Пребарување

Внесете клучни зборови:

Крстарења

MSC / ОПШТИ УСЛОВИ

MSC / ОПШТИ УСЛОВИ

MSC / ОПШТИ УСЛОВИ НА КРСТАРЕЊЕ

Почитувани патници,
Ве молиме прецизно да да ги проучите одредбите на општите услови на патување на MSC Cruises. Се применуваат на вашето патување а вие ги прифаќате со потпишување на договорот, пријавата за крстарење, со патничката агенција и со редовните уплати од износот. Истото се однесува на сите други одредби и услови објавени на патните карти, потврдите и ваучерите.Поимот туристички аранжман има вообичаено значење и е одреден според важечката законска регулатива.
 
Законски услови
Заедно со општите услови на патување, договорот за патување е регулиран со посебни услови за кои е патникот известен, како и Бриселската конвенција од 1970 и Атинската конвенција од 1974, кои се однесуваат на превозот на патниците и нивниот багаж, по море како и уште некои применети конвенции.
 
Резервација
Патникот извршува резервација преку својот патнички агент зависно од расположливите места на бродовите. Резервацијата станува важечка со потишување на договорот/пријава за патување истовремено извршувајќи уплата на делимично или целосен износ. И со примање на писмена потврда од организаторот на патувањето или неговиот овластен застапник кој претходно ја примил потврдата за организирање на патувањето.
 
Сместување на бродот
Организаторот има право на патникот да му додели друга кабина од договорената, но со исти карактеристики.
 
Известување
Организаторот на патувањето сам или по пат на своите овластени агенти благонавремено ги известува патниците околу деталите за нивното договорено крстарење, што не биле претходно објавени во брошурите.
 
Плаќање
Пред почетокот на патувањето се плаќа 25% од туристичкиот аранжман вклучувајќи ги и пристанишните такси и премијата за осигурување. Целиот износ треба да се плати најдоцна до 30 дена пред поаѓање на бродот. Ако резервацијата се во рок од тие 30 дена пред поаѓање, се уплатува целокупниот износ. Во случај уплата да не се изврши во предвидениот рок, организаторот на патувањето или неговиот овластен застапник може еднострано да го раскине договорот за патување.
 
Цената вклучува
Сместување во избраната кабина за времетраење на крстарењето, оброците на бродот (доручек, ручек, вечера, меѓуоброк и полноќен оброк), услугата за преносот на багажот во пристаништата и услугата за превоз до пристаништето на местата каде што бродот не се врзува со брегот. Во цената не е вклучено: пристанишните такси, пијалоците, излетите во местата каде што бродот застанува, вообичаените напојници за бродскиот персонал, ниту останатите лични трошоци на патникот.
 
Пренесување на договорот 
Патникот може да го замени друга особа која ги задоволува и прифаќа условите на договорот. Писмена изјава до организаторот на патување или неговиот овластен застапник треба да им се достави најкасно 4 работни дена пред патувањето. И двете особи се одговорни кон организаторот во врска со плаќањето на патувањето и трошоците кои би можеле да настанат за време на преносот на договорот. Преносот на договорот не е возможен при резервациите обавени по бродарската тарифа Прима Премиа.
 
Промени
Промени во цените на крстарењето или туристичкиот аранжман можат да се случат поради измените во цената на превозот, горивото, пристанишните и аеродромските такси, позначајни промени на курсната листа и други околности вон контрола на организаторот. Цената неможе да се покачи на повеќе од 10% од објавената цена на крстарењето. Ако дојде до тоа, патникот има право на отказ на договорот за патување. Цената во никој случај нема да се покачи во периодот од 20 дена пред крстарењето. Пред поаѓање на бродот организаторот може да направи промени во некои елементи од договорот со навремено писмено обавестување на патникот назначувајќи ги видовите на промени и можните промени на цените. Патникот може да ги одбие промените и да го раскине договорот. Ако после почетокот на крстарењето некоја од услугите предвидени во договорот не е во можност да се исполни, организаторот ќе одреди друго адекватно решение без никакви додатни обврски за патникот. Доколку организаторот не биде во можност да пружи алтернатива или патникот од оправдани причини не ја прифати, организаторот на патникот ќе му обезбеди превоз до пристаништето или до друго место кое ќе одговара и ќе ја врати разликата помеѓу целосната уплата на патувањето и искористените услуги до моментот на прекин на патувањето. Организаторот на патувањето има право предвидениот брод да го замени со друг со исти карактеристики поради технички, оперативни или други оправдани причини.
 
Отказ на патувањето
Ако организаторот го откаже патувањето поради недоволен број на патници, патникот има право на друг туристички аранжман со ист или повисок квалитет со враќање на дел од средствата или на договoрeн износ во целост. Патникот треба да го информира организаторот во рок од два работни дена од приемот на известување за промените, измената на цената или отказ на патувањето. Во сите други случаеви кога патникот се откажува од патувањето враќањето на средствата се обавува според периодот кога ќе се добие писмено известување за отказ на патувањето од страна на патникот, додека износите уплатени за пристанишните такси и осигурувањето не се враќаат на клиентот.
 
Од уплатениот износ се задржуваат средства за отказни трошоци според следните стапки:
а) 10% од цената на крстарењето ако известувањето за отказ е примено во периодот помеѓу 60 до 46 ден пред објавеното поаѓање на бродот. 
б) 25% од цената на крстарењето ако известувањето за отказ е примено во периодот помеѓу 45 до 31 ден пред објавеното поаѓање на бродот. 
в) 50% од цената на крстарењето ако известувањето за отказ е примено во периодот помеѓу 30 до 16 ден пред објавеното поаѓање на бродот. 
г) 75% од цената на крстарењето ако известувањето за отказ е примено во периодот помеѓу 15 до 6 ден пред објавеното поаѓање на бродот.
 
