Пребарување

Внесете клучни зборови:

8ми Март 2020

Март во Барселона 2020

Март во Барселона 2020

МАРТ во БАРСЕЛОНА

13.03- 16.03.2020 

4 дена/3 ноќевања

Барселона или „каталонската кралица“ е четвртиот најпосетуван град во Светот. Величествен град со прекрасна убавина, кој живее 24 часа дневно. Уживајте во прошетката низ главната градска улица „Рамблас“, застанете покрај живописните човечки статуи или некој од многубројните улични сликари или пак прошетајте низ Готскиот кварт. Уживајте во уметноста на Антонио Гауди и неговата ексцентрична катедрала „Саграда Фамилија“ и паркот „Гуел“. А ако сте навивач на Барселона, тогаш стадионот „Ноу Камп“ е место, кое треба да го посетите.

1 ден: (13.03.2020 - петок) - СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 16:15 часот. Полетување за Барселонa во 17:55 ч. Пристигнување во Барселона во 20:45 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.

2 ден: (14.03.2020– сабота ) - БАРСЕЛОНА (ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД, РАМБЛАС, АКВАРИУМ, МАРЕМАГНУМ)

Појадок во хотел. Факултативен панорамски разглед на Барселона: плоштадот Каталонија,  авенијата Рамблас, Споменикот на Колумбо, Каса Мило, МАРТ (40 минутен разглед), , Готскиот кварт (50 минутен разглед). Прошетка низ познатата улица „Рамблас“, една од најдинамичните улици во Светот. Потоа ќе имате можност за факултативна посета на Аквариумот  – еден од најголените и најубавите аквариуми во Европа. Следува слободно време за индивидуални активности и можност  во шопинг центарот „Маремагнум“  за кафе пауза, ручек или шопинг. Во вечерните часови Ви препорачуваме посета на Шпанскиот плоштад и на Магичните фонтани. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден: (15.03.2020 – недела ) -  БАРСЕЛОНА (ПАРК ГУЕЛ–ШПАНСКО СЕЛО; НОУ КАМП, ФЛАМЕНКО)

Појадок во хотел. За овој ден предлагаме факултативен излет за да поминете прекрасен ден низ парковите на Барселона. Започнуваме со посета на паркот Гуел - едно од најголемите ремек дела на Антони Гауди и знаменитост на Барселона. Потоа се упатуваме кон Шпанското село кој претставува музеј на отворено. Настанато во 30-тите години на XX век, како изложба, која требало да ги обедини и прикаже основните карактеристики и разноликоста на селата во Шпанија. Факултативен полудневен излет до еден од најпознатите стадиони во светот – „Ноу Камп“ на кој игра фудбалскиот клуб „Барселона“. Ќе имате можност да го видете музејот на клубот со многубројните трофеи. Враќање во хотел со метро. Организирана факултативна Фламенко вечер во ресторан, каде ќе имате можност да уживате во прекрасното Фламенко шоу. Враќање во хотел со метро. Ноќевање

4 ден: (16.03.2020- понеделник) - БАРСЕЛОНА (Золошка градина и парк Цитадела) – СКОПЈЕ

Појадок во хотел. Одјавување од хотел. За денешниот ден, наш предлог е целодневна факултативна посета на парк Цитадела и Зоолошката градина . Сместена во централниот парк на Барселона, претставува една од најголемите и најпосетени Зоолошки градини со преку 1 милион посетители годишно. Во огромното пространство сместени се над 2.500 видови на животни. Изградена е како отворен тип на зоолошка градина, каде има можност за директен контакт со дел од животните. До пред неколку години, оваа градина беше дом на единственото албино горила што постоеше во светот. Оваа Зоолошка градина е атрактивна за сите возрасти и претставува забава за цела фамилија. Индивидуално враќање во хотел и слободно време. Трансфер до аеродормот во Барселона во 19:00 часот. Чекирање, пасошки и царински формалности. Полетување кон Скопје е во 21:25 часот. Пристигнување на скопскиот аеродром во 00:10 часот локално време.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 339 € (21.018 мкд) ПО ЛИЦЕ

ЦЕНA ПО ЛИЦЕ - 389 € (24.118 мкд.) – ЛИЦЕ ШТО НЕМА ДА КОРИСТИ ФАКУЛТАТИВИ

Ограничен број на места!!

 ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ: РАЗГЛЕД + ПАРКОВИ + ФЛАМЕНКО = 110 €,

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

Задолжително пријавување за факултативите во агенција до 01.02.2020 и минимум пријавени патници за  реализација: 16.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