Пребарување

Внесете клучни зборови:

2024

Андалузија 2024

Андалузија 2024

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Андалузија

Андалусија е јужна шпанска провинција и се смета за можеби најдобар претставник на вистинскиот шпански дух. Овој „страствен“ регион на Шпанија е познат по фламенкото - танц што потекнува од тука, борбите со бикови, песочните плажи, шармантните села и автентичните градови, вкусната храна и темпераментот и пријателските домаќини. Андалузија зачувува богато културно и историско наследство бидејќи е местото каде што се сретнале две религии, христијанската и исламската. Градовите во јужна Шпанија едноставно ги зрачат овие влијанија и како резултат на тоа нудат волшебни и необични градби, од кои многу се на листата на УНЕСКО. Најпривлечните од нив се создадени токму под влијание на арапската власт. Сончевиот брег на Андалузија го красат прекрасни долги песочни плажи: Коста дел Сол (сончев брег) кој има околу 320 сончеви денови годишно, Коста дел Алмерија и Коста Тропикал кои имаат многу приватни заливи каде можете да уживате.

Центар и главен град на Андалузија е Севиља. Град кој ќе ви даде се што ќе замислите кога сонувате за Шпанија. Насмевки, ведар дух на мештаните, гитари, фламенко, црвени фустани, слатки вина, сиеста и фиеста и славење на секој ден од животот...Севиља е град на страста, љубовта и романтиката и не е ни чудо што е градот на најпознатиот љубовник Дон Жуан. Целата убавина на Севиља се рефлектира во оваа арапска изрека „И само сонцето, на својот пат, останува подолго над Севиља за да ужива во нејзината убавина“.

Андалуција може да се пофали со исклучително вкусна храна. Класиката на андалузиската кујна е газпачо - ладна супа подготвена од сиров сечкан зеленчук, а тука се и познатите шпански јадења од тортиља, паела и разни предјадења. Андалусија е позната и по производството на вино, а најпопуларниот пијалок е шери направен од грозје чиј најголем обожавател бил Вилијам Шекспир.

 

АНДАЛУЗИЈА

Бисерите на Шпанија

Авион/ 7 дена/ 6 ноќевања

 

09. Март (Сабота)                             СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ - МАЛАГА                              

Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 07:15 часот. Полетување за Истанбул во 08:45 и пристигнување во 12:20 часот. Полетување за Малага во 13:50 и пристигнување во 16:30 часот. Трансфер до хотелот во Малага и сместување. Овој шпански приморски град, сместен на брегот на Медитеранот, полн е со траги од богатата историја, а изобилува и со пулсирачки модернизам. Освен по широките Авении со палми и паркови со тропски растенија, градот е препознатлив и по мавританската тврдина Гибралфаро и палатата Алкасаба, за која се вели дека била еднаква на Алхамбра, но била запоставена низ вековите… Ноќевање.

10. Март (Недела)                             МАЛАГА                    

Појадок. Разглед на најголемиот јужен европски град Малага, наречен уште и „Престолнина на Коста дел Сол“ и родното место на прочуениот шпански сликар Пабло Пикасо, можност за посета на музејот со неговите дела, прошетка до Римскиот театар, стариот градски кварт и Катедралата... Слободно време за шетање и уживање покрај море. Ноќевање.

11. Март (Понеделник)                    МАЛАГА - СЕВИЛЈА

Појадок. Патувањето продолжува за Севилја. Пристигнување во најинтересниот и најраскошниот град во Андалузија и сместување во хотелот. Разглед на “престолнината” на Андалузија, Алказар, некогашна маварска владетелска палата, величествената Катедрала со повеќе олтари, со дела од познатите шпански сликари Франциско Зурбаран и Гоја и високата кула Гиралда со маварска декорација... Ноќевање.

12. Март (Вторник)                           СЕВИЛЈА        

Појадок. Препорачуваме прошетка до квартот Санта Круз со вкусување на шпанскиот  “тапас” и можност за крстарење со брод по реката Гвадалкивир од Златната Кула, од каде во 16 век испловувале Магелан и Кортес. Во вечерните часови, факултативна посета на шоу програма со фламенко танц, настанат во “темпераментната” Андалузија. Ноќевање.

 

 

 

 

 

13. Март (Среда)                   СЕВИЛЈА - КОРДОБА - ГРАНАДА

Појадок. Тргнување за Кордоба, “осамениот град во срцето на Андалузија”, на брегот на реката Гвадалкивир. Разглед на градот опеан во стиховите на Лорка, град кој ги зачувал своите архитектонски бисери како што се: Стариот мост, Еврејскиот кварт и Џамијата Мескита, симбол на градот и чудо на архитектурата, дел од богатството заштитено од УНЕСКО. Патувањето продолжува за Гранада. Пристигнување во вечерните часови и сместување во хотелот. Ноќевање.

14. Март (Четврток)              ГРАНАДА

Појадок. Разглед на сликовитата Гранада, град на кралскиот пар Изабела од Кастилија и Фернандо од Арагон. Посета на величествената Алхамбра, чие име на арапски значи „Црвена тврдина“. Тоа е една од најголемите туристички привлечности на Пиринејскиот Полуостров, комплексот од исламски и христијански објекти, заедно со прекрасните градини претставувал инспирација за многу поети. Од 1984 година се наоѓа на листата на УНЕСКО како светско културно наследство. Ноќевање.

15. Март (Петок)                   ГРАНАДА – МАЛАГА – ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ

Појадок. Организиран превоз до Аеродромот во Малага.  Полетување за Истанбул во 12:20 часот. Пристигнување во Истанбул во 18:45 и полетување за Скопје во 20:25. Слетување во Скопје во 19:55 часот.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:                    999 евра        (61.950 денари)

 

Цената вклучува:                                                                                          

- Авионски превоз на релацијата Скопје–Истанбул-Малага–Истанбул–Скопје со вклучени Аеродромски такси

- Багаж за чекирање до 30 kg и Рачен багаж (ташна и 1 торба до 8 kg)

- Трансфери со автобус на наведените релации според програмата

- Шест ноќевања со појадок во Хотели 3/4* (Две во Малага, Две во Севилја и Две во Гранада)

- Разгледи и прошетки во градовите според програмата

- Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

Цената не вклучува:

- Влезници во локалитетите, карти за локален превоз (метро)

- Патничко-здравствено осигурување

 

НАПОМЕНИ: За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници

За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ 

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

// $(".covid19").on('click', function() { // $(".covid19").fadeOut().remove(); // });