Пребарување

Внесете клучни зборови:

Велигден 2020

ТОСКАНА Пиза,Чинкве Тере, Сиена, Сан Џимињано...

ТОСКАНА
Пиза,Чинкве Тере, Сиена, Сан Џимињано...

Тоскана се смета за лулката на италијанскиот јазик во која се родиле едни од најпознатите италијански уметници и поети. Овој регион кој се наоѓа во центарот на Италија е еден од најголемите и најубави во “Mагична Италија“. Главен град на регионот Тоскана е Фиренца, град кој е прочуен во светот по својата убавина и многубројните културно-историски споменици, но и по природната убавина. Овој град преставува музеј на отворено, родно место на италијанската ренесанa и со својта уникатна убавина се смета за еден од најромантичните градови на светот.  Во овој регион се сместени и други познати градови како Пиза, Сиена, Лука, Арецо и Ливорно. Овој регион исто така бил дом на најпознатите уметниц: Петрарка, Данте, Ботичели, Микеланџело, Леонардо... Покрај културно историското богатство не треба да го занемариме и природното богатство со прекрасни пејсажи на винови лози. Преубавата кујна и познатите вина со прочуен квалитет произведени токму од гроздовите на лозовите полиња кој ќе ве пленат со прекрасна глетка е уште една плус причина да го посетите овој регион кој несомнено нема да Ве остави рамнодушни.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
 
16.aприл (четврток) СКОПЈЕ – ПИЗА - МОНТЕКАТИНИ
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во Скопје, во 11:30 часот. Поаѓање за Монтекантини во 12:00 часот. Излез од Македонија преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.
 
17.aприл (петок) ПИЗА - МОНТЕКАТИНИ
Пристигнување во Пиза во пладневните часови. Разглед на Пиза, кој е лоциран на бреговите на Тосканската ривиера, некогаш моќна поморска сила чијашто флота скоро 150 години била најголема сила на Средоземното море. Посета на  Пијаца деи Мираколи: Катедралата, Крстилницата, Кампо С - анто, Кривата Кула, Звоната на катедралата... Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време поаѓање за Монтекатини. Сместување во хотел. Слободно време за прошетка и уживање во Монтекатини, една од најубавите бањи во Италија. Ноќевање.
 
18.aприл (сабота) МОНТЕКАТИНИ - CINQUE TERRE - МОНТЕКАТИНИ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки или факултативна целодневно патување до најпознатите и најживописни селца на Италијанската ривиера. Разлгед на регионот со локален водич. Пристигнување во градот La Spezia од каде се продолжува со воз. Cinque Terre е област лоцирана на Лигурското крајбрежје сочинета од 5 селца: Monterosso al Mare, Vernazza, Corniglia, Manarola и Riomaggiore, кои со околните планини го сочинуваат Националниот парк CINQUE TERRE, кој е под заштита на UNESCO. Овој дел од Италијанската ривиера е еден од најпознатите  и најживописните туристички центари. Враќање во La Spezia.  Враќање  во хотелот во вечерни часови. Ноќевање. 
 
19.aприл (недела) МОНТЕКАТИНИ - СИЕНА - САН ЏИМИЊАНО - МОНТЕКАТИНИ
Појадок. После појадокот слободно време за индивидуални активности и прошетки или факултативна целодневна посета на Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена позната по своето уметничко наследство како и по својот урбанистички средновековен стил. Овој град бил изграден како римска колонија во времето на императорот Август. Разглед на градот со шармантни лавиринти кои водат до главниот плоштад Пјаца дел Кампо. Обликуван како полукруг, плоштадот има гигантски амфитеатар кој е опкружен со ресторани и барови. Разгледот започнува од Црквата Сан Доменико, Пијаца Салимбени, Катедралата од 12 век, прошетка низ познатите сиенски контради. Во срцето на Сиена се наоѓа еден од најубавите плоштади, познат по Палио - фестивал на коњски трки. Слободно време се до поаѓање за Сан Џимињано - мал средновековен град, со добро зачуван градски амбиент од 13 и 14 век. По пристигнувањето во Сан Џимињано следи прошетка и разглед на градот. Слободно време. Враќање во Монтекатини.Ноќевање.
 
20.април (понеделник) МОНТЕКАТИНИ - ФИРЕНЦА - СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот и заминување кон Фиренца - главниот град на регијата Тоскана и провинцијата Фиренца, сместен на брегот на реката Арно. Фиренца е еден од најсликовитите Италијански градови, познат и како Бисерот на ренесансата. Панорамско разгледување на градот во кој твореле големите уметници на 14 и 15 тиот век: Базиликата на Св. Крст (Santa Croce) - Фиорентинскиот Пантеон со гробовите на великаните ( Макијавели, Росини, Данте, Галилеј), палатата Гонди во која Леонардо ја наслика Мона Лиза, плоштадот Сињори (своевиден музеј на отворено со бројни скулптури, ремек дела на ренесансата, стариот мост Понте Векио и истоимената палата, Базиликата Сан Лоренцо со капелата на Медичи, крстилницата Сан Џовани...Слободно време се до заминување кон Македонија. Ноќно возење низ Словенија, Хрватска, Србија со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје наредниот ден во пладневните часови. 

Цена на аранжманот: 199 € (12.340,00 мкд.) 
За уплати до 20.02.2020: Посета на Фиренца - ГРАТИС

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со автобус на наведената релација
- Сместување во хотели ***, во околина Монтекатини 3 ноќевања со појадок
- Разгледи на Пиза
- Разглед на Фиренца со локален водич (за уплати до 20.февруари)
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО: 
- Влезници за музеите и културно - историските споменици
- Целодневен излет на Cinque Terre (трансфер, CinqueTerre card – воз до 5-те места, користење на wi-fi , трансфер од железничка до центар на Ла Специја, водич ) -45€
- Патничко здравствено осигурување
- Задолжителна посета на Фиренца ( 10 Еур ) 
-Посета на Сиена и Сан Џамињано (трансфер + локален водич) - 40€(минимум 30 патници);
- Туристичка таксa по лице од ден, уплата индивидуално на рецепција во Хотел (околу 3€ на ден )
- Индивидуални трошоци