Пребарување

Внесете клучни зборови:

Далечни патувања

Jужна Африка од 3450€

Jужна Африка 
од 3450€

Jужна Африка,Замбија,Намибија

09.03-24.03.2019

16 дена/13 ноќевања/авион

Јоханесбург, попознат како Jo’бург или Јожи, е град кој многу брзо се менува и претставува самото срце на Јужноафриканската Република. По речиси 20 години пад, градот конечно гледа со оптимизам кон иднината. Jo’бург е неверојатно пријателски, опуштен град во кој има што да се види, од неодамнешното минато на земјата во Музејот на апартхејдот до современите улици на Мелвил.

Замбија е уште една од африканските земји која може да се пофали со огромните природни убавини и етничката разлика. За краткото време предвидено со оваа тура ќе се посети едно од природните светски чуда, Викториините водопади.

Мал број афрички земји може да им парираат на природните убавини на Намибија. Името на земјата потекнува од нејзината (а и светски) најстарата пустина Намиб. Низ внатрешноста планините Науклуфт, Брандберг, Спицкопе и Дамараланд прават сликовити природни пејсажи.

ХОТЕЛ 

3*/4*

              УСЛУГА                  

 

 

ПРЕМА ПРОГРАМАТА

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ВО 1/2 СОБА  

3450  €(213.900)  УПЛАТА ДО 31.10

Доплата за 1/1 (еднокреветна соба)

790 €(48.980)

Цена по лице во 1/2 соба  

 3550 €(220.100)редовна цена

 Доплата за 1/1 (еднокреветна соба)

   790 €(48.980)

 

 

 

 

 

 

 

