Пребарување

Внесете клучни зборови:

8ми Март 2019

Истанбул 8ми Март 2019

И С Т А Н Б У Л

ЕДИНСТВЕНА МЕТРОПОЛА ВО СВЕТОТ КОЈА СЕ НАОЃА НА ДВА КОНТИНЕНТА,

ЕВРОПА (ТРАКИЈА) И АЗИЈА (АНАДОЛИЈА)...

08 – 10 Март 2019, 3 дена / 2 ноќи

Ден 1 / 08.03.2019     СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ

Средба на патници на аеродром  90 минути пред полетување. Директен  лет за Истанбул со ТК1004 во 08.55. часот.   Пристигнување во Истанбул во 12.25 часот, локално време. Трансфер и панорамски разглед на градот со локален водич: Ак Сарај, Римскиот аквадукт, плоштадот Таксим, Сулејманијата, Бајазитовата џамија, Универзитетот, Капали чаршијата... завршува со пешачки разглед на “златниот рог” и неговите знаменитости: Хиподромот (кој некогаш служел за коњски трки, а денес е меморијален плоштад со обележја од минатото), Сината џамија (изградена на почеток на XVII век од страна на  познатиот архитект Мехмед-Ага, која воедно е и последната импресивна градба на отоманската религиска архитектура), Аја Софија (најпознатата градба во Истанбул, изградена во времето на владеењето на Јустинијан први, една од најголемите цркви во светот, претворена во џамија по падот на Византиското царство). Слободно време за индивидуални активности или можност за факултативна посета Прошетка по просторите на Султанот Сулејман Величенствениот, и стариот султанов дворец Топкапи палата која ги чува приказните за огромното богатство на султаните, опкужена со море од три страни. Сместување во хотел „Harbiye Residence 3*“. Вечерта, организирана осмомартовска свечена вечера, Крстарење по Босфор со бродот „Pereme“ со неограничени пијалоци и ориентални танци. Враќање во хотел. Ноќевање.

Ден 2  / 09.03.2019     ИСТАНБУЛ

Појадок. Можност за факултативна посета на Долма Бахче Сарај ( влезница + водич). Последната резиденција на Отоманскиот султан, која содржи музејска збирка со непроценливо богатство... Кула Галата симболот на Цариград изградена во 528 год. за време на Јустинијан. Кулата е со кружна основа, сместена помеѓу Златен Рог и Босфор, oбновена во 1990 год. и отворена за посетители. Можност да се вкуси традиционалниот специјалитет Balikekmek (риба во леб) на Еминону. Прошетката продолжува кон плоштадот Таксим и најпознатата шопинг улица Истиклал, Мисир чаршија-познатиот пазар на зачини во Истанбул. Во попладневните часови препорачуваме посета на познатите истанбулски шопинг центри или посета на познатиот пазар Капали Чаршија Вечерта препорачуваме прошетка до на еден од најубавите плоштади во Истанбул Ortakoy, каде можете да ги вкусите традиционалните специјалтитети од „Кршен компир“. Враќање во хотел. Ноќевање.

Ден 3 / 10.03.2019     ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ

Појадок. Одјава од хотелот. До времето определено за трансфер до аеродром препорачуваме факултативна посета на Цариградската патријаршија како и посета на музеј црквата Хора. Црквата на Светиот Спасител во Хора е средновековна византиска православна црква, зачувана како Музеј на Хора. Во 17.45 часот по локално време, трансфер до аеродром. Лет со ТК1005 во 20.15 часот. Пристигнување во Скопје во 19.45 часот локално време.

Цена на програмата 339EUR по лице во двокреветна

Во цената е вклучено:

 

Во цената на аранжманот не е  вклучено:

newwaysoftravel Превземи целосна понуда