Патникот нема право на никаква рефундација на средства во следните околности:
-ако го откаже патувањето во период од 5 дена пред поаѓање.
-ако навремено не се пријави за поаѓање и заминување од пристаниште.
-ако од било која причина го прекине веќе започнатото патување.
-ако нема важечка патна исправа и/или влезни и транзитни визи за земјите кои бродот ги посетува.
Секој отказ мора да биде доставен до организаторот или овластениот застапник во пишана форма со додаток на сметката и/или патната карта. Отказот стапува на сила со прием на факс или достава по пошта.
 
P&P – “Прима Премиа”
Овие цени се однесуваат на секој кој доволно однапред ќе го резервира саканото крстарење. P&P цените се однесуваат на вториот патник во кабината, особата која патува со патникот кој ја плаќа полната сума на крстарењето. P&P цените со попуст од 10% до 100% важат за сите крстарења до одредениот пополнет капацитет, рокот на неговата важност односно применуваност не е однапред одредена. Децата до 18 год на 3 или 4 лежај во иста кабина не плаќаат сместување. Откако ќе се изврши резервацијата по P&P тарифата не е допуштено менување на патникот. Поточно, секоја промена повлекува автоматски отказ на резервацијата и наплата на сторно трошоците според стапките објавени на претходната страница. Сторно трошоците се применуваат на цената на крстарењето. Ако промената на името односно отказот на патувањето следи порано од 60 дена пред тргнување, се наплаќаат трошоците за пристанишните такси и осигурување во целост.
 
Фамилијарен план
На бродовите на MSC Cruises, MSC Orchestra и MSC Opera, кај сите крстарења по Медитеранот може да се резервираат две поврзани кабини кат.10 за фамилија со две деца до 18 години по следната пресметка:
Двете возрасни лица плаќаат полна цена според каталогот, првото дете по P&P цените, а второто дете не плаќа за сместувањето.
 
Недоволен број на патници
Организаторот на патувањето има право да го поништи договорот ако не достигне минимален број од 200 патници. Во тој случај организаторот има обврска да ја врати уплатата во рок од 7 работни дена од денот на отказ на договорот или негово поништување.
 
Овластувања на заповедникот на бродот
Заповедникот на бродот има право на пловидба без пилот, може да влече други бродови или да им пружи помош, да го измени курсот на пловидба, да застане на било кое пристаниште, да го пренесе патникот и неговиот багаж на друг брод ако е тоа потребно за продолжување на патувањето. Како представник на организаторот на патувањето, заповедникот има право да забрани качување на бродот на лице чие здравје спрема негова проценка, би било во опасност за време на крстарењето. Исто така има право во било кое простаниште на патувањето да побара симнување на патник на кој поради здравствени причини продолжувањето на патувањето не би му било препорачливо или симнување на патник кој пречи при крстарењето или представува опасност за другите патници.
 
Обврски на патникот
Патниците мораат да имаат важечки пасош или друга важечка патна исправа за сите држави во чии пристаништа е предвидено по итинерерот да се застане. Треба да се запознаат со правилата на организаторот за патувања и да се однесуваат во склад со нив. Патникот ќе одговара за секоја штета која ќе ја направи на бродот како и за штетата направена на другите особи на бродот или вон него. Обврска на патникот е да се придржува на сите правила кои се пропишани од заповедникот, а се однесуваат на сигурноста на бродот и пловидбата. На бродот патникот не може да внесува животни, ладно или огнено оружје, муниција, експлозивни или други опасни направи.
 
Обврски на организаторот
Организаторот на патувањето е одговорен спрема патникот во случај да не ги исполни обврските превземени со продажба на туристичкиот аранжман. Организаторот не е одговорен за било каков губиток или потрага на патниците кои ќе изчезнат поради невообичаени, непредвидливи или неизбежни околности вон контролата на организаторот, и поради било чив пропуст на трета страна која нема врска со патувањето или виша сила, но не се ограничуваат само на штрајкови,туку вклучувајќи ги околностите кои се директно условени од одлуките на одредена Влада, директиви издадени од страна на осигурувањето, терористички активности или други слични случувања. Организаторот не одговара за пропустите кои при извршување на обврските спрема патникот би можеле да настанат од патничката агенција или други посредници во извршување на договорот.
 
Ограничување на одштетата
Одговорноста на организаторот е ограничена и меѓународните конвенции кои го третираат предметот, посебно Варшавската конвенција за авионскиот превоз од 12.10.1929, Бернската конвенција за железничкиот превоз од 25.02.1961, и од можни други одговорности Бриселската конвенција од 23.04.1970.
 
Рекламација и барања за одштета
За било каков недостаток во извршувањето на договорот организаторот или овластениот застапник треба веднаш да бидат известени по писмен пат од патникот. Во случај на рекламација патникот треба препорачано по пошта да ја прати во рок од 10 работни дена од денот на завршување на крстарењето.
 
Пакет патничко осигурување
Во моментот кога ќе се склучи договорот за резервација го советуваме патникот да потпише и полиса за осигурување која ги вклучува 3 видови на осигурување:
-здравствено осигурување
-осигурување од губиток на багаж
-осигурување од незгоди
Полисата ја склучувате кај туристичката агенција. Деталните услови на осигурувањето се изпечатени на полисата за осигурување.