Пребарување

Внесете клучни зборови:

ЕСЕНСКИ ПАТУВАЊА

КАПАДОКИЈА

КАПАДОКИЈА

КАПАДОКИЈА 02-05.11 и 08-11.12 2017

 

Ако постои бајка за магична земја од глина, веројатно, ќе изгледа исто како и Кападокија. Овој прекрасен регион во Централна Турција е познат по уникатните карпести форми во кои древните народи ги направиле нивните домови и цркви.

1 ден - Скопје-Истанбул-Кајсери ►Состанок на групата на аеродром Александар Велики два часа пред полетување. Полетување со Pegasus во 10:55 часот на лет PC 352. Слетување во Кајсери во 18:45 часот, организиран трансфер од аеродром до хотел. Сместување. Ноќевање.

2 ден ►Појадок во хотел. Заминување на групата за Goreme. Посета на Open Air Museum каде што можат да се видат остатоци од Византиската култура во камените цркви од 10, 11 и 12 век. Веднаш потоа следува панорамски разглед на Ugrup со пауза за дегустација на Вино. Организирана посета на Uchisar, пештерскиот град за кој сеуште е непознато од кој период потекнува. Ќе се задржиме на рзглед на една од најстарите вили од градот, каде се снимени повеќе познати филмови. Овде Ви нудиме можност да ги направите најубавите панорамски слики на Кападокија од една од највисоките карпи во Uchisar. Организиран ручек во локален ресторан (факултативно) Попладнето можност за факултативна посета на Деверент долината која се наоѓа на само 10мин возење од Гореме. Долината изобилува со карпи кои имаат форма на животни, па затоа и се нарекува Камена Зоолошка Градина. Посета на Pasabag (Monk's Valley), каде што можат да се видат уникатни карпи во форма на печурки. Посета на Cavusin, најстарото село во Кападокија, каде ќе имате можност да ја посетите црквата Св. Јован Крстител. Црквата датира од 5 век и се наоѓа на највисокото место од селото и нуди можност за одлични панорамски снимки. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

3 ден ►Појадок. Во раните утрински часови можност за факултативно летање со балон на Кападокија. Попладне организирана посета на подземните градови Kaymakli и Derinkuyu. Ова се двата најдолги и најдлабоки од сите 40 подземни градови во Кападокија. Двата имаат по 8 катови но не се сите отворени за посета.). Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

4 ден - Кајсери-Истанбул-Скопје ►Ланч пакет за појадок. Трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 05:45 часот. Пристигнување во Скопје во 10:15 часот.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 270 €

 

Во цената се вклучени следниве услуги:
• Авиобилет на релација Скопје-Кајсери-Скопје
• 3 ноќевања со појадок во http://www.mithracavehotel.com/ 
• Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно

Ручек за време на екскурзиите
• Влезници во музеите
• Локален водич
• Придружник од агенцијата за целиот престој во Кападокија


Во цената не се вклучени следниве услуги:
• Аеродромски такси  56 еур / 3.472мкд (со променлива вредност) се плаќаат во агенцијата при уплата на аранжманот
• Факултативно летање со балон над Кападокија – 80 евра
• Задолжително здравствено и патничко осигурување


Напомена: За да се резервираат дополнителните екскурзии со цел да се обезбеди сигурна реализација, потребна е резервација при самата уплата на аранжманот

►Плаќањето е задолжително во денари
►За ова патување потребен е валиден биометриски пасош (виза не е потребна)
 ►За резервација задолжителна е уплата аванс од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 10 дена пред патување
►За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници

newwaysoftravel Превземи целосна понуда