Пребарување

Внесете клучни зборови:

Божиќни понуди

КИПАР во Декември

КИПАР во Декември

Во месец декември можете да ја доживеете прекрасната магија на Божикните и Новогодишните празници .

Програма

1 ден: (08.12.2019 - недела) - СКОПЈЕ –ЛИМАСОЛ-ЛАРНАКА

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 0430 часот. Полетување за Ларнака во 06,00 ч. Пристигнување во Ларнака во 09,20 часот. Трансфер до хотелот  соразглед на Лимасол   и соленото езеро  АЛИКИ – второ по големина езро на Кипар   За време на зимата, езерото се полни со вода и е дом на птици кои мигрираат, вклучувајќи илјадници фламинга  кои остануваат меѓу ноември и март, заедно со диви патки и друга птици  кои наоѓаат прибежиште тука на нивните миграциски патувања.Заминување за Ларнака  Сместување во  хотел  Слободно време за  индивидуална прошетка  по центарот на Ларнака каде можете да се доживее прекрасната гледка на украсени улици и продавници преполнети со Новогодишни украси,безброј кафулиња и ресторани .  Ноќевање.

2 ден: (09.12.2019 –Понеделник  ) – ЛАРНАКА –НИКОЗИЈА

Појадок , Факултативен разглед на главниот  град на Кипар Никозија  Еден  град поделен на два со 130,000  жители  , две временки зони , граница и пасошка контрола  Фактот дека се преминува од една во друга држава за само 2 минути и поместувањето на часовникот за еден час понапред  е посебно искуство  Најинтересниот дел на Грчката страна од градот е  наречен  Laiki Getonia –( Добар комшија ) исполнет со голем број на продавнички , кафичи , атељеа  и тесни улички   Посета на Кипарскиот Археолошки музеј кој поседува голема клекција  на предмети од преку 9000 годишна историја на островот Голем број од старите куќи се рестарвирани , а во рамките на стариот град  се наоѓа  Етнографскиот музеј , Катедралата на Св Јован , големата палата на  Архиепископот  Макариос  III  првиот и доживотен претседател на републиката . како и најголемата банка на Кипар за која се казжува дека е во споствеништво  на Кипарската православна цркава Слободно време за ручек , По ручекот се заминува према зелената линија  и познатиот зид кој  го дели Кипар на  Грчки И Турски дел , Посета на црквата Фанеромени лоцирана на  самата граница  како и статуата на независен Кипар

 Враќање во хотел во Ларнака Ноќевање

2 ден: (10.12.2019– Вторник) –ЛАРНАКА  -АЈА НАПА-ФАМАГУСТА

Појадок Факултативна посета на Фамагуста, крајбрежниот град  на Кипар  -.Заминувањеза  градот Аја Напа.Аја Напа е можеби најпопуларен туристички центар на Кипар, со многу сонце, кристално чисто море и прекрасни

пејзажи. Некогашно мало, рибарско село, сместено во увала, денес е престижен туристички центар. Друго име му е и„втора Ибица„ за сите кои сакаат море, спортови на вода и активен ноќен живот. Бројните ресторани, барови дискотеки и тренд клубови работат скоро непрекинато, па се препорачува пред се на помладите, но секако дека имаместа и за помирен и опуштен одмор. Ја красат широки, песочни плажа, од кои најпознатите се Golden Beach - долга 1 км и Nissi Beach - долга 2 км.

Патување што Ви дава можност да го посетите прекрасниот крајбрежен град Фамагуста и да одите што е можно поблиску до оградениот и запечатениот дел од градот кој е познат низ целиот свет како „град на духови“. Посетатa на манастирот Свети Барнабас, основачот на кипарската православна црква и античкиот град-кралство Саламис. Следната станица е стариот центар на градот Фамагуста, за да ги видите венецијанските ѕидови во стариот дел од градот и посета на готската црква на СветиНикола и замокот Отело

 Враќање во хотел. Слободни активности. Ноќевање

4 ден: (11.12.2019 –Среда  ) – ЛИМАСОЛ  – СКОПЈЕ

Појадок во хотел. Одјавување од хотел во 08,00 часот. Трансфер до аеродормот во Ларнака во 08,30 часот. Чекирање, пасошки и царински формалности.Пристигнување во Скопје во 11,20

ЦЕНА  269€

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

Директен лет на релација Скопје – Ларнака – Скопје со авикомпанија Wizz Air;        

Аеродромски такси

Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm;

Организирани трансфери: аеродром Ларнака – хотел – аеродром Ларнака;

Сместување во хотел на база 3 ночевања со појадок  во хотел Flamingo Hotel 3*во Ларнака

Организиран разглед на Ларнака  и Соленото Езеро

Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

Доплата за кабински багаж до 10кг (55 x 40 x 23 cm)– 1,800,00 денари за двата правца

Туристичка такса – 280 денари по соба за 3 ноќи (1,5 евро по ноќ по соба)

Влезници за локалитети и карти за локален превоз 

Факултативна посета на Фамагуста и Аја Напа  со локален водич и трансфер 55€(минимум 15 патника

Факултативна целодневна посета градот Никозија   со влезници за одрдени капацитети ,пратител и трансфер 50€  (минимум 15 патника)

Патничко осигурување 180 денари

 

 

Напомена

За реализација на програмата  потрено е  група од 25 патника

 

ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!

Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот ( не важи за цената со рана уплата) и копија од пасош, Комплетна доплата 10 дена пред поаѓање .

Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цена на превоз или не доволен број на пријавени патници да ја измени цената на аранжманот или да го откаже истиот во целост 7 дена пред поагање,како и промена на редоследот на факултативни излети во случај на објективни нрепредвидени причини.

За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

 

 

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција.

newwaysoftravel Превземи целосна понуда