Пребарување

Внесете клучни зборови:

2024

АРГЕНТИНА И БРАЗИЛ 03.05.2024 - 17.05.2024

АРГЕНТИНА И БРАЗИЛ
03.05.2024 - 17.05.2024

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ

 

03.05.2024 | СКОПЈЕ-БЕЛГРАД

Поаѓање за Белград во 21:00 часот со мини бус до Белград. По завршување на пасошко-царински формалности се упатуваме кон аеродромот во Белград. Пауза на ОМВ кај Ниш....

 

04.05.2024 | БЕЛГРАД-АМСТЕРДАМ-РИО

Се пријавуваваме на шалтерот на KLM  на аеродромот во Белград најдоцна 2 часа пред предвидениот лет кон Амстердам во 06:00 часот. Пристигнуваме во Амстердам во 08:30 часот. Транзит време на аеродрмот до поврзаниот лет кон Рио де Жанеиро во 12:50 часот. Пристигнување во Рио во 19:45 часот. По завршување на пасошка и царинска контрола, со организиран трансфер се упатуваме кон хотелот на Копакабана. Се сместуваме во хотел (пример хотел Royal Rio Palace Hotel 4*). Ноќевање.

 

05.05.2024 | РИО ДЕ ЖАНЕИРО

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или предлог факултативни излети од страна на агенцијата. Ноќевање.

 

06-08.05.2024 | РИО ДЕ ЖАНЕИРО

Појадок во хотел. Слободни денови за индивидуални активности и прошетки или предлог факултативни излети од страна на агенцијата. Ноќевање.

 

09.05.2024 | РИО-БРАЗИЛИЈА

Одјавување од хотелот во однапред договорено време, со организиран трансфер се упатуваме кон аеродромот во Рио, за директниот лет кон Бразилија во 06:00 часот. Пристигнуваме во 07:50 часот. Со организиран трансфер се упатуваме кон хотелот во Бразилија. Се сместуваме во хотел (пример хотел Brasil 21 Suítes Affiliated by Meliá  4*). Организирани факултативни разгледи и екскурзии од страна на агенцијата. Ноќевање.

 

10-11.05.2024 | БРАЗИЛИЈА

Појадок. Предлог факултативни екскурзии или индивидуални разгледи за време престојот во Бразилија. Ноќевање.

 

12.05.2024 | БРАЗИЛИЈА-БУЕНОС АИРЕС

Појадок и одјавување од хотелот. Во однапред договорено време, со организиран трансфер се упатуваме кон аеродромот во Бразилија, за директниот лет кон Буенос Аирес во 20:05 часот. Пристигнуваме во 23:55 часот. Со организиран трансфер се упатуваме кон хотелот во централниот дел на градот (пример хотел NH City Buenos Aires 5*). Ноќевање.

 

13-14.05.2024 | БУЕНОС АИРЕС

Појадок во хотел. Денови предвидени за слободни активности или предлог посети во Буенос. Ноќевање.

 

 

15.05.2024 | БУЕНОС АИРЕС-ИГУАСУ

Појадок и одјавување од хотелот. Во однарпед договорено време, со организиран трансфер се упатуваме кон аеродромот во Буенос Аирес и летаме за Игуасу водопадите во 13:00 часот до аргентинската страна Iguazu International Airport. Слетуваме во  14:50 часот. Факултативно ги разгледуваме водопадите од двете страни и преминуваме на Бразилската. Се сместуваме во хотел (пример хотел Wyndham Golden Foz Suítes 4*). Ноќевање.

.

16.05.2024 | ИГУАСУ (FOZ DO IGUAZU)-РИО-АМСТЕРДАМ

Одјавување од хотелот. Во однапред договорено време, со организиран трансфер се упатуваме кон аеродромот во Игуасу, за директниот лет кон Рио  во 04:05 часот. Пристигнуваме во 06:00 часот. Летот продолжува кон Амстердам во 21:55 и слетуваме на аеродромот во Амстердам во 14:25. Можност по договор со групата да го посетиме Амстердам факултативно. Патувањето продолжува кон Белград во 20:35. Слетуваме во Белград во 22:55 часот. Организиран трансфер на групата кон Скопје со мини бус.

