Пребарување

Внесете клучни зборови:

Есен 2021

Атина

Атина

 

 

 

 

 

 

АТИНА

Атина – град посветен на божицата Атина, по која го добил името  и е негова заштитничка. За историјата на човештвото е значајна бидејќи тука се поставени темелите на парламентарната демократија и слободните избори. Но сепак, прва асоцијација при спомнувањето на Атина е Акропол со Партенон, како најголем и најзначаен храм кој доминира со Атина две и пол илјади години. Атина е секогаш доживување, посебно во ноќните часови. Затоа ви ја нудим еможноста да ја почувствувате магијата на  грчката престолнина, што ќе го направи вашиот престој незаборавен...

 

08.12     СКОПЈЕ – АТИНА

Состанок на група на Дрводекор, спроти Холидеј Инн 17.30 часот. Поаѓање за Атина во 18.00 часот. Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.

 

09.12     АТИНА

Пристигнување во Атина во утринските часови. Факултативно, панорамски разглед на градот со автобус и локален водич: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол... Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор и индивидуални активности. Вечерта, факултативно вечера во таверна на Плака со богата музичка програма и мени од грчката кујна. Ноќевање.

 

10.12     АТИНА-ПЕЛОПОНЕЗ

Појадок. Целодневен излет на Пелопонез. Посета на Коринтскиот канал, нај-акустичниот амфитеатар од Античка Грција-Епидаурус, гратчето Нафлион - Првата престолнина на Грција, Микена- Античкиот град на Кралот Агамемнон и. гробницата на Агамемнон. Враќање во хотел. Слободно попладне за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.

 

11.12     АТИНА-ПИРЕЈА-СУНИОН-СКОПЈЕ

Појадок. Полудневен излет со посета на пристанишното место Пиреја и нејзините марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до Сунион - најјужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон .По посетата, патувањето продолжува кон Скопје, покрај Камена Вурла, кланецот Термопили каде се наоѓа споменикот на Кралот Леонидас, Лариса. Ноќно возење со попатни паузи. Пристигнување во Скопје на 12.12 во раните утрински часови.

ЦЕНА во предпродажба за уплати до 08 Ноември: 109 евра 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ129 евра 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

- Автобуски превоз на наведената релација

- Сместување на база  2 НП во хотел 3*

- Организација на аранжманот и пратител на групата

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

- Разглед на градот со локален водич 15€

- Факултативна посета на Пелопонез 35 €

- Вечера во Таверна 35€

- Задолжителна посета на Пиреј и Сунион 15€

- Туристичка такса 2 еур по соба на ден ( се плаќа во агенција)

- Задолжително патничко осигурување

- Влезници за локалитетите и други факултативни посети

- Доплата за еднокреветна соба 3.100 ден

 

НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници. За реализација на истите потребен е минимум од 30 патници За факултативните излети потребно е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд.  При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање. 

Т.А.Магелан Травел Сервис го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.

 Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето

За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ.

 

Covid 19 - услови за влез во Р. Грција

 

Covid 19 - услови за влез во Македонија

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Пред да извршите резервација, Ве молиме да ги проверите посебните услови за патување на Вашата дестинација поради актуелната состојба со Ковид 19, во надлежната амбасада или на следните линкови: