Пребарување

Внесете клучни зборови:

8ми Март 2019

Кипар 8ми Март 2019

Кипар е островска држава која се наоѓа во источниот дел на Средоземното Море, во близина на турскиот брег. Oстровот е крстосница помеѓу Европа, Азија и Африка, но се уште има многу остатоци од древните цивилизации - римски, византиски и венецијански. Главната економска активност на островот се туризмот, трговската морнарица, извозот на облека, фармацевтски производи и бизнис услуги. Република Кипар е членка на Европската унија. Дали сте знаеле дека тоа е родното место на божицата на убавината, љубовта и страста - Афродита?

 

07.Март.2019 СКОПЈЕ - СОЛУН – ПАФОС

Состанок на групата во 11:00 часот. Поаѓање во 11.15 часот со автобуски превоз за Солун. Лет за Пафос во 19.50 часот  по локално време. Пристигнување во Пафос 21:40 часот. Организиран трасфер од аеродром до хотел. Разглед на Пафос. Сместување во хотел Club St. George Resort, Paphos https://www.clubstgeorge.com/en-gb. Ноќевање.

08.Март.2019  ПАФОС

Појадок. Во 10.30 часот факултативна посета на Никозија. Никозија е главен град на островот Кипар и е дефинитивно место кое едноставно мора да го посетите. Патувањето ќе започне со посета на  претседателската палата и Атила - одделување на грчкиот и турскиот дел. Ќе имате можност да видите градби кои биле оштетени за време на војната. Разгледот продолжува до Ледра Palace - во граничниот премин меѓу северниот и јужниот дел на островот. Посета на музејот Mevleki Tekken, од отоманскиот период кој претставувал значаен социјален и културен центар. Посета на готска катедрала Свети Софија (Selimiye џамија и денес). Bedesten Lusignan палата, која се смета за една од најпознатите историски локалитети во Никозија. Враќање во хотел. Ноќевање

 09.Март.2019    ПАФОС  

Појадок. Во 10.30 часот поаѓање за Ларнака. Факултативна посета на Ларнака. Во 14 часот заминување од Ларнака кон Лимасол. Организиран ручек во Лимасол. Во попладневните часови, враќање кон Пафос и попатна посета/фото стоп на  плажата Aphrodite’s Rock, митолошко верување местото на раѓање на Божицата на убавината и љубовта Афродита, Коуклиа, Стар Пафос. Разглед на археолошкиот парк Пафос, кој се наоѓа во близина на плажата. Враќање во хотелот. Ноќевање.  

 10.Март.2019 ПАФОС - СОЛУН – СКОПЈЕ  Одјава од хотелот во 12:00 часот. Организиран трансфер до аеродромот Пафос по договор. Лет за Солун во 20:40 (локално време). Пристигнување во Солун во 22:45 часот. Трансфер до Скопје. Пристигнување во Скопје во доцните часови.

 

   ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ИЗНЕСУВА    279 ЕУР денарска противвредност

Во цената е вклучено:

 

Во цената не е вклучено:

Посета на Никозија ..... 35€

Посета на Ларнака  ..... 35€

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДВА ДЕНА ПРЕД ПОЛЕТУВАЊЕ ДА СЕ ПРОВЕРИ ТОЧНОТО ВРЕМЕ

НА ПОЛЕТУВАЊЕ НА АВИОНОТ ОД СКОПЈЕ

За реализација на програмата потребни се минимум 16 лица !!!

ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА ЊУ ВЕЈС ОФ ТРАВЕЛ

newwaysoftravel Превземи целосна понуда