 

17.05.2024 | СКОПЈЕ

Пристигнуваме во Скопје во утринските часови.

 

ПАКЕТ ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ВО ДВОКРЕВЕТНА СОБА: 2365

 

Пакет цената е изрзена по лице во двокреветна соба, при што истата вклучува:

Пакет цената НЕ вклучува:

 

Напомени:

 

Јужна Америка – За некого Рај помеѓу Карибите, Јужниот Пацифик и јужноатланскиот океан, континент преплавен со долга историја и пејсажи кои го одземаат здивот. Јужната хемисфера или јужниот дел на земјината полутопка е домот на еден од седумте континенти на планетата Земја. Јужна Америка опфаќа површина од 17,818,508 км2 и брои 355,070,540 жители, распрскани низ 12 држави (Аргентина, Боливија, Бразил, Венецуела, Гвајана, Еквадор, Колумбија, Парагвај, Перу, Суринам, Уругвај, Чиле, Француска Гвајана).

Овој континент изобилува со голем број на природни атракции како: најголемата дождовна шума во светот и најголемата река (Амазон), највисокиот планински венец надвор од Азија (Андите), островите (Галапагос, Велигденските Острови и Фернандо де Норонха), преубави плажи (особено во североисточниот регион на Бразил), широки пустини (Атакама), ледени пејзажи (Patagonia & Tierra del Fuego), највисокиот водопад во светот (979m Angel Falls, во Венецуела) и еден од најголемите Игуасу водопади,  границата помеѓу Аргентина и Бразил.

Свој белег овде оставиле и луѓето преку древните руини (Мачу Пикчу и другите градови на Инките, Моаи на островот Велигден) до метрополи од светска класа (Сао Паоло, Буенос Аирес, Богота, Каракас, Сантијаго, Лима и Рио де Жанеиро), извонредна модерна и европска архитектура (Бразилија, Буенос Аирес) и шармантни градови изградени во Андите (Каракас, Меделин, Кито, Сантијаго де Чиле). Силното афричко наследство (во Салвадор, Рио и Монтевидео) со својата домородна култура (Белем, Манаус, Куско, Лима, Ла Паз) и влијанието на Истокот (огромната јапонска заедница во Сао Паоло) се мешаат со отпечатоците од иберанските колонизатори. Градот Ушуаја (најјужниот град во светот) и легендарните настани од овој крај на светот - карневалот во Рио и Беримовата Цирио де Назаре, Светското првенство во Танго и фестивалот Вендемија во Аргентина, се исто така дел од магијата на овој неверојатно разновиден и атрактивен континент.
 

АРГЕНТИНА

Динамична и интензивна, Аргентина заведува со својот уличентанго танц, вкусна храна, фудбал, гаучо култура и моќните Анди. Со два збора - коктел од убавини.Сместена помеѓу Андите на запад и Атланскиот океан на Исток, Аргентина го добиваимето од латинскиот збор Argentum, што значи сребро, а првите кои го употребиле истоимениот збор се шпанските и аргентинските колонизатори во 16-от век.

 

Буенос Аирес.

Главени најголем град на оваа грандиозна држава е Буенос Аирес (Buenos Aires), кој се протега по десниот брег на реката Ла Плата, при нејзиното влевање во Атлантискиот Океан.

Модерна метропола која плени со својата улична и култура на живот. Кога велиме улична култура алудираме на танцот и љубовта кои локалните жители ја презентираат буквално во секое населено место.

Од родното место на тангото (улицата Caminito), квартот на италијански мигранти - La Boca, па седо “фудбалскиот дом” на легендарниот Диего Марадона, овде е раскажана приказната за Буенос Аирес. Долга е историјата на овој град, а влијанието на шпанците во 1776 година и британците во 1806 оставило белег засекогаш, но притоа правејќи го еден од највлијателните градови во нивните кралства, во тој период. 

