Пребарување

Внесете клучни зборови:

Далечни патувања

МАУРИЦИУС ( 3ДЕК - 10 ДЕК)

МАУРИЦИУС ( 3ДЕК - 10 ДЕК)

                                                    МАУРИЦИУС

                                    Плажи од соништата, бујна вегетација, љубезност и луксузни хотели

 

                                   3 ДЕКЕМВРИ – 10 ДЕКЕМВРИ 2018

 

                                        ЦЕНА ОД  1509 еур ПО ЛИЦЕ

                              (авио билет + хотел + трансфер по лице)

 

Маурициус е остров во југозападниот дел на Индиски океан околу 855 км источно од Мадагаскар, 2000 км. од источната обала на Африка.

Островото е откриено од Португалците во 1505 год., а први колонизатори биле Холанѓаните. Французите владееле со него во 18 ти век, а Британците го зазеле островот во 19 век. Маурициус стекнал независност во 1968 година, а 1992 год. постанал Република и денес е една од најразвиените земји на Африка. Маурициус со површина од 1864 км.е дел од Маскаренските острови.

Овој архипелаг настанал од остатоци на вулканска ерупција, но денес на тие подрачја нема вулкански активности. Околу островот Маурициус постои корален гребен кој го штити островот од големи бранови и е многу погоден за пливање во лагуните, со што го прават островот најбезбеден од другите острови во Индиски океан

                                                            

 

 

 

 

 

 

 

                                                           ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:

 

1 ден – индивидуален чек ин на шалтерот на Туркиш аирлинес  авио компанија и лет према итинерерот на авио билетот во 20:40 ч. на 02 декември. Лет преку Истанбул и слетување во Маурициус 13:15 часот на 03 декември.

 

2 ден -  Организиран трансфер од аеродромот до хотелот по избор. Сместување. Ноќевање.

 

3 ден –  8 ден – сместување во хотелот на наведената услуга. Слободно време за индивидуални активности.

 

8 ден – Напуштање на хотелот. Трансфер од избраниот хотел до аеродром. Лет за Истанбул на 10 декември в 21:05 ч. Слеување во ёскопје на 11 декември во 08:00 ч. Крај на програмата.

 

 

 

 ХОТЕЛ:

 

VERANDA GRAND BAIE HOTEL 3* - хотелот е опкружен со тропска градина на сама плажа, во центарот на Гранд Беј, во близина на многу бројни ресторани, кафичи и продавници.57 км одалечен од аеродром и  22 км од главниот град Порт Луис. Секоја соба  е комфорт со  површина од 30 м2. Доручек и вечера на база шведска маса. Услугата е  полупансион. Цена: 1509 еур по лице

https://www.veranda-resorts.com/en/mauritius-hotel-veranda-grand-baie

The St. Regis Mauritius Resort  5* - хотелот се наоѓа на сама песочна плажа, собите се многу конфортни а хотелот нуди многу луксузни содржини. Услугата е ноќевање со појадок. Цена: 2316 еур по лице

https://www.marriott.com/hotels/travel/mruxr-the-st-regis-mauritius-resort/?scid=bb1a189a-fec3-4d19-a255-54ba596febe2

Veranda Pointe aux Biches Hotel 3* - хотелот се наоѓа на северозападна обала од островот , директно на плажата Pointe aux, одалечен 7 км од Гран баиа, и 54 км од аеродромот. Секоја соба е комфорт соба, со 32 м2 површина,. Доручекот и вечерата се служат на база шведска маса. Услугата е полупансион.  Цена:  1780 еур по лице

https://www.veranda-resorts.com/en/mauritius-hotel-veranda-pointe-aux-biches

Во цената е вклучено:

-авио билет на релација Скопје – Истанбул – Маурициус и назад

-сместување во одбраниот хотел со 5* или 3 * на дадената услуга

-трансфери од аеродром до хотел и назад

-аеродромски такси

 

 Цената не вклучува:

-дополнителни трошоци во хотелот

-дополнителни трошоци за излети и други посети

-патничко и здраствено осигурување

 

Итинерер на авио билетот:

 1  TK1006 W 02DEC 7 SKPIST HK1          2040 0020+1

  2  TK 160 W 03DEC 1 ISTMRU HK1       0220 1315  

  3  TK 161 W 10DEC 1 MRUIST HK1       2105 0605+1

  4  TK1003 W 11DEC 2 ISTSKP HK1        0830 0800                 

 

Напомена; За реализација на овој аранжман потребни се најмалку 2 лица !

ЗА ПОСЕТА НА МАУРИЦИУС НЕ Е ПОТРЕБНА ВИЗА

Агенцијата го задржува правото за измена на програмата и цените во зависност од моменталната расположливост на капацитетите во авионите и хотечите !