Пребарување

Внесете клучни зборови:

НОВА ГОДИНА

МИНХЕН - КАТОЛИЧКИ БОЖИК

МИНХЕН - КАТОЛИЧКИ БОЖИК

Минхен – Баварска “Метропола со душа”, еден од најубавите градови во Германија, културен и боемски центар, град со бројни историски споменици кои зборуваат за вековните Баварски владетели од династијата Вителсбах, многубројни ремек дела од модерната технологија и архитектура како што е и познатата Алианс – Арена. Светски центар на саеми, град на пивници и Октоберфест кои ги обврзуваат посетителите да ја почуствуваат типичната баварска атмосфера со свежо точено пиво и коленица.

Дворци во Баварија – На ексцентричниот баварски крал Лудвиг II му пошло од рака од осум века собраното државно и семејно богатство на династијата Вителсбах  да го потроши за краток временски период градејќи ги дворците од соништата: Ноешванштајн, Линдерхоф, Херенкимзе. Поради нивното градење кое ја доведе државата до банкрот, кралот е прогласен за непресметлив и бил затворен.

Парадоксално, овие дворци достојни за секоја бајка, денес, и покрај посетата на милион туристи сеуште го враќаат долгот на државата.

                                             (23.12. – 26.12.2017)

 

1 ден 23.12.2017 СКОПЈЕ – Минхен

Состанок со групата на аеродромот Александар Велики во11:00 часот. Директен лет за Минхен во 13:00 часот.Пристигнување во Минхен во 15:05часот. Разглед на градот Дворецот Нимфенбург, летната резиденција на Вителсбахови, резиденција Максимилианеум, националната опера и театар, галерија на нови и стари Пинакотеки, центарот на градот со Мариенплац, плоштадот Виктуалиенмаркт. Сместување во хотелВо вечерните часови фалултативна посета на пивница. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

2 ден. 24.12.2017 МИНХЕН – ЛИНДЕРХОФ – ОБЕРАМЕРГАУ – НОЕШВАНШТАЈН – МИНХЕН

Појадок. Можност за факултативна посета на живописното гратче Оберамергау, светски познат по традиционалната манифестација Христовото страдање на пат на Голготата, на која се посветени сите мештани за време на долготрајните подготовки и одржување на свеченоста. Потоа посета на најрепрезентативниот дворец – палатата на Лудвиг II, Линдерхоф(првобитно изграден во време на Максимилијан II  за потребите за лов, кој потоа Лудвиг II искажувајќи ја максимално својата екстравагантност потполно го има преуредено во рококо стил а своите соби ги позлатил нештедејќи воопшто средства). Потоа се посетува бајковитиот дворец Ноешванштајн, подигнат на карпа во стилот на старогермански витешки замок, кој го инспирирал Волт Дизни да ги направи препознатливите шпици за бројни цртани филмови ….. Враќање во хотел.. Ноќевање.

 

3 ден. 25.12.2017 МИНХЕН

Појадок. Можност за факултативна посета на најголемото баварско езероКим (Chiemsee). Возење со брод до “машкиот остров” – Херенкимзе. Во низата на раскошни палати изградени во времето на екстравагантниот крал, истоимениот дворец на овој остров кој е последен изграден во рококо стил, по модел на Версај.Посетата на палатата и музејот Лудвиг II. Враќање во Минхен. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

 

4 ден. 26.12.2017 МИНХЕН Скопје

Појадок. Слободно време за индивидуални активности до времето определено за трансфер до аеродром во 12.50часот. Директен лет за Скопје во 15.50 часот.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 299€/18.540 ден.

 

Цената на аранжманот вклучува:

·         Авио билет со вклучена голема кабинска торба

·         3 ноќевања со појадок во хотел 3* во Минхен

·         Разглед на Михнен

·         Професионален лиценциран пратител за време целото патување

Цената на аранжманот не вклучува:

 

 

·         Аеродромска такса ( 3200 мкд)

·         Задолжителна доплата од 80€  за влезница во дворците: Херекимзе, Ноешванштајн и Линдерхоф (со трошоците за резервација) и карта за брод Приен – Херекимзе – Приен

·         Патничко осигурување – 5€

 

 

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

 

newwaysoftravel Превземи целосна понуда