Пребарување

Внесете клучни зборови:

НОВА ГОДИНА

ИСТАНБУЛ (30.12 – 01.01.2017)

ИСТАНБУЛ (30.12 – 01.01.2017)

 

ИСТАНБУЛ

НОВА ГОДИНА
Авион / 3 дена / 2 ноќевања
30.1201.12.2017

 
 

Истанбул...градот кој ги поврзува континентите... Престолнина на три некогашни империи, Римската, Византиската и Отоманската...Сегашниот Истанбул е вистински пример за беспрекорна грижа за историско културно наследство и висок стремеж кон иднината и современото. Историскиот белег на Истанбул е впечатлив преку бројните џамии, музеи, цркви, дворци и ориентални базари, кои ја формираат неговата уникатна физиономија. И покрај илјадниците години историја, Истанбул сеуште води во однос на своето географско значење. Денес тој е огромна метропола која поврзува континенти, култури, религии и е дом на 11 милиони луге.

 

 

   
 

30. ДЕКЕМВРИ (Сабота) СКОПЈЕ ИСТАНБУЛ

 

Состанок на групата на аеродромот Александар Велики во 07:00 часот наутро. Директен лет до Истанбул со ТК 1004 во 08:55 часот.  Пристигнување во Истанбул во 12:30 часот. Трансфер од аеродром до хотел и панорамски разглед на градот со локален водич: Хиподромот (кој некогаш служел за коњски трки, денес е меморијален плоштад со обележја од минатото), Сината џамија (изградена на почеток на XVII век од страна на познатиот архитект Мехмед-Ага воедно и последна импресивна градба на отоманската религиска архитектура... Единствена џамија во Истанбул и Турција која има шест минариња), Аја Софија (најпозната градба во Истанбул која е изградена во време на владеењето на Јустинијан и била најголема црква во Византиското царство, подоцна е претворена во џамија...)можност за попатна посета на Сулејманијата и базиликата „Цистерна“ позната како „Потоната палата“ најголема од неколкуте антички резервоари за вода која сеуште стои под Истанбул...Сместување во хотел. Вечерта, факултативно - вечера во национален ресторан со уметничка програма на ориентални танци. Ноќевање.

 

31.ДЕКЕМВРИ (Недела) ИСТАНБУЛ ОТОМАНСКИТЕ ПАЛАТИ

 

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и прошетки, или факултативна посета на палатите Топ Капи – музејот каде што се наоѓа мечот нa прорoкот Мухамед, некогашното главно седиште на Османлиската империја, изграден во времето на Султан Мехмед II и Долма Бахче Сарај – првиот дворец кој што бил изграден во Османлиската империја, кој до 1922 год. служел како резиденција на Отоманскиот Султан, а по 1922 год. во него живеел Кемал Ататурк. Денеска е претворен во музеј кој соджи уметничко-историски збирки со непроценливо богатство. Слободно поплане за индивидуални активности. Вечерта можност за дочек на Нова Година покрај Босфор или со доплата вечера во национален ресторан со уметничка програма.Ноќевање.

01.ЈАНУАРИ (Понеделник) ИСТАНБУЛ – БОСФОР

 

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или можност за факултативно крстарење со брод по Босфор, со панорамски разглед на палатите од двете страни на каналот, како и пловење под мостовите кои ги поврзуваат - Европа и Азија. Слободно време за индивидуални активности, предлагаме посета на некој од поголемите шопинг центри, Хистори или Фортуна... како и посета на Капали Чаршијата (отворена во 1461 год.) и денес најстариот трговски маркет во Истанбул со над 4000 продавници. Во 18 часот по локално време, трансфер до аеродром. Лет за Скопје во 20.15 часот локално време, пристигнување во Скопје во 19:45 часот.

 

 Цена на аранжманот:  299 €     

 

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

- Авио билет Скопје - Истанбул -Скопје

- Сместување во Истанбул во хотел ***, 2 ноќевања со појадок (http://www.hotelaldem.com/gallery)

- Организиран панорамски разглед на Истанбул     

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:    

 -Факултативна вечера во национален ресторан (40 €, 30/12/2017 ; 70€, 31/12/2017)

- Посета на Долма Бахче Сарај и Топ Капи, со вклучени влезници и водич (40€)

- Крстарење по Босфор(20€)

- Влезници за музеите, палатите и културно историските споменици

-Патничко осигурување 120 ден.

Забелешки:    

Цената е дадена по лице за пакет аранжман во двокреветна соба

За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници

За овој аранжман важат Општите услови за патување