Пребарување

Внесете клучни зборови:

НОВА ГОДИНА

Малта Нова Година 2020

Малта Нова Година 2020

БИСЕРОТ НА МЕДИТЕРАНОТ, ДОЧЕК НА НОВА 2020

5 дена / 4 ноќи, 31.12 / 04.01

авион, хотел 3*, трансфер / аеродром-хотел-аеродром

31.12.2019 (вторник) СКОПЈЕ- МАЛТА – ТРИТЕ ГРАДА

                                    (Conspicoa,Vittoriosa and Senglea)

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 11:00 часот.Лет за Малта со WIZZAIR – лет во 13:20 ч. Пристигнување на аеродромот во Малта во 15:10 ч. Трансфер и сместување во хотел.
Можност за факултативна посета и разглед на прекрасниот јужен дел на Малта.Не постои подобар начин да започнете со уживање во прекрасниот ден прошетка која започнува со Blue Grotto – повеќе морски пештери кои се популарна дестинација за туристите.Локацијата на пештерите во комбинација со зраците од сончевата светлина прават прекрасен одраз во морската вода и се покажуваат бројни нијанси на сина боја во ѕидовите и таваните на пештерата. Разгледот продолжува со посета на еден спокоен залив на Marsaxlokk – главно рибарско село во Малта.Посета на популарниот пазар на отворено и интересна глетка на малтешките рибарски бродови наредени во нивните традиционални бои кои го дополнуваат заливот. Прошетката продолжува кон популарните три града Conspicoa,Vittoriosa and Senglea,кои се лулката на Малтешката историја,бидејќи обезбедиле дом за речиси секој народ кој се населил на овој остров и почнал да живее тука.После завршувањето на разгледот враќање во хотел. Ноќевање.

Можност за доплата на новогодишна вечера. Можност за дочек на НОВА 2020г.

 

01.01.2020 (среда) МАЛТА – ОСТРОВ ГОЗО

Појадок. Можност за посета на Гозо (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг. Посета на Фонтана – населба во Гозо со население од 985 луѓе. Пред пристигнување во пристаништето Cirkewa, можност за кратка посета на Светилиштето на Пресвета Богородица (Ta Pinu Sanctuary)-римокатоличка базилика и национално светилиште.Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј на нејзиниот остров. Гозо за разлика од Малта може да се пофали со повеќе зеленило,со својот ридест пејсаж и живописни населби што дополнително го прави овој остров пошармантен и единствен.Посета на познатата локација на прозорецот Азур во Дувара.Бидејќи Гозо е добро познат и по волнената стока и рачно изработената чипка,правењето на мед и сирење ние ќе го посетиме пазарот каде што можеме да ги пробаме сите производи од прва рака.Панорамски разглед на Рабат или Викториа (Victoria & Citadel), главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади.Цитаделата е видлива од речиси целиот остров,која се крева стрмно над околните села.Разглед на Dwejra & Inland Sea – лагуна на морска вода на островот Гозо поврзана со Средозменото море преку отворот формиран од тесен природен лак. Враќање во хотел.Ноќевање.

 

02.02.2020 (четврток) МАЛТА – ВАЛЕТА

Појадок.Можност за посета и разглед на главниот град на Малта – Валета, изграден од Витезите на Св.Јован, чие што културно наследство се открива пред вас како што ќе се движите по самите улици на градот.Градот е под заштита на УНЕСКО од 1980 год.Валета поради своите бастиони и тврдини,заедно со убавината на барокните згради долж тесните улица е познат уште како и Величенственот (Супербисима). Прошетка низ сликовитите улички се до Градините “Barracca” од каде што има панорамски поглед на Големиот Залив и на Трите Града: „Vittoriosa“, „Cospicua“ „Senglea“. Посета на богато украсената Катедралата и музеј на Св. Јован, дом на светски познатите уметнички ремек дела од Караваџо и Матија Прети. Посета на црковниот музеј во кој се изложени бели фламански таписерии. Можност за индивидуална прошетка низ центарот на градот и шопинг.Враќање во хотел. Ноќевање.

 

03.01.2020 (петок) Селото на Попај МАЛТА

Појадок. Посета на  Popeye village , факултативно, како и плажите на северниот дел на островот.


04.01.2020 Појадок.Слободно време за индивидуални активности до заминување на аеродром.Трансфер до аеродром.Лет за Скопје со Wizzair  во 15:55 часот. Слетување во Скопје 17:35 часот.

390 eur за уплата до 30.10.2019

469 eur за уплата по 30.10.2019

Во цената е вклучено:

 

Во цената не е вклучено:

      (Conspicoa,Vittoriosa and Senglea)Blue GrottoMarsaxlokk – 50еур;

 

Општи напомени за патување:

НАПОМЕНИ:

newwaysoftravel Превземи целосна понуда