Пребарување

Внесете клучни зборови:

НОВА ГОДИНА

МИЛАНО НОВА ГОДИНА СО КОМО и ЛУГАНО, Aвион/5 дена/4 ноќевања, 31.12-04.01.2020

МИЛАНО НОВА ГОДИНА СО КОМО и ЛУГАНО, Aвион/5 дена/4 ноќевања, 
31.12-04.01.2020

Авион / 5 дена/ 4 ноќевања, 31.12-04.01.2020

31 Декември 2019 (Вторник) СКОПЈЕ–НИШ - МИЛАНО

Организиран превоз до аеродром НИШ. Лет од аеродром НИШ за Милано со RAYANAIR во 10:35 часот. Пристигнување во Милано Бергамо  во 12:25 часот. Трансфер до Милано. Сместување во хотелот по 14:00 ч. Слободно времеи  можност за шопинг по прекрасните новогодишни тезги поставени во центарот на Милано…  Враќање  во хотел. Учество во новогодишните прослави на централниот плоштад во Милано или на новогодишна вечера по желба и претходна резервација. Ноќевање.

01 Јануар 2020 (среда) МИЛАНО

СРЕЌНА НОВА ГОДИНА! Појадок. Запознавање со елитниот Милано, еден од најразвиените урбани центри во Европа, модна престолнина што стои рамо до рамо со Њујорк, Лондон и Париз. Разглед на убавините на градот: Замокот Сфорцеско, пешачката улица Данте, Плоштадот Дуомо и Катедралата Дуомо, Galleria Vittorio Emanuele што ги поврзува Катедралата Дуомо и една од најпознатите оперски куќи во светот, Миланската Скала, градската куќа на Милано... Почувствувајте ја највисоката мода во најпознатата модна икона Galleria Vittorio Emanuele, изградена во период 1865-1867 година, импресивна градба, фасада со царски лик, а внатрешноста плени со толку многу луксуз и детали за восхит. Во средината на Галеријата е поставен плоштадот - октагон чиј под е украсен со прекрасни мозаици, симболите на главните градови на обединета Италија - Рим, Фиренца, Милано и Торино (традицијата вели дека ако едно лице ја стави петата на гениталиите на бикот и се сврти во круг три пати, ова ќе му донесе среќа). Над октагонот е поставена стаклена купола висока 47 метри и околу неа се насликани мотиви кои ги претставуваат континентите: Европа, Африка, Азија и Америка... Можност за посета на Црквата Santa Maria delle Graziе. Враќање во хотел. Слободно време за одмор. Ноќевање.

 

02 Јануар 2020 (четврток) МИЛАНО – ЛУГАНО- КОМО

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на Лугано, гратче во Швајцарија, што лежи на брегот на езерото Лугано под Алпите. Поради добрите климатски услови, развиеното банкарство и понудата за богата забава, го нарекуваат “Швајцарско Монте Карло”. Посетата на Лугано дава можност за прошетка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк, еден од најубавите во Швајцарија Parco Civico... Прошетката продолжува со посета на живописното италијанско гратче Комо, кое се простира на брегот на истоименото езеро, едно од најпознатите и најдлабоките езера во Европа. Околу Езерото, светскиот џет сет има свои вили и го поминува својот одмор. Можност за крстарење по езерото-факултативно. Тука се снимени и некои од подобрите филмски остварувања, меѓу кои и Казино Ројал со Џејмс Бонд. Враќање во хотел. Ноќевање

03 Јануари 2020 (петок) МИЛАНО - ТОРИНО

Појадок. Слободно време во Милано или по желба целодневна екскурзија до “Vicolungo Outlet” и Торино - индустриски, бизнис и културен центар во северна Италија, главниот град на Пиемонт. Пешачки разглед: плоштадот “Пиаца Кастело” со палатата “Палацо Мадама” - резиденција на кралските вдовици од 17 в.; палатата “Палацо Реале” - кралска резиденција до 1865 год.; црквата “Сан Лоренцо”, изградена во 17 в.; катедралата "Св. Јован Крстител "од 15 в.; познатата шопинг-улица "Гарибалди". Учество во новогодишните прослави на централниот плоштад во Милано или на новогодишна вечера по желба и претходна резервација. Ноќевање.

 

04 Јануари 2020 (сабота)       МИЛАНО – НИШ – СКОПЈЕ

Појадок. Трансфер до аеродромот во Бергамо. Заминување во 11:35 часот.  Слетување на аеродромот во НИШ  во 13:20 часот. Организиран превоз до Скопје. Пристигнување во попладневните часови.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  390 еур / за уплата до 21.10.2019

                                               469 еур / за уплата по 21.10.2019

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Превоз со туристички автобус до аеродром во НИШ

Авио превоз НИШ-МИЛАНО-НИШ

Сместување во Хотел со 3* во Милано на база 4 ноќевања со појадок

Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Разглед на Милано 10еур

Факултативна посета на Лугано и Комо 30еур

Крстарење по езерото Комо 10еур

Туристичка такса 3-5 евра на ден ( се плаќа во хотелот)

 

НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници.

За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ

Цените се дадени во Евра, уплата се врши исклучиво во денарска противредност по курс 1евро = 62 мкд

Пасошот реба да има важност мин.3 месеци од денот на враќање во државата

newwaysoftravel Превземи целосна понуда