Пребарување

Внесете клучни зборови:

Есен 2020

АНКАРА И КАПАДОКИЈА 23ТИ ОКТОМВРИ / АВИОН

АНКАРА И КАПАДОКИЈА 23ТИ ОКТОМВРИ / АВИОН

 

 

 

 

Незаборавна авантура со неверојатен поглед на изгрејсонцето над магичните долини во срцето на Кападокија

21.Окомври            Скопје – Истанбул – Анкара

Собир на групата во 06:00 часот на аеродромот во Скопје. Лет за Истанбул во 08:55 часот. Слетување на аеродромот во Истанбул во 11:30 часот (локално време). Летот за Анкара е во 16:00 часот. Во Анкара слетувањето е во 17:00 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотел. Сместување и слободна вечер за индивидуални прошетки. Ноќевање.

22.Октомври           Анкара – Солено езеро – Црвена долина - Кападокија

Појадок. Разглед на Анкара, главниот град на Турција, со локален водич: Големата џамија, Мавзолејот на Ататурк основачот на современа Турција, Етнографскиот музеј, старата зграда на Парламентот. Заминување кон Кападокија со попатна пауза кај големото солено езеро Туз Ѓолу, едно од најголемите солени езера во светот… долго 8о км. широко 50 км. длабоко 50 см. ( во зимскиот период достига длабочина и до 1.5 метар). Најголемиот дел од залихите со сол во Турција се црпат токму од ова езеро… По предвидената пауза се продолжува кон Кападокија. Попатна посета на Црвената Долина со кратка пауза за фотографирање. Пристигнување во пoпладневните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.

23.Октомври            Целодневен излет “ГОЛЕМА ТУРА„

Рано наутро околу 04:30 часот можност за факултативно летање со балон над Кападокија, волшебно, незаборавно, доживување (доколку дозволуваат условите согласно напомената подолу). По летањето кратко наздравување со шампањ и добивање сертификат за летање со балон. Враќање во хотел.

Појадок. По појадокот, следи целодневен факултативен излет Голема Тура: подземниот град Кајмакли издлабен во вулкански камен во VII век пред н.е. еден од најголемите и најдобро сочувани подземни градови во Кападокија во кој се откриени 4 ката под земјата...По посетата на Кајмакли, се продолжува со посета и прошетка низ дел од долината Ихлара долга 16 км, позната по карпестите цркви. Можност за пауза во некоја од традиционалните чајџилници долж реката Мелендиз. Прошетката низ долината продолжува кон манастирот Селиме кој потекнува од VIII век со попатна пауза за ручек во познатото анадолско село Белисирма лоцирано во самата долина Ихлара. Враќање во хотел. Во вечерните часови факултативно посета на традиционален турски ресторан со богата шоу програма со ориентални танци и Дервишка церемонија. Ноќевање.

24.Октомври           Кападокија - “Срцето на Кападокија„ – Кајери - Истанбул

Појадок. Ве водиме во Срцето на Кападокија (задолжителна факултатива). Поаѓање во 08:00 часот. Прошетката започнува со замокот Учхисар, највисоката точка на Кападокија, со величенствен поглед на Ѓореме. Продолжуваме кон Чавушин, напуштено село со пештери и грчки куќи. Следи разглед на Пашабаги, со необичната формација на троглава самовила… Продолжуваме со посета на “Ѓореме музејот на отворено”– огромен манастирски комплекс, познат по фреските од 9ти век , на кои е опишан животот на монасите и Исус Христос. Сите цркви датираат од периодот 10-12 век, велелепни цркви вдлабени во карпите, со преубави фрески со живописни бои кои до денес ја задржале својата свежина, а најзначајна од нив е црквата Св. Василиј… Комплексот е под заштита на УНЕСКО од 1984 год. Потоа посета на долината Дервент, преполна со природни камени форми со ликови на животни, фасцинантни облици од камен, варовник и туфови карпи наречени – волшебни оџаци. Пауза за ручек. Трансфер до аеродромот во КајсериЛетот за Истанбул е во 20:10 часот. Слетување во Истанбул во 21:40 часот (локално време). Слободно време.

25.Октомври           Истанбул – Скопје

Лет за Скопје во 08:30часот. Слетување во Скопје 08:10 часот (локално време).

Цена на аранжманот: 23.500,00 денари (379еур)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Авионски превоз на релација Скопје – Истанбул – Анкара и Кајсери - Истанбул – Скопје со Turkish airlines

- Чекиран багаж до 20кг.

- Трансфер од аеродром до хотел во Анкара

- Сместување во хотел со 3* во Анкара на база 1 ноќевање со појадок

- Сместување во хотел со 3* во Кападокија на база 2 ноќевања со појадок

- Разглед на Анкара

- Посета на соленото езеро Туз Ѓолу

- Посета на Црвената Долина

- Организиција на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Аеродромски такси 6.900 денари

- Целодневен излет “Голема Тура Кападокија”- трансфер, локален водич, влезници и вклучен ручек (без пијалок) __55 еур____

- Задолжителен излет “Срцето на Кападокија” – трансфер, локален водич, влезници и вклучен ручек (без пијалок) __45 еур ___

- Турска вечер со шоу програма, ориентални танци и Дервишка церемонија_45 еур__

- Лет со балон - во зависност од моменталната можност за реализација и протоколите за Covid 19 (информација за цена,одобрение за лет поради Ковид 19, можни слободни места, ќе имаме непосредно пред патувањето.) од _110 еур__

 

Саатници на летовите:

TK1004   21OCT SKPIST 0850 1125 
TK2162   21OCT ISTESB 1600 1700 
TK2021   24OCT ASRIST 2010 2140 
TK1003   25OCT ISTSKP 0830 0810