Според последниот попис, Буенос Аирес брои околу 3 милиони жители од кои главно се аргентинци, со италијанско и шпанско потекло, но има и жители со арапски, еврејски, кинески и корејски потекла. Денес, градот претставува еден од водечко економските градови во Јужна Америка, а присуството на туристи од ден на ден постојано се зголемува. Авенијата 9ти Јули (9 de Julio Avenue), Женскиот мост (Women's Bridge), споменикот Обеликс (Obelisco de Buenos Aires) се само дел од знаменитостите кои се мотив за посетителите.

 

Игуасу (водопадите Игуасу)

Во близина на градот Куритиба се наоѓа изворот на реката Игуасу која поминува низ двете најголеми држави на Јужна Америка, Бразил и Аргентина. Поголемиот дел од реката тече низ државата Бразил, а нејзината вкупна должина изнесува 1,320 километри. Во својот слив со реката Сан Антонио, реката Игуасу ја формира границата помеѓу Бразил и Аргентина. Оваа река ја красат повеќе од 250 водопади и упади кои варираат од 60 до 82 метри и го носат нејзиното име, Игуасу. Водопадите се мотив за посета на илјадници туристи ширум светот, а брзо и лесно достапни преку двата аеродроми кои се во близина на истите: Бразилскиот меѓународен аеродром Фоз до Игуасу (ИГУ) и Аргентинскиот меѓународен аеродром Катаратас дел Игуасу (ИГР). Водопадите Игуасу се специфични по тоа што можете да ги набљудувате од двете соседни држави, Аргентина и Бразил. Убавината на водопадите е заштитена од Национален парк Игуасу (Аргентина) и Национален парк Игуасу(Бразил). Двата парка се одредени од УНЕСКО како Локации од светското наследство, еден во 1984, а другиот во 1987година.

 

БРАЗИЛ

Држава со големина колку половина континент (Јужна Америка), самба, карневал, фудбал, прекрасни и долги песочни плажи, планини, реки, споменици на природата, споменици заштитени од УНЕСКО, се само дел од зборовите кои ќе Ве асоцираат само на една држава – Бразил. Бразил е петтата по големина држава во светот (по Русија, Канада, Кина и САД) и трета по големина во Америка. Главен град на државата е Бразилија, а најнаселен (со 11 милиони жители) е Сао Паоло. Вториот е поставен на туристичката мапа на светот, но сепак целото внимание е насочено кон Рио де Женеиро.

 

Рио де Женеиро

Рио де Женеиро или често нарекуван само Рио, е град на истоимената држава кој е воедно втор по големина во Бразил, а трета метропола во Јужна Америка, со вкупна бројка на жители во неговата внатрешност од 6 милиони. Рио е најпосетуваниот град во јужната хемисфера и познат по неговите природни опкружувања, славењето на карневалите, самбата, ритамот на Боса Нова и плажите Бара де Тихука, Копакабана, Ипанема и Леблон. Во прилог на плажите е најпознатата знаменитост овде - статуата на Исус Спасителот ('Cristo Redentor'), лоцирана на врвот напланината Корковадо и дел од Новите Седум Чуда на Светот. Понудата ја надополнуваат Шеќерната Глава, областа Самбадроме (во која се стационирани повеќе училишта за самба танц и која се користи како авенија за времетраење на карневалот) како иСтадионот Маракана, кој сеуште е еден од најголемите фудбалски стадиони во светот.

