Shivaji Terminal – поранешната железничка станица во Викторија, која беше една од најпознатите во светот, Мани Баван – омилено место на живеење на Ганди кога тој го посетувал Мумбаи, Marin drajv –- голем булевар каде се снимаа  боливиските филмови, еден од најпрометните сообраќајници во градот и конечно ја посета на плажата Ч0впати,најважното духовно место  на хиндите,но и место каде жителите  се опуштаат после напорниот ден.Враќање во хотел.Вечера.Одмор до тргнување на аеродром.

10 ден (06.05.2019)   Мумбаи-Доха-Белград

Трансфер до аеродром.Лет  за Доха во 04 :10 часот (лет  QR 557).Пристигнување во Доха  во 05.20 часот. Продолжување кон Белград во 06.35  (лет QR 231) .Пристигнувањ е во Белград  во 11.00часот.

Цената на аранжманот вклучува :

• Повратен авионски билет на релација Белград– Доха– Делхи,Мумбаи-Доха-Белград

• Асистенција на аеродром од страна на претставник од локалната агенција

• Трансфер од аеродром до хотел и обратно со климатизиран, туристички автобус

• 6 ноќевања со појадок и вечера во хотели со 4* локална категоризација.

• Влезници за атракциите кои ги посетуваме

• Техничко водство од официјален претставник  од агенција

Цената на аранжманот не вклучува:

• Виза за Република Индија – 5270мкд / 85 €

• Аеродромски такси –285 €/ 17.670(променлива)

. Локален лет  Џајпур-Мумбаи-80€(променлив)

• динарски дел на аранжманот 2000РСД/25 €

• Индивидуални екскурзии и активности

• бакшиш за водичот и шоферот  се плаќа на водичот  25€ )

• Дополнителни услуги кои клиентите ќе сакаат да ги користат на нивно барање

• Патничко осигурување