Пребарување

Внесете клучни зборови:

Зима 2022

БЕЛГРАД - ФРУШКА ГОРА-СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ- ПЕТРОВАРАДИНСКА ТРДИНА -НОВИ САД

БЕЛГРАД - ФРУШКА ГОРА-СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ- ПЕТРОВАРАДИНСКА ТРДИНА -НОВИ САД

 

 

 

 

 

 

 

 

Романтична прошетка по Кнез Михајлова, мирис на кафе, поглед од Калемгдан, крстарење по Дунав и Сава, вечера на Скадарлија...

 Автобус 4 дена/ 2 ноќевања

 

08 Декемри (среда)                          СКОПЈЕ - БЕЛГРАД

Состанок на групата во 00.30 на паркингот спроти хотел „Холидеј Ин“ и тргнување за Белград во 01.00 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце со куси попатни паузи. Пристигнување во Белград во  утринските часови. Панорамски разглед на градот: Титовиот музеј, стадионите на Партизан и Црвена Звезда, плоштадот Славија, храмот на Свети Сава, Парламентот, Стариот и новиот дворец, Теразије,  плоштадот  Република, споменикот на Кнезот Михајло Обреновиќ, Народниот театар, Народниот музеј, студентскиот плоштад... Разгледот продолжува со пешачка прошетка по Калемегдан, Споменикот на победата, познатата пешачка улица Кнез Михајлова, Соборна црква Св.Архангел Михаил... Сместување во хотел. Факултативно, препорачуваме крстарење со брод по Сава и Дунав и можност уште поубаво да се запознае Белград. Ноќевање.

 

09 Декември (четврток)      ФРУШКА ГОРА-СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ-ПЕТРОВАРАДИНСКА ТРДИНА-НОВИ САД

Појадок. Факултативен излет. Пристигнување во Фрушка гора- национален парк со 16 православни манастири и посета на манастирот Ново Хопово со црквата Св. Никола. Хоповското фреско-сликарство е едно од поистакнатите на балканскиот уметнички простор. Иконите и иконостасот ги има изработено најзачајниот српски барокен сликар Теодор Крачун. Потоа, следи посета на Сремски Kарловци: Соборната црква Св. Никола, Католичката црква на Светото Тројство, фонтаната “4 Лава“, Капелата на мирот... Посета на винарија и  можност за бесплатна дегустација на вина. Поаѓање кон Петроварадинската тврдина изградена над десниот тек на реката Дунав, во населбата Петроварадин која што е составен дел на Нови Сад - можност за прекрасен поглед кон реката Дунав. Потоа, се продолжува кон Нови Сад, голем финансиски и индустриски центар на српската економија, универзитетски град и политички центар на Автономна Покраина Војводина. Пристигнување и разглед на центарот на градот: Римокатоличката црква, Палатата на Владиката, Соборната православна црква, Градската куќа... Слободно време за ручек и потоа враќање во хотел во Белград. Ноќевање.

 

10 Декември (петок)                        БЕЛГРАД - СКОПЈЕ

Појадок. Факултативно, посета на омиленото место на Белграѓаните - планината Авала, висока 511м. и посета на “Кулата на Авала”- симбол на градот, срушен со Нато бомбардирањата во 1999 и комплетно обновена во 2009 година. Потоа, посета на трговскиот центар Ушќе и можност за шопинг. Во 15 часот тргување за Скопје. Патување со куси паузи за одмор и пристигнување во вечерните часови.

 

За рана уплата до 08.11   Цена на аранжманот: 5.520 денари (89 евра)

РЕДОВНА ЦЕНА : 6.140 денари (99 евра)

 

 

Цената на аранжманот вклучува:

 

Цената на аранжманот не вклучува:

 

Напомени:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници. За овој програм важат Опшите Услови на патување.

Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд.

Т.А. го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на редоследот на активностите по програмата за патување, како и во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и сл. Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!

Се патува со лична карта или пасош со важност од минимум 3 месеци од денот на враќање.

За ова патување за враќање во Македонија потребно е да се приложи сертификат за вакцина или брз антиген тест.

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Пред да извршите резервација, Ве молиме да ги проверите посебните услови за патување на Вашата дестинација поради актуелната состојба со Ковид 19, во надлежната амбасада или на следните линкови: