Пребарување

Внесете клучни зборови:

Есен 2019

РИМ АВИОН 11ОКТ

РИМ АВИОН 11ОКТ

 Вечниот град -  РИМ   

 

 

Авион / 4 дена / 3 ноќевања            

Рим, не бил изграден во еден ден – и ќе ви треба повеќе од еден ден да го доживеете овој безвременски град . Вистински колаж на плоштади, пазари на отворено и неверојатни историски локалитети. Скоро 3.000 години глобално влијателна уметност, архитектура и култура... Античките рушевини, Форумот и Колосеумот, ја прикажуваат моќта на поранешната Римска империја... Ватикан, седиштето на Римокатоличката црква, со базиликата на Свети Петар и музеите на Ватикан, во кои се сместени ремек-делата на Микеланџело... Фонтана Ди Треви и фрлена паричка за среќа... Шпанските скали...                                               

 

11 октомври                        СКОПЈЕ - РИМ                                             

Состанок на групата на аеродром Александар Велики во 12:30 часот. Лет за Рим  во 14:25 часот. Слетување во Рим во 16.00 часот. Автобус за трасфер не пречекува на аеродромот Чампио... Пристигнувањер во центарот на Рим, каде не чека локален водич и започнува панорамско разгледување на градот (околу 4часа): Плоштадот Дел Пополо, Виа Дел Корсо, Плоштадот Венеција со споменикот на Виктор Емануеле, мостовите на Тибар, Палатата на Правдата, Тврдината Сан Ангело, Црквата Св. Петар... Трансфер до хотел и сместување. Вечерта слободно време да украдете дел од културата на италијанците...пица, паста, вино, кафе, сладолед... Ноќевање.

 

12 октомври                        РИМ – ВАТИКАН

Појадок. Факултативно – организирана посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи..., Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело и најголемата Црква Св. Петар.... Слободно попладне, пауза за ручек. Слободно попладне за индивидуални прошетки или во договор со водичот, можност за посета на знаменитости. Ноќевање.

  13 октомври                        РИМ - ТИВОЛИ

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на паркот Тиволи со прекрасната Вила Д'Есте - е најубавиот пример и симбол на италијанската ренесанса, заштитена од  УНЕСКО како Светско културно наследство. Вилата е позната по прекрасните фонтани кои се вистински уметнички дела. Во попладневните часови – факултативна, организирана прошетка низ центарот на Рим, уживање во убавините на градот: Шпанските скали, познати како "дневна соба на градот", Фонтаната Ди Треви и легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим, Пантеон, прекрасниот плоштад Кампидољо, Римскиот Форум, Колосеумот, Црквата Св. Климент... Пауза за ручек. Прошетката продолжува по боемскиот кварт Транстевере. Во вечерните часови враќање во хотел со локален превоз. Ноќевање.

14 октомври        РИМ – СКОПЈЕ 

 

Појадок. Слободно време за прошетки и шопинг. Организиран трансфер до аеродромот Чампино. Полетување за Скопје во 16:30 часот. Пристигнување во Скопје во 18.10 часот.

ЦЕНА за уплата до 20.08

 

 

    266ЕУР

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ           366

 

 

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Аеродромски такси 3.700 мкд

Туристичка такса 6еур на ден (се плаќа во агенција)

Доплата за чекиран багаж - куфер до 10kg 1.800 мкд *(цената може да се промени како наближува летот)

Влезници во музеите и културно историските споменици

Карти за локален превоз (метро)

Патничко – здравствено осигурување

Доплата за еднокреветна соба 4.700 мкд

 

 

Факултативни излети:

Посета на Ватикан со локален водич и влезница– задолжително пријавување и уплата во агенција 55 евра

Посета на Тиволи со локален водич и влезница– задолжително пријавување и уплата во агенција 50 евра

Организирани пешачка прошетка низ центарот на Рим 15 евра

 

 

 

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи.

За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.

За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

 

 

Начини на плаќање:

Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата (важи и за цената во предпроидажба). Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање. 

 

 

Општи напомени за патување:

Т.Агенција го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.

За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

Организаторот на патувањето го задржува правото за промена нараспоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.