Пребарување

Внесете клучни зборови:

11 Октомври

Октомври во Сицилија

Октомври во Сицилија

 

СИЦИЛИЈА во Октомври

11-14.10.2018

 

Сицилија Италија скриени рајски плажи, богата и интересна историја и приказните за мафијата кои е невозможно да не се слушнат, се главните адути на Сицилија кои ги примамуваат туристите од цел свет да го посетат овој медитерански остров. Сицилија, еден од најголемите острови на Средоземното Море, е италијански регион со посебен статус, широка политика и управна автономија, чиј главен град е Палермо. Овде секоја година се „провлекуваат“ илјадници туристи од сите краеви на светот.

 

11Октомври2018   СКОПЈЕ –СОФИЈА-КАТАНИЈА

Организиран трансфер до Софиски аеродром со попатни царински формалности. Полетување за Катанија 20:35 часот локално време.  Директен лет. Пристигнување во Катанија во 21:15 часот.Организиран трансфер до Џардини Наксос. Сместување во хотел. Ноќевање.

 

12Октомври 2018   Џардини Наксос - Таормина

Појадок. Факултативен излет до Таормина прочуена низ целиот свет. Овие средновековни гнезда на накит на виските врвови преку јонското море со пријатна клима и температури преку целата година нудат вистинско задоволство за секого. Ќе уживаме во Грчко-Романскиот Театар сместен на таков начин што овозможува директен поглед на морето и планината Етна одзади, просто како жива разгледница. Palazzo Corvaja, Катедралата, малите тесни улички со прекрасни балкони и фасади... Време за шопинг! Враќање во хотелот. Ноќевање.

 

13Октомври2018  Џардини Наксос - Месина

Појадок. Факултативен излет до Месина со посета на историскиот центар, плоштадот и катедралата, која може да се пофали со најголемиот и најсложениот механички астрономски часовник во светот. Тој придвижува сложена композиција од позлатени бронзени фигури на фасадата на саат кулата точно во 12 часот на пладне. Прошетка до панорамската тераса меѓу храмот “Христос Пантократор” и параклисот на Монтале, каде што има неверојатен поглед на Месина. Продолжување кон Тиндари. Уште по пристигнувањето на плоштадот ќе можете да уживате во глетката кон резерватот “Езерата Маринело” и Еолијските острови. Потоа можете да го посетите Храмот на Црната Мадона со локален водич , каде се наоѓа легендарната скулптура на Божјата мајка, пренесена од Византија. За љубопитните, може да се разгледа и археолошкиот комплекс на Тиндари и да се посети грчкиот театар, римските терми и добро сочуваните остатоци од старогрчката колонија. Во слободното време можете да вкусите различните производи од бадеми и да си купите традиционални сувенири. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

14 Октомври2018  Џардини Наксос – Катанија -Софија

Појадок. Напуштање на хотелот. Факултативна посета на најпознатиот европски вулкан Етна, како и на блиската Таормина. Несекојдневна можност да се чекори по површина која наликува на месечината, со разглед на групата кратери “Силвестер” како и кратерот од последната ерупција во 2001 година.  Потоа трансфер до аеродромот во Катанија. Полетување за Софија во 21:55 часот. Директен лет. Пристигнување во Софија во 03:35 часот локално време. Организира трансфер до Скопје. Во Скопје пристигнување утрината на 15.10.2018.

 

Промотивна цена: 390еур по лице во двкреветна соба

 

 

Во цената се вклучени следниве услуги:

- Организиран трансфер Скопје-Софија -Скопје

- Повратен авио билет Софија-Катанија-Софија со кабински багаж 10кг

- Организиран трансфер аеродром Катанија - хотел - аеродром Катанија;

- 3 ноќевања со појадок во  хотел во Џардини Наксос;

- Организација на патувањето.

 

 

Не се вклучени:

Факултативните излети наведени во програмата.

newwaysoftravel Превземи целосна понуда