Сите овие се наоѓаат во различните зони на градот, кои се поделени на:Централна зона (Centro), Zona Sul (Јужна Зона), Северна Зона ( Zona Norte), Југозападна зона, Западна Зона (Zona Oeste)

 

Централна зона (Centro)

Зоната Centro е историскиот и финансискиот центар на градот. Во времето на колонизацијата оваа област била изградена со цел да им служи на Португалските гувернери како живеалиште, каде притоа биле изграденимногу историски цркви, односно црквата Канделарија, Старата Катедрала и црквата во модерен стил Катедралата Рио де Женеиро. На плоштадот Канделарија има многу знаменитости кои се вредни за посета, а дел од нив се Градскиот Театар и Националната Библиотетска Зграда. Меѓу неколкуте музеи, се издвојуваат Националниот Музеј за ликовни уметности и Националниот Историски музеј. Не помалку важна историска атракција во централниот на Рио е и “Passeio Publico” - градина која датира од 18-от век . Центарот останува срцето на бизнис заединцата на градот. Некои од најголемите компании во Бразил имаат седишта токму овде, вклучувајќи ги Петробрас, Елетробас и Вале (трите од најголемите Бразилски корпорации).

 

Zona Sul (Јужна Зона)

Јужната Зона на Рио де Женеиро е составена од неколку области, меѓу кои се Сао Конрадо, Леблон, Ипанема, Арпоадор,Копакабана и Леме, кои заедно го сочинуваат богатото Атлантско крајбрежје на Рио. Други познати области се Глориа, Катете, Фламинго, Ботафого и Урка, која граничи со заливот Гуанавара,Сента Тереза, Косме, Велјо, Ларанхеирас, Хумаита, Лагоа, Хардим Ботанико и Гавеа. Ова е најбогатиот регион во градот дури побогат и од познати градови во другите држави, а соседтсвото наречено Леблон има најскап недвижен имот од сите соседства во Јужна Америка. Областа Копакабана и нејзината плажа, секоја година е домаќин на една од најспектакуларните забави по повод дочек на новата година, каде што толпа од над 2 милиони посетители, на полноќ ужуваат во блесокот над нив, наречен огномет.

Од 2001та година, огнометите биле лансирани од бродовите, за да се подобри безбедноста на настанот. Меѓу областа Леме и заливот Гуанабара се наоѓа познатата планина која како да излегува од самото море. На врвот може да се стигне со дво-насочна жичарница од местото наречено Праиа Вермеља до местото Морро да Урка и нуди прекрасен поглед на планината Корковадо.

Северна Зона ( Zona Norte)

Северната Зона почнува од центарот на градот и се шири километри во внатрешноста. Оваа зона на Рио е дом на стадионот Маракана, кој како домаќин на Светскиот Куп во 1950та година поседуваше капацитет од 199,000 луѓе. Во поновите времиња неговиот капацитет се намали со цел да се постигне поголема безбедност (околу 90 000). Оваа област е позната по тоа што е дом за многуте училишта за самба танцовите како што се Мангуера, Салгуеро, Империо Серано, Индос да Тихука меѓу најпознатите. Некои од главните соседтсва на Северната Зона на Рип се Тихука, Вила Изабел, Сан Кристовао, Мауреира и Пења меѓу другите. Во Северната Зона се наоѓаат 1,000 сиромашни градчиња, наречени фавели, каде живеат нелегално сиромашни луѓе во импровизирани колиби и наликуваат на оние градови во земји кои сеуште се во развој.

 

Југозападна зона

Југозападната страна на западната зона во Рио де Женеиро е областа која од неодамна е модернизирана. Ги вклучува областите како Бара да Тихука, Јакарепакуа, Рекреио дос Бандерантес, Грумари и многу други. Постои многу голема социјална разлика (контраст) помеѓу Горната Западна Зона и Долната Западна Зона. Сепак , Југозападната зона на Рио има свои фавели (сиромашни градчиња) покрај областа со домовите на средната и високата класа.Урбаното планирање на областа, била направена во доцните 1960-ти години, и потсетува на предградијата во Соединетите Американски Држави, со помош на мешање на фамилијарните ќуки со станбените облакодери. Плажите на Бара да Техука се исто така популарни кај жителите на градот.


 

 

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ЗА АРГЕНТИНА

 

Официјално име: Аргентинска Република (шански: República Argentina)

Главен град: Буенос Аирес (околу 2 700 000 население)

Население: околу 44 милиони

Народности: Белци (97%), Местици, Америдијанци (3%)

Религија: Поголемиот дел од населението се христијани (католици)

Површина: 2.780.400 километри квадратни

Валута: аргентински пезос (ARS).

