Пребарување

Внесете клучни зборови:

Wellnes and Spa

Nataly Spa 3* и Konak Nataly 4*, Сокобања,Србија

Nataly Spa 3* и Konak Nataly 4*,
Сокобања,Србија

СОКОБАЊА - СРБИЈА

Хотел Nataly Spa 3*** и Konak Nataly 4**** 

 

 

Хотелот „Nataly Spa“ се наоѓа во срцето на Сокобања, оддалечен само 100 метри од прочуеното мермерно шеталиште. Содржи 14 луксузно опремени апартмани во објектот А и четири апартмани во објектот B – Konak Nataly Spa. Хотелот располага со модерен спа центар, базен, соби за масажа и ресторан каде се служи појадок и вечера и ala carte оброци. Ресторанот е опремен со видео бим и проектор, така што може да ги задоволи потребите на гостите за презентација за време на семинарите. Сите услуги им се достапни на гостите секој ден од 09-21 часот. Користењето на Спа центарот е ограничено на 90 минути во текот на еден ден по лице. Неопходно е терминот за користење на Спа центарот да го резервирате на рецепција, исто како и услугите за масажа. Децата помлади од 12 години мора задолжително да бидат под надзор на родител или старател.

Напомена: Сместувањето во Konak Nataly  е во стандардни апартмани.

Цените се изразени по лице од ден според категоријата на апартманот и видот на услугата.

 

Во цената е вклучено:

- Ноќевање со појадок или полупансион

- Туристичка такса

- Целодневно користење на базенот

- Користење на спа центарот: сауна, парно купатило, хидромасажна када, солена соба, тропски туш, тепидариум, кнејп клупа

- WI-FI

- Паркинг

- Клима уред

 

- Деца до 2 години за услугата ноќевање со појадок во придружба на две возрасни лица се гратис, делат кревет заедно со возрасните и плаќаат само осигурување 10 динари дневно.

 

- За услугата полупансион деца од 0-3 години се гратис, деца од 3-7 години имаат гратис сместување и појадок, доплата за вечера 3 евра.

 

- Доколку во еден апартман престојуваат едно возрасно лице и едно дете до 7 години, се наплаќа по ценовникот за едно возрасно лице а за детето во зависност од избраната услуга.

 

 - Доколку во еден апартман престојуваат едно возрасно лице и дете од 7-15 години, се наплаќа по ценовникот за едно возрасно лице а за детето во зависност од избраната услуга.

 

- Доколку сакате да имате доцна одјава од хотелот, доплаќате 13 евра (услугата можете да ја користите доколку во моментот има слободни капацитети во хотелот)

 

- Во цената не е пресметана услугата масажа. Истата се наплаќа по важечкиот ценовник во спа центарот.

 

 

 

Плаќање исклучиво  во денарска противвредност по курс 1€= 62 денари