1. ПРВ ДЕН (09.03.2019) БЕЛГРАД – ДОХА
Состанок на групата на аеродромот ,,Никола Тесла” пред шалтерот на Контитки травел во 09: 40 часот. Лет за Доха во 11:40 часот (лет QR 232). Слетување во Доха во 18:45 часот. Чекање до следен лет.
2. ВТОР ДЕН (10.03.2019) ДОХА-КЕЈП ТАУН
Полетување за Кејп Таун во 01:45 часот (лет QR 1369) . Пристигнување во 11:05 часот. Трансфер до хотел. Сместување. Полудневен разглед на градот, кој се смета за еден од најубавите градови на Афричкиот континент и завзема импресивна положба. Разгледот опфаќа возење низ Малајската четврт Бо КААП, позната по тесните улички од калдрма, потоа посета на познатата Тејбл (маса) планина (доколку дозволат временските прилики) , која е специфична по својата микро клима и ендемските видови на флората и фауната.  Спуштањето од планината се одвива со жичара и претставува прекрасно несекојдневно доживување. Разгледот продолжува со посета на најинтересните делови од централното градско подрачје со нивните згради и споменици. Враќање во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.
3. ТРЕТ ДЕН (11.03.2019)  -  КЕЈП ТАУН
Појадок. Целодневен излет на Р’тот Добра надеж. Можност да стапнете на најјужната точка од Афричкиот континетн до кој допловиле првите европски морепловци во 15тиот и 16тиот век. Излетот вклучува запознавање со флората и фауната на малиот полуостров Добра надеж, како што се пингвините, морските лавови, многу ретките црни корморани и други, како и возење со бродче до островот Дуикер (доколку дозволат временските услови). Посета на националната ботаничка градина, во светот прочуена по необичните ендемски видови поради кои се наоѓа меѓу 7те напојзнати светски ботанички градини. Враќање во хотел. Ноќевање.
4. ЧЕТРВТИ ДЕН (12.03.2019) – КЕЈП ТАУН – ЈОХАНЕСБУРГ – ПРЕТОРИЈА – ЈОХАНЕСБУРГ
Трансфер до аеродром. Полетување за Јоханесбург во 12:20 часот (лет BA 6414). Слетување во 14:20 часот. Поаѓање за Преторија со автобус  ( околу 1 час возење), една од официјалните престолнини на Јужна Африка. Преторијаните својот град го нарекуваат џакаранди (вид на дрво со многу убави цветови). Истовремено тој е и многу значаен историски град со интересни градби и споменици поврзани со историјата на градот и земјата. Враќање во Јоханесбург. По враќањето, кратко панорамско разгледување на градот во кој е пронајдено првото парче злато и од каде започнала ,,златната грозница” во втората половина на 19ти век.  Денес Јоханесбург е еден многу модерен град  и најголем трговски центар во цела Африка.
Сместување во хотел. Ноќевање.
5. ПЕТТИ ДЕН (13.03.2019) – ЈОХАНЕСБУРГ -  ЛИВИНГСТОН (ВИКТОРИИНИТЕ ВОДОПАДИ) (ЗАМБИЈА) 
Појадок. Трансфер на аеродром. Полетување за Ливингстон во 11:00 часот (лет BA 6291). Слетување во 12:45 часот.
Викториините водопади се вистинско ремек дело на природата и се наоѓаат на границата меѓу Замбија и Зимбабве. Возење со брод по реката Замбези, пред заоѓањето на сонцето, глетка која претставува незаборавно доживување. Ноќевање.
6. ШЕСТИ ДЕН (14.03.2019) – ЛИВИНГСТОН (ВИКТОРИИНИ ВОДОПАДИ) – ЈОХАНЕСБУРГ- ВИНДХУК (НАМИБИЈА)
Појадок. Прошетка околу водопадите (само од замбијска страна) кои ги нарекуваат и седмо светско чудо на природата. По прошетката трансфер до аеродром. Полетување од Јоханесбург во 13:30 часот (лет  BA 6292).  Слетување во  15:15 часот. Патувањето продолжува за Виндхук во 19:30 часот  (лет  SA 078).  Слетување во 21:25 часот. Трансфер до хотел.Сместување. Ноќевање.
7. СЕДМИ ДЕН  (15.03.2019) ВИНДХУК – ЕТОША
Појадок. Поаѓање кон северниот дел од земјата со автобус, преку Окаханџа, место познато по предметите од резба , Ојиваронга , сточарска област. Патувањето покрива далечина од 390 километри, во траење од 5-6 часа. Пристигнување во лоџ во близина на Етоша паркот и сместување. Ручек. Попладнето сафари возење. Вечера. Ноќевање.
8. ОСМИ ДЕН (16.03.2019) -  ЕТОША НАЦИОНАЛЕН ПАРК
Појадок. Целодневно сафари возење. Возење низ националниот парк на Етоша. Името во превод значи ,,големо бело место на сува вода”, односно солена вдлабнатина која се наоѓа во средината на паркот. Паркот е познат во светот по разноврсни животински видови. Во него живеат 114 видови на мамала, 340 видови на птици, 16 видови на рептили, еден вид на риба и безброј видови на инсекти. Денес завзема површина од преку 23.000km².  Ручек и вечера. Ноќевање.
9. ДЕВЕТИ ДЕН (17.03.2019) – ЕТОША – ТВАИФЕЛФОНТЕИН (ДАМАРЛЕНД)
Појадок. Возење до ,,скаменетaта” шума до Тваифелфонтеин  (околу  325 km – 4-5 часа возење). Скаменетата шума се наоѓа на ридче од песок по кое се расфрлени стеблa  за кои се верува дека се стари околу 260 милиони години. Должината на стеблата е и преку 30 метри, а имаат пречник околу 6 метри. Има околу 50тина стебла. Тваифелфонтеин  се наоѓа во срцето на Дамарленд (земја на дамара племињата) , а познат е како најголема галерија на петроглифи, стари околу 6000 години. Во близина се наоѓааат познатите базални формации, така наречени свирала за оргуљи  (organ pipes), кои се стари преку 125 милиони години. Тоа се стеновити столбови кои подсетуваат на свирала или цевки на оргуљи во некоја голема црква. ,,Планината која гори”  е последниот природен феномен за денешниот ден. Кратка посета на локалниот музеј.  Да се доживее овој феномен најповолен дел од денот е рано наутро или касно попладне кога портокаловите врвови светат- горат  во тие периоди на денот.
