Пребарување

Внесете клучни зборови:

Мај 2021

БЕЛГРАД И НОВИ САД Автобус 4 дена/3 ноќи

БЕЛГРАД И НОВИ САД
Автобус 4 дена/3 ноќи

 

 

 

 

 

30 Април (петок) СКОПЈЕ - БЕЛГРАД

Состанок на групата во 2.30 часот на паркингот спроти хотел „Холидеј Ин“, тргнување за Белград во 3.00 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце со куси попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Белград во утринските часови. Разгледyвање на градот со стручен локален водич: плоштадите Славија и Теразије, Соборната црква, Народната скупштина, Булеварот на Крал Александар, плоштадот на Републиката, мостовите на Сава, Кнез Михајлова улица, Калемегдан... Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности. Можност за вечера во ресторан на Скадарлија. Ноќевање.

01 Мај (сабота) БЕЛГРАД

Појадок. Слободно време за индивидуални активности или можност за факултативна посета на меморијалниот Центар "Куќата на цвеќето" во која се наоѓа гробот на некогашниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито. Во попладневните часови можност за крстарење по Сава и Дунав. Ноќевање.

03 Мај (понеделник) БЕЛГРАД - СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотел. Тргнување кон Македонија, со попатна посета на трговскиот центар Ушќе. Слободно време до 15 часот. Патување со куси паузи за одмор и царински формалности. Пристигнвање во Скопје во вечерните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 7.380 денари (119 евра)

Цената на аранжманот вклучува:

· Превоз со туристички автобус на наведената релација

· 3 ноќевања со појадок во хотел со 3***

· Разгледување на Белград со стручен локален водич

· Посета на трговскиот центар Ушќе

· Придружник - пратител на групата за време на патувањето

Цената на аранжманот не вклучува:

· Целодневна посета, разгледување на Нови Сад со стручен локален водич и ручек во традиционален ресторан – Салаш, 1.240 мкд. (20 евра) за минимум 30 пријавени патници

· Посета на Куќата на цвеќето 10 евра без вклучена влезница

· Крстарење по Сава и Дунав

· Вечера во ресторан на Скадарлија 1.550 мкд.(25 евра)

· Задолжително патничко-здравствено осигиривање

· Туристичка такса 160 денари по ноќ по лице (се плаќа на рецепција)

Напомени:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници

За овој програм важат Општите услови на патување.

Начини на плаќање:

Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.

Општи напомени за патување:

Т.А.Магелан Травел Сервис го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Пред да извршите резервација, Ве молиме да ги проверите посебните услови за патување на Вашата дестинација поради актуелната состојба со Ковид 19, во надлежната амбасада или на следните линкови: