Пребарување

Внесете клучни зборови:

НОВА ГОДИНА

РИМ (НОВА ГОДИНА)

РИМ (НОВА ГОДИНА)

РИМ

Нова Година 2018
Авион / 5 дена / 4 ноќевања
31.12.2017 - 04.01.2018

 
 

"Вечниот град", "Градот на седум брда" или "Престолнината на светот" е всушност една од најатрактивните и најпосетени европски дестинации. Создавањето на Рим е обвиткано со магла од легенди, па без обзир на тоа колку ни делува нестварно, денеска најблиска ни е Легендата за Ромул и Рем и Волчицата која ги одгледала на Палатино, едно од седумте Римски брда. Според неа, Ромул откако го убил Рем, ги пронашол ѕидините на напуштениот град на брегот на реката Тибар и му дал име Рим. Ова се случило на 21 април 753 год, пред нашата ера, па со право градот го носи името Вечен град. Рим е културно-историски центар на Италија и Европа, а стариот дел на градот е вистински музеј на отворено исполнет со остатоци од древни згради, триумфални капии, плоштади со фонтани, Цркви и Катедрали и познатиот Колосеум кој е најголемиот амфитеатар воопшто изграден во Римското Царство. Овде е навистина премногу тешко да се одвои она што мора де го видите, но сепак ќе ги спомнеме најинтересните и најважни знаменитости. Не пропуштајте ја посетата на Ватикан, на Колосеумот, Црквата Св. Петар, Шпанските скали, Виа Венето и секако фрлете паричка во фонтаната Ди Треви со желба повторно да дојдете во овој град кој ќе ви остане во незаборавно сеќавање.

 

 

 31 Декември (недела) Скопје - Рим

 

Состанок на групата на аеродромот Александар Велики во 11:00 часот. Директен лет со Визер во 13:15ч. Слетување во Рим во 15:00 часот. Трансфер до хотел.Сместување. Вечерта можност за дочек на Нова Година на плоштад во Рим или факултативно избор на траториа. Ноќевање.

 01 Јануари (понеделник) РИМ

 

Појадок. Пнорамско разгледување на градот: Виа Венето, Шпанските скали, Олтарот на мирот, плоштадот Венеција, Римскиот форум, Виа Дел Корсо, Колосеумот, мостовите на Тибар, црквата Св. Петар, Фонтаната Ди Треви… Слободно време за индивидуални активности. Препорачуваме посета на  Вила Боргезе, Зоолошката градина, Колосеум,  црквата Св. Клемент ( каде се наоѓаат моштите на Кирил и Методи)  Ноќевање

02 Јануари (вторник) РИМ - Тиволи

 

Појадок. Можност за факултативна посета на местото Tиволи. Прекрасната Villa D’Este и нејзината градина се наоѓаат на листата на светското културно наследство под закрила на UNESCO. Со импресивните петстотини фонтани, нимфи, пештери, игри со вода и музика, претставува копиран модел на најпознатите Европски градини во маниристички и барок стил. Враќање во Рим. Слободно попладне за индивидуални активности. Препорачуваме кафе/сладолед на плоштадот Навона, Трастевере....Ноќевање

 

03 Јануари ( среда) РИМ - Ватикан

Појадок. Факултативна посета на Ватикан: Сикстинската капела, Ватиканските музеи, црквата Св.Петар… По разгледот, препорачуваме прошетка преку Мостот на Ангелите до плоштадот Навона, познат и како уметничка четврт на Рим. Можност за краток одмор со уживање во вкусот на италијанското кафе. Слободно попладне за индивидуални прошетки, предлагаме прошетка низ главните шопинг улици на Рим: Via Nazzionale и Via del Corso. Ноќевање.

04 Јануари (четврток)  РИМ – Скопје

Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Во 12:30 часот трансфер до аеродром. Директен лет за Скопје со Визер во 15:00ч. Пристигнување во Скопје.                                     

   

 

   Цена по лице во двокреветна соба : 499€ / 30.938,00 мкд

 

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

·         Авионски превоз: Скопје - Рим – Скопје (со вклучена голема кабинска торба)

·         Oрганизирани трансфери во Рим: аеродром - хотел - аеродром

·         Сместување во хотел 3*, на база 4 ноќевања со појадок

·         Организиран панорамски разглед на Рим со водич

·         Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

·         Аеродромските такси во Скопје и Рим ( 3.200 мкд)

·         Факулативни излети и посети:

·         Посета на Ватикан со вклучен превоз со метро, водич и влезница (45 €)

·         Посета на Тиволи со вклучен трансфер, водич и влезница (50 €)

·         Италијанска Tраториа – (55€ билокој ден; 110€ Новогодишна вечер )

·         Задолжително патничко осигурување

·         Задолжителна туристичка такса, по лице, на ден (се плаќа на рецепција во хотел).

Забелешки:

·         Организатор на ова патување е Њу Вејс оф Травел

·         За резервации потребен е аванс од 30% од вкупнот износ на аранжманот

·         Целосна уплата, 15 дена пред започнување на аранжманот

·         Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот

·         Доколку не се оствари минималниот број на патници, Организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети

·         Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето

·         ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА АРАНЖМАНОТ ПОТРЕБЕН Е МИНИМУМ ОД 15 ПАТНИЦИ

·         Плаќањето ќе се врши исклучително во денари по курс од 62мкд за 1€

 

newwaysoftravel Превземи целосна понуда    newwaysoftravel Превземи целосна понуда