Курс: 1 USD – 35,7 ARS (аргентински пезос)

Часовен појас: ART (UTC−3) / -4 саати во однос на Македонија

Датумски формат: дд.мм.гггг

Се вози на: десно

Повикувачки број: + 54

Географска положба: Јужна Америка, сместена меѓу Андите на запад и Атлантскиот Океан на исток. Се граничи со Парагвај и Боливија на север, Бразил и Уругвај на североисток и Чиле на запад.

Клима: Аргентина е земја со многу клими. Како по правило, климата е со голема лепеза на температури од суптропски на север до субполарни на југ. Северот на земјата е карактеризиран со многу жешки суви лета со млаки и влажни зими, истотака и со периодични суши. Централна Аргентина има жешки лета со бури и ладни зими. Јужните региони имаат топли лета и ладни зими проследени со многу снег, посебно во планинските предели. Температурата во месец Мај во Буенос Аирес се движи од 12 до 19 степени целзјусови во текот на денот, додека во Пуерто Игуаси од 15 до 25 степен целзјусов. Влажноста на воздухот во овој период од годината е околу 80%. Препорачлива е слоевита и удобна облека.

Комуникации: Покриеноста на мобилната мрежа во Аргентина е добра, меѓутоа, секогаш проверете со вашиот локален мобилен оператор околу роаминг партнерите и цените за меѓународните разговори, бидејќи роаминг тарифите се многу високи. Припејд сим картичка можете да купите во било која трафика по цена од околу 3 долари и надополна на онолку средства колку Ви се потребни за користење на услуги (разговори, мобилен интернет..).

Интернет: Аргентина има добра мрежа на интернет покриеност. Безжичен интернет има во речиси секој угостителски објект или трговски центар. Мобилен интернет можете да користите во роаминг (не се препорачува) или преку припејд картица на локален оператор која можете да ја најдете во уличните трафики).

Електричен напон: AC 220 V; 50 Hz. (не е потребен адаптер).

Здравствени препораки: Препорачливо е да понесете некои антибиотици со вас, ако имате потреба од лекови против маларија, лекови против дијареја, пробиотици и соли за рехидратација (електролити), средства за заштита од сонце со висок фактор. Важно е редовно да ги миете рацете и/или да користите средства за дезинфекција – антибактериски марамици или гел, за да ги убиете бактериите што можеби сте ги собрале од допирните површини во текот на денот.

Храна: Храната во Аргентина е опишана како културно мешање на медитеранските влијанија (од шпанската и италијанската популација). Сепак, ниту еден друг специјалитет не го запечатува националниот идентитет на аргентиците како што е аргентинската скара со говедско месо – Асадо (Assado). Другата карактеристика на аргентинската кујна е подготовката на домашна храна, која се пренесува од генерација на генерација, а се смета на начин преку кој се искажува љубов.

 

Банки и менувачници:Во Аргентина најповолна валута е американскиот долар. Препорачуваме разменување на девизи исклучиво во лиценцирани менувачници, банки, на аеродром или на рецепција во хотелот. Секогаш носете ја со себе Вашата патна исправа доколку менувате девизи во банка и запишете ја адресата на хотелот во кој престојувате во случај да Ви побараат да ја приложите. Работното време на банките е од понеделник до петок, од 09:00 до 15:00 часот, додека на менувачниците до 18:00 часот. Потребно е да се напомене дека не сите банки дозволуваат менување на девизи во текот на целото нивно работно време. Некои банки практикуваат менување на девизи во одредени периоди (пр. од 10:00 до 12:00 или од 13:00 до 15:00), како и не дозволуваат менување на девизи доколу не сте нивни клиенти (да имате сметка во нивната банка). Во Аргентина можете да смените девизи и на банкомат од локалните банки.

Листа на познати банки во Буенос Аирес:

 

Работно време: Работното време на поголемиот број на објекти во Буенос Аирес е од понеделник до петок, од 09:00 до 18:00 часот, како и сабота од 09:00 до 14:00 часот. Недела е неработен ден. Големите трговски центри се отворени секој работен ден до 22:00 часот (вклучувајќи и недела), а одделите за храна и пијалоци се отворени за посетители и до полноќ. Работното време на повеќете музеи во градот е од вторник до недела, од 14:00 до 19:00 часот. Поштата има работно време од понедленик до петок, од 08:00 до 20:00 часот, додека во сабота од 08:00 до 14:00 часот. Угостителски објекти во Аргентина се отворение поголемиот дел од денот, со исклучок од 14:00 до 18:00 часот. Брза храна се служи во текот на целиот период кога објектот е отворен, ручек се служи по 12:30 часот, а вечера по 20:30 часот.

 

 

 

 

 

 

 

 

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ЗА БРАЗИЛ

 

Официјално име: Федеративна република Бразил (португалски: República Federativa do Brasil)

Главен град: Бразилија (околу 2.500.000 население)

Најголем град: Сао Паоло (околу 11 милиони население)

Население: Околу 208.000.000 (според последната проценка во 2017)

Народности: Белци (55%), Мулати (38%), Местици (19%), Црнци (6%), Јапонци, Арапи и американски Индијанци (1%)

Религија: Поголемиот дел од населението се христијани католици (73,89%) и протестанти (15,41%)

Површина: 8.515.767 километри квадратни

Валута: Реал (BRL)

Курс: 1 USD – 3.75 BRL (реали)

Часовен појас: BRT (UTC−2 to −5) / -3 часа во однос на Македонија

Датумски формат:дд.мм.гггг

Се вози на: десно

Повикувачки број: + 55

Географска положба: Бразил го зафаќа најголемиот дел од источниот брег на Јужна Америка, како и голем дел од континенталната земја, делејки земни граници со Уругвај на југ, Аргентина и Парагвај на југозапад, Боливија и Перу на запад, Колумбија на северозапад, Венецуела, Суринам, Гвајана и прекуморскиот департмент Француска Гијана на север.

Клима: Во поголемиот дел од државата Бразил преовладува тропска клима. Температурата во Рио де Џенеиро во месец ноември се движи од 22 до 30 степени целзјусови. Влажноста на воздухот е околу 75%. Препорачуваме тенка и удобна облека.

Комуникации: Покриеноста на мобилната мрежа во Бразил е добра, меѓутоа, секогаш проверете со вашиот локален мобилен оператор околу роаминг партнерите и цените за меѓународните разговори, бидејќи роаминг тарифите се многу високи. Припејд сим картичка можете да купите во било која трафика по цена од околу 3 долари и надополна на онолку средства колку Ви се потребни за користење на услуги (разговори, мобилен интернет..).

Интернет:Бразил има добра мрежа на интернет покриеност. Безжичен интернет има во речиси секој угостителски објект или трговски центар. Мобилен интернет можете да користите во роаминг (не се препорачува) или преку припејд картица на локален оператор која можете да ја најдете во уличните трафики)

Електричен напон: AC 127 / 220 V; 60Hz (не е потребен адаптер).

Работно време: Работното време на поголемиот број на објекти во Рио де Женеиро е од понеделник до петок, од 09:00 до 19:00 часот и сабота од 09:00 до 13:00 часот. Големите трговски центри се отворени од секој ден од од 10:00 до 22:00 часот, но со лимитирано работно време во недела.

Банки и менувачници: Работното време на банките во Рио е од 10:00 до 16:00 часот, а голем дел од менувачниците до 18:00 часот. Во Бразил најповолна валута е американскиот долар. Препорачуваме разменување на девизи исклучиво во лиценцирани менувачници, банки, на аеродром или на рецепција во хотелот.

Храна: Бразилската кујна е збир на практики за готвење и традиции на Бразил која се карактеризира со африкански, амерички, азиски и европски влијанија. Тоа варира во голема мера по региони, како одраз на мешавината на национално и имигрантско население во земјата, како и нејзината континентална големина.Оваа кујна има многу што да понуди од разновидното, вкусно и неодоливо амазонско овошје и зеленчук, па сѐ до свежите риби, богатите десерти и вкусни чорби. “Pau de queijo” – неодоливо вкусен оброк од свежо испечен леб во топчиња со сирење во кој Бразилците уживаат секое утро, „Moqueca” за сите оние кои обожаваат морски специјалитети (специјалитет од риба, ракчиња, кокосово млеко, домати, кромид, лук и коријандер), „Feijoada” или богата чорба подготвена заедно со црн грав, пушено свинско месо и во комбинација со други типови месо како сланина, ребра, колбаси и говедско месо, „Caipirinha” - националниот Бразилски коктел кој се подготвува со шеќер, ликер и лимон, а состојките се уште познати под називот „cachaca”, како и познатите тартуфи кои го носат името „Brigadeiros” - покриени со чоколадо, во комбинација со кондензирано млеко, чоколадо во прав и путер ќе ви пружат едно поинакво слатко задоволство.

Здравствени препораки: Препорачливо е да понесете некои антибиотици со вас, ако имате потреба од лекови против маларија, лекови против дијареја, пробиотици и соли за рехидратација (електролити), средства за заштита од сонце со висок фактор. Важно е редовно да ги миете рацете и/или да користите средства за дезинфекција – антибактериски марамици или гел, за да ги убиете бактериите што можеби сте ги собрале од допирните површини во текот на денот. За патување на територијата на Бразил, неопходна е вакцина против жолта треска и апчиња против Маларија доколку патувате во деловите кои се зафатени од истите (Амазон). Во спротивно, не е потребна имунизација од таков тип! Препорачуваме редовно користење на средства против комарци во текот на Вашиот престој во Бразил (спреј, алка, крема или слично).

Дополнителни препораки:

 

 






ФАКУЛАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ:

 

РиоТурата „Еден ден во Рио“ е комплетна обиколка на градот на главните туристички атракции во Рио де Жанеиро. Ви ja подготвивме маршрутата за да го откриете „Чудесниот град“ на најдобар можен начин. Ден посветен на посетата на Христос Спасителот, Маракана (надворешна обиколка), Самбодромо, катедралата Сао Себастиао во Рио де Жанеиро, Ескадарија(скалите) Селарон и планината Шеќерна глава. Сето тоа со билети и ручек во пријатен ресторан со шведска маса. Турата започнува во 08:00 часот и вклучува трнасфери, билети за жичара, локален водич, ручек, влезници..

Цена по лице: 100€ (за пријавени во агенција)


 * Редоследот по кој се посетуваат атракции може да варира во зависност од логистиката на денот.

** Поради пандемијата, правиме панорамски поглед на Самбодромо, бидејќи продавницата во која застанавме за да се фотографираме во атракцијата е сè уште затворена.

 

Рио: Вечерно шоу Rio By Night (Ginga Tropical) со вклучена вечера и трансфер

Цена по лице: 100€ (за пријавени во агенција)

 

Бразилија: Разглед на Бразилија со локален водич, при кој ќе ги посетиме Catedral Metropolitana, Santuario Dom Bosco, Memorial JK, Banco do Brasil Cultural Center, Congresso Nacional, Lago Paranoa, Juscelino Kubitchek Bridge. *Влезници во објекти и ручек не е вклучено во цената.

Цена по лице: 45€ (за пријавени во агенција)

 

Игуасу: Посета на водопадите Игуасу од бразилска и аргентинска страна со локален водич и трансфер:

Цена по лице: 90€ (за пријавени во агенција)

*Во цената не се вклучени влезниците за двата парка: 44USD

 

Буенос Аирес: Панорамски разглед на градот (пешачка тура) со локален водич и влезници за јавен превоз

Цена по лице: 30€

 

Буенос Аирес: Танго Шоу со вклучена вечера и транфер

Цена по лице: 90€ (за пријавени во агенција)

newwaysoftravel Превземи целосна понуда   

// $(".covid19").on('click', function() { // $(".covid19").fadeOut().remove(); // });