Пребарување

Внесете клучни зборови:

Есен 2019

МАЛТА Медитеранскиот Бисер 4 Дена / 3 ноќевања / Авион

МАЛТА Медитеранскиот Бисер 
4 Дена / 3 ноќевања / Авион

19.10       СКОПЈЕ - МАЛТА    

Состанок на група на аеродром Скопје во 16.30 часот . Полетувањето е во 18:20 часот. Слетување на аеродром во Малта во 20:05 часот. Трансфер од ародром до хотел. Сместување. Слободно време. Ноќевање.

20.10         МАЛТА

Појадок. Заминување за разглед на главниот град на Малта – Валета, изграден од Витезите на Св.Џон, чие културно наследство се открива пред вас како што ќе се движите по самите улици на градот. Прошетка низ сликовитите улички се до Градините “Barracca” од каде што има панорамски поглед на Големиот Залив и на Трите Града. Посета на богато украсената Катедралата и музеј на Св. Џон (влазница 10евра), дом на светски познатите уметнички ремек дела од Караваџо и Матија Прети. По посетата на Валета попатно кон Мдина, посета на фабриката за стакло Mdina Glass во Ta’Qali, каде што ќе имате можност да ја видите специфичната техника на изработка на дувано стакло.  Во попладневните часови Факултативна екскурзија до Мдина - стариот средновековен главен град на Малта, наречен Тивкиот Град. Прошетка низ тесните поплочени улички, rазглед на познатите градини Св.Антони, Претседателската Палата… Враќање во хотел. Ноќевање.

21.10                       ГОЗО      

Појадок. Целодневна факултативна посета на островот Гозо (Calypso’s Island), вториот најглем остров во Малтешкиот архипелаг. Пред пристигнување во пристаништето Cirkewa, со можност за кратка посета на Светилиштето на Пресвета Богородица на Mellieha. Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј на нејзиниот остров. Посета на пештерата на Калипсо во Рамла Хамра заливот и прекрасните плажи. Панорамски разглед на Викториа (Рабат), главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi... Попладне враќање во хотел.  Слободно време. Ноќевање.

22.10                       ТРИТЕ ГРАДА         МАЛТА – СКОПЈЕ

Појадок. Полудневна факултативна посета на трите града Senglea - Isla, Vitoriossa - Birgu, Cospicua Bormla - најубавите историски места на Малта каде ќе дознаеме повеќе за културата на живеење на малтежаните. Conspicoua пред 18 век бил познат како Bormla, име кое се уште е во употреба. Нејзините бедеми се конструирани за заштита на градот и неговите соседи Vittoriosa & Senglea. Биле изградени од страна на витешкиот ред на Малта. Посета на Vittoriosa, гратче идеално лоцирано за засолниште, познато по својата трговска, морска и воена активност. Senglea или Isla L'Isola (остров), е наречен во време на витешкиот ред. Овој локалитет е еден од најстарите градови во Малта кои датираат од 16 век. Изобилува со ботато наслетство од страна на витешкиот ред на Св.Џон. Слободно време за прошетка. Во попладневните часови (околу 18.00 часот) организиран трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 20.35 часот. Слетување во 22:15 часот.

ЦЕНА за уплата до  20.08.2019 259ЕУР          

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ     299ЕУР

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

НАПОМЕНИ:

Општи напомени за патување: