Пребарување

Внесете клучни зборови:

ЕСЕНСКИ ПАТУВАЊА

Мала Скандинавска Тура

Мала Скандинавска Тура

 

 

ЗЕМЈАТА НА ВИКИНЗИТЕ – МАЛА СКАНДИНАВСКА ТУРА

 11 Октомври (08.10.2017 – 11.10.2017)

 

 

Цена на патување:  259 ЕУР                                                              Авион 3 ноќевања/ 4 дена

 

8 октомври  (Сабота)               Белград – Копенхаген –Малме

Состанок на групата на аеродром пред шалтерот за check in на аеродромот “Никола Тесла“ во 4:30 ч. Лет за Копенхаген (ЈУ 400) во 6:30 часот. Слетување во Копенхаген во 08:50. Панорамско разгледување на градот со автобус. Копенхаген е град каде настанала најстарата монархија со најстаро знаме во светот. Копенхаген бил поштеден за време на Втората светска војна,поради тоа може да се види вистинскиот сјај на Данската архитектура низ разните кралски дворци. Во 15 век Малме бил еден од најголемите градови во Шведска, богат со историја, сведочи преку разни замоци, катедрали, цркви, во која се наоѓа најголемото изложбено двориште на современата уметност. Трансфер до хотел, сместување. Ноќевање.

9 октомври (Недела)               Гетеборг

Доручек. Слободен ден или целодневен факултативен излет до Гетеборг. Градот е основан во 1603 год. Од страна на крал Густаф 2 Адолф, со причина; на Шведска и бил потребен прозорец кон западниот свет. Градот имал совршена положба излегувајќи на Северно море, па брзо прераснал во економски и културен центар на Шведска. Изграден е во Холандски стил, станал пристанишен град од кој пловеле по 130 бродови за Кина и Индија. За време на Наполеон Бонапарта многу се осеќала врската помеѓу Велика Британија и Гетеборг, биле подигнати многу градби и паркови во Англиски стил, поради кој градот добил надимак “Мал Лондон“. Ноќевање.

10 октомври (Понеделник)     Малме

Доручек. Слободен ден за индивидуално разгледување на градот Малме.

11 октомври (Вторник)             Малме/ Копенхаген/ Белград

Доручек. ( собата се напушта до 10 часот). Слободен ден или факултативен целодневен излет за дворци во Северна Скандинавија. Заминување за Хелсингор, град на североисток од Скандинавија каде се наѓа ренесансен дворец Кронборг овековечен како дворец Елсинор во Шекспировата драма “Хамлет“. Данскиот крал Ерик Померански изградил моќна тврдина, со што го користел теснецот на тврдината да им наплаќа на бродовите кои поминувале низ него. Патување до Хилероа, град на север, во кој се наоѓа ренесансниот дворец Фредериксборг  кој лежи на три острови на сред езеро со музеј (влезница се плаќа на лице место). Трансфер до аеродром. Лет за Белград ( ЈУ 405) ВО 21:00 ч. Слетувањ во Белград во 23:00 ч

 

Во цената е вклучено:   

-авионски превоз на релација Белград – Копенхаген – Белград

-смештај во хотел “Scandic malmo City” 4 *,(агенцијата го задржува правото за промена на хотел со иста категорија)

-сместување во двокреветни или трокреветни соби на база ноќевање со појадок (самопослужување)

-трансфери по програмата

-разгледи према програмата

-услуги на водич и трошкови за организација

Во цената не е вклучено:

-аеродромски такси 139 еур ( кои се подложни на промена)

-градски комунални такси и сервисни такси 42 еур по особа

-патничко здраствено осигурување

-влезници за културно историските локалитети, факултативни посети и излети

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:

-Гетеборг 95 еур

-Дворци на Северна Скандинавија 85 еур

 

За реализација на факултативите потребни се минимум 20 лица, во случај на помалку лица, цените на факултативите би биле повисоки.

 

ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА АРАНЖМАНОТ ПОТРЕБНО Е НАЈМАЛКУ 25 ЛИЦА.