Пребарување

Внесете клучни зборови:

Далечни патувања

КУБА (19 - 29.11.2018)

КУБА (19 - 29.11.2018)

К У Б А  19 Ноември – 29 Ноември 2018

1 ден. Состанок на групата два часа пред полетување. Лет за Париз преку Виена во 04:25 часот. Пристигнување во Париз во 09:15 часот. Трансфер до Хотел. Сместување. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.                                                          

2 ден. Појадок. Трансфер до аеродром. Директен лет за Хавана во 11:25часот. Пристигнување во Хавана во 16:00 часот локално време. Трансфер до хотел. Сместување. Ноќевање.                                                                                                                       

 3 ден. Појадок. Разглед на Хавана: Стара Хавана  во која има сочувано голем број на значајни архитектонски градби од времето на шпанската колонизација, во барок, неокласицизам и арт деко стил што е и причина од 1982 година да биде под заштита на УНЕСКО. Кинески четврт како посебна автономна зона. Ведадо економскиот дел на Хавана каде што се наоѓа познатата улица и шеталишете “La Rampa”. Мирамар елитната населба “ во која се сместени , амбасадите, конзулатите и резиденциите на богатите граѓанина Хавана. Ноќевање                                                                                                                                                     

4ден. Појадок. Можност за факултатина екскурзија Виналес тур „Vinales tour“. Поаѓање од хотелот со водич на англиски јазик. Целодневен излет до Viñales, кој се наоѓа во Pinar del Rio Province, на 140 км западно од Хавана, Viñales е местото каде расте и обработува најдоброто светско тобако. Во Pinar del Rio ќе посетиме фабрика за цигари, каде ќе имате можност да го видете мануелниот процес на производство на цигари, па потоа се продолжува кон Viñales. Viñales ги има најстарите геолошки формации во Куба и има прекрасна долина со пејзаж кој е единствен во светот. Во Viñales ќе ги посетиме долината Viñales, El Mural de la Prehistoria - праисториски мурал, кој е насликан на камен и ја опишува еволуцијата на човештвото. Следи посета на древната пештера La Cueva del Indio, каде ќе имате можност да влезете во пештерата, каде на крајот се наоѓа субтеренска река. Пловење со брод до другата страна од планината. Ручек и време за слободни активности. Враќање во Хавана, можност за посета на Тропикана Кабаре, шоу кое започнува во 22:00 часот со над 200 изведувачи. Ноќевање.                                                                                                                                                      

5ден. Појадок. Трансфер од Хавана до Варадеро. Сместување во Варадеро на база Се вклучено. Ноќевање.                                                                                                                                   

6ден – 10 ден. Хотелска услуга и можност за организација на разни факултативни излети: Трите града (Santa Clara, Trinidad,Cienfuegos): Панорамски разглед на градот Санта Клара (Santa Clara), вклучувајќи го и Мавзолејот на Ернесто Че Гевара (Ernesto Che Guevara) и националниот споменик Tren Blindado. Потоа ќе продолжиме со посетата на градот Тринидад, прогласен за светско културно наследство на УНЕСКО, поради неговиот колонијален стил, а историјата се одржува и по неговите улици и музеите. Plaza Mayor, еден од градските музеи, La Canchánchara Bar за дегустација на типичен кубански пијалок и други места од туристички интерес ќе бидат дел од турата. Време за ручек во ресторан во градот. Веднаш потоа, го продолжуваме нашиот пат кон градот Cienfuegos, најмладиот град на островот, кој го основале француските доселеници од Хаити; Заливот Матанзас со долината Јумури: оваа екскурзија вклучува 30 минути крстарење со брод  по реката Canímar, заштитена област каде ќе имате можност да  ја видете прекрасната Кубанска вегетација. Турата до заливот  Matanzas, Градот на мостовите, Ви озможува да ги посетете најатрактивните знаменитости: Фармацевтски музеј, француска аптека од 1882 година, Парк де ла Либертад (плоштад Либерти), посета на Монсеррат Хајтс, како и една од црквите во градот. Турнеја низ долината и одмор во Rancho Gaviota, каде имате  вклучено: добредојде коктел, посета на селска куќа и фарма, типичен кубански ручек. Слободно време за јавање и наутички спортски активности во езерото. Посета на  Cuevas де Bellamar (пештерата Беламар), неверојатен систем на галерија од подземни камени од вар ; Crucero Del Sol Excursion: Исклучителна програма за поморски активности во Варадеро; и многу други. 28Ноември по појадокот трансфер до аеродром. Лет за Париз во 18:00 часот. Пристигнување во Париз следниот ден во 09:00 часот наутро. Трансфер од/до аеродром. Лет за Скопје, преку Виена во 20:15. Пристигнување во Скопје следниот ден во 00.20.   

Цена 1500€

 

Hotel Neptuno Triton HAVANA – Ноќевање со појадок 20 - 23 Ноември;

http://www.hotelneptunotriton.com

Hotel Sunbeach – VARADERO – Се Вклучено 23 – 28 Ноември

http://www.grancaribesunbeach.com

Цената на аранжманот вклучува:

 

 

Цената на аранжманот не вклучува: