Пребарување

Внесете клучни зборови:

Чартер понуди од Солун

Миконос - чартер програма од Солун

Миконос - чартер програма од Солун

Надалеку познатиот Миконос, Ибица на Грција, космополитски остров - повеќепати прогласен за најддобра дестинација за одмор...

Цена по лице од:

310€

Цената вклучува:

Во понудата имаме голем избор на сместувања - апартмани и хотели. Бројот на денови и датумот на поаѓање го бирате вие. Има можност за престој од 7 до 14 ноќевања.

За да ви направиме понуда според вашите барања и желби, ве молиме јавете се во агенција

Со право, многупати прогласен за најдобра дестинација за одмор. Одлични плажи, наградувани ресторани, легендарни забави, скапи јахти, прекрасни вили, луксузни хотели, убави луѓе, услуга со 5 ѕвезди. Миконос ќе ве заведе. Прошетајте низ оваа раскошна Егејска светлина и ќе останете безнадежно заљубени.

Моќта на ѕвездите

Тешко е да се замисли времето кога Миконос бил смирен мал остров, без електрична енергија. Се се променило во 1950-тите, со доаѓањето на Аристотел Оназис, Марија Калас, Џеки О, Марлон Брандо, Грејс Кели, Принцезата Сораја, Елизабет Тејлор, Нуреев, Пјер Кардин, Ставрос Ниархос ... така легендарните имиња станаа поврзани со островот Миконос и тој брзо станал најпосакувана дестинација за одмор во Грција за супер богатите, уметниците и филмските ѕвезди.

Каде и да погледнете, околу вас е лавиринт од избелени улици. Во Гиалос ќе ги најдете познатите пеликани, како и Агиос Николаос Тис Каденас, Градското собрание од 1780 година и впечатловото училиште Мавроу. Преку Баркиас ќе стигнете до црквата Панагија Парапортјани, комплекс од пет цркви, завршен во 17 век.

Можеби едно од најфотографираните места на островот Мала Венеција се состои од домови кои се изградени во 18 век со темели во морето. Се мисли дека зад овие врати над водата, пиратите би го чувале својот плен. Денес тие се претворени во барови и ресторани и поглед кон плиткото Егејско Море. Друга главна атракција на Миконос се ветерниците, завртени кон морето, а во текот на ноќта се убаво осветлени. Напојувани од ветерот, овие ветерници се користеле за мелење брашно до почетокот на 20 век.

24-часовна забава

Погледнете кој танцува бос околу вас; вашите омилени ТВ-ѕвезди, супермодели, модни-дизајнери, поп ѕвезди. На Миконос се еможно. Од малата Венеција до Супер рајот, од Матојанија до Псароу, Орно, Рај ... забавата трае цело лето. Ден и ноќ, спонтано и организирано, со гости диџеи од целиот свет. Одморот на Миконос значи забава, забава и повеќе забава - шампањ на плажа, коктели на балконите, танцување и флертување до зајдисонце.