Сместување во лоџ. Ручек и вечера. Ноќевање.
10. ДЕСЕТИ ДЕН (18.03.2019) – ТВАИФЕЛФОНТЕИН – СВАКОПМУНД
Појадок. Патувањето продолжува кон Свакопмунду (445 км околу 7-8 часа возење). Тоа е летувалиште на брегот на Атланскиот океан со многубројни градби од германскиот колонијален период. Втор по големина град во Намибија, а исто така и летна престолнина, поради можностите за капење и други спортски активности. Сепак климата во овој град е доста чудна, утрата и вечерите може да бидат свежи преку цела година поради што Свакопмунд не го вбројуваат во светските тропски Меки како што многумина би очекувале. Има доста ресторани, кафетерии, уметнички галерии, музеи, парк на змии и аквариум. 
Враќање во хотел. Сместување. Слободно попладне. Ноќевање.
11. ЕДИНАЕСЕТИ ДЕН (19.03.2019) – СВАКОПМУНД
Појадок. Посета на Валвис заливот (околу 30 км) од каде се оди на крстарење со брод по лагунта во која има полно делфини и морски лавови. Валвис беј (заливот) е главен поморски град во земјата. Се поминува покрај голема дрвена платформа, позната како птичји остров. Платформата е изградена  за да им овозможат на птиците да прават свои гнезда и да се собира птичји измет од кој се произведува ѓубриво. Лагуната е позната по разни видови на птици. На бродот се служи закуска со освежителни пијлоци.  Враќање во Свакопмунд . Можност за факултативна посета на Мондеса, само на неколку километри оддалечена од центарот на Свакопмунд каде што ќе доживеете еден друг свет кој е потполно афрички.
Ноќевање.
12. ДВАНАЕСЕТИ ДЕН (20.03.2019) – СВАКОПМУНД – НАМИБ НАУКЛУФТ
Појадок. Патувањето продолжува кон југот на земјата (околу 350км – 5-6 часа возење) низ пустината Намиб, која се граничи со Атланскиот океан на запад и се протега на 1400 км во правец север-југ, широчина 140 км.  Најстарата и најекстремната пустина на земјата. Се одликува со несекојдневна убавина на разноврсни пејзажи , кои се менуваат од огромни пространи рамнини до пространо ,,море” од песочни дини, гребенасти длабоки кањони, вулкански камења и оддалечени планински венци. Уживање во возењето кога сонцето заоѓа. Сместување во лоџ во рамките на националниот парк.
Ручек и вечера. Ноќевање.
13. ТРИНАЕСЕТИ ДЕН (21.03.2019) – НАМИБ – НАУКЛУФТ НАЦИОНАЛЕН ПАРК
Појадок. Целодневен престој во националниот парк со посети. Овој е еден од најголемите национлни паркови во Африка, кој покрива голем дел од Намиб пустината и Науклуфт планината. Во него живеат најретките видови на флора и фауна. Една од најголемите атракции му е Сосувлеи, неверојатното ,,море” од песочни дини кое е составено од шарен кварцан песок, па така може да ја менува бојата од кремаста до портоклова, црвена или виолетова. Со текот на времето ветровите формирале разни интересни облици од врвовите на дините. Посета на Сесреим кањонот, 30м длабок. Го формирала реката Чаушаб , која се пробивала низ 15 милиони години старите наслаги од песок и шљунак.
Враќање во лоџ. Слободно попладне. Ручек и вечера. Ноќевање.
14. ЧЕТИРИНАЕСЕТИ ДЕН ( 22.03.2019) – НАЦИОНАЛЕН ПАРК – ВИНДХУК
 Појадок. Поаѓање за Виндхук (околу 350км – околу 6 часа возење). Пристигнување. Во попладневните часови разглед на главниот град на Виндхук , кој се наоѓа во срцето на Намибија. Токму поради таквата местоположба престставува главен трговски и деловен центар во земјата. Надморската височина од 1.660м овозможува да има многу пријатна клима  во текот на цела година. Брои околу 280.000 жители, а по улиците ќе сретнете луѓе од сите етнички групи кои живеат во Намбија. Старата архитектура на градот била под големо влијание на Германија. Во текот на разгледот ќе ги видите: старата градба на Кристкирхе (Христовата црква) , Алте Фесте – најстарата градба во градот, националната галерија, Тинтенпаласта или зградата на Парламентото и др.Ноќевање.
15. ПЕТНАЕСЕТИ ДЕН (23.03.2019) – ВИНДХУК – ДОХА
Појадок. Трансфер на аеродром. Полетување за Доха во 12:55 часот  (лет  QR 1374). Слетување во 23:45 чсот. Чекање до следен лет.
16. ШЕСНАЕСЕТИ ДЕН (24.03.2019) – ДОХА – БЕЛГРАД 
Полетување за Белград во 06:50 часот  (лет  QR 231). Слетување во 10:40 часот.
 

Цената на аранжманот вклучува :

• Превоз со авион и автобус на наведените релации
• Сместување во двокреветни соби во хотели со 3*/4* (локална категоризација) 
• Оброци според програмата – појадок / ручек / вечера
• Реализација на комплетната програма
• Трансфери
• Техничко водство од официјален претставник  од агенција

Цената на аранжманот не вклучува:

• Аеродромски такси  – 433 евра / 26.846 денари  (променливи)
• Дополнителни аеродромски такси во странство  (се плаќаат на лице место доколку ги има)
• Динарски дел на аранжманот -  1790 РСД /20 € / 1.240денари
• Виза за Јужна Африка  – 40 евра / 2.480 денари
• Виза за Намибија  – 80 евра / 4.960 денари
• Трошоци за визирање за двете земји  – 150 евра / 9.300 денари
• Виза за Замбија се добива по слетување во Замбија и на лице место се плаќаат -  50 УСД (долари)
• Факултативните посети
• Бакшиш за локалните водичи и возачи – се препорачува за овој дел од светот
• Патничко осигурување