Пребарување

Внесете клучни зборови:

8ми Март 2020

РИМ

РИМ

      

 

 

 

 

ВЕЧНИОТ ГРАД РИМ, МАРТ 12-15.2020

 
12. Март (Четврток)                         СКОПЈЕ - РИМ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 15:50 часот. Полетување за Рим во 17:20 и слетување во 18:55 часот. Трансфер до хотелот. Сместување во хотелот.Можност да ги истражите убавините на градот во ноќна варијанта, со дегустација на локални специјалитети и вино. Ноќевање.

13. Март (Петок)                                   РИМ            
Појадок. Прошетка низ центарот на Рим и уживање во убавините на градот:

со факултативно разгледување на градот: Аурелијановите ѕидини, Каркалините терми, Циркус Максимус, Палатино, Константиновата Арка, Базиликата Св.Јован Латенарски, Диоклецијановите терми, Плоштадот на Републиката..Црквата Св. Петар во ланци со статуата Мојсие – познатото дело на Микеланџело, Колосеумот, Римскиот Форум, Плоштадот Венеција со прекрасниот Плоштад Кампидољо, Пантеон... Прошетката продолжува со посета на Плоштадот на Народот, Шпанските скали познати како „дневна соба на градот" и Фонтаната Ди Треви со легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим. Слободно време за индивидуални прошетки во еден од главните градови на модата. Ноќевање.

14. Март (Сабота)                                ВАТИКАН
Појадок. Факултативна посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхитувачките колекции на слики, скулптури, стари мапи и таписерии, незаобиколната Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело со уникатни ремек дела и најголемата Црква на светот Св. Петар... Попладнавна прошетка преку мостовите на Тибар покрај Палатата на Правдата и Тврдината Сан Ангело, до Плоштадот на уметниците со прекрасните фонтани – Плоштадот Навона, да се почувствува атмосферата на кафулињата со „вистинско” италијанско кафе. Препорачуваме вечера во боемскиот кварт Транстевере во национален ресторан – траториа, со мени од италијанската кујна. Ноќевање.

15. Март (Недела)                                РИМ - СКОПЈЕ 
Појадок. Слободно време за шопинг по познатата улица Виа Дел Корсо. Трансфер до аеродромот во Рим. Полетување за Скопје во 20:15 и слетување во 21:50 часот.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:   299 евра 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО: 

- Авионски превоз на релација Скопје-Рим-Скопје 

- Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm до 10kg) 

- Трансфер во Рим од аеродромот до хотелот и обратно 

- Сместување во Хотел 3* во поширокиот центар на Рим на база 3 ноќевања со појадок  

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето   

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО: 

- Аеродромски такси - 3.700 денари  

- Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен багаж со димензии 50х40х23cm

   (со максимум 10kg) - 1.700 денари 

- Доплата за куфер за чекирање (со максимум 10kg) - 1.400 денари 

- Доплата за поголем куфер за чекирање (со максимум 20kg наместо 10kg) - 2.200 денари 

- Туристичка такса 6 евра на ден (се плаќа во хотелот) 

- Факултативни излети: 

- Посета на Ватикан со локален водич, превоз, резервација и влезница - 55 евра 

- Тиволи 45евра

- Организирана пешачка прошетка низ центарот на Рим - 15 евра 

- Антички Рим 35 евра

- Факултативна вечера во ресторан 

- Влезници во музеите и културно историските споменици 

- Kарти за локален превоз (метро) 

- Патничко - здравствено осигурување 250 денари                                                          

                                                  

    Општи напомени:

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А.Њу Вејс оф Травел

newwaysoftravel Превземи целосна понуда