Пребарување

Внесете клучни зборови:

Лето 2021

БИЛИС ЈЕРИСОС

БИЛИС ЈЕРИСОС

"Billys" се наоѓа на одлична локација на само 30 метри од песочната плажа, на самиот почеток на главното шеталиште, над fast food-caffe ‘Streat’, спроти caffe bar ‘Theatro’. Куќата располага со апартман и дуплекс апартман. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Има паркинг на 15 метри од вилата во правец на плажата.

1/4+1 апартман број 1 - прв кат, со директен поглед море од огромна тераса со маса и столови. Апартманот е простран и има брачен кревет + 1 стандарден

кревет на извлекување во спална и софа + кревет на извлекување во кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет, маси и столови итн.). Од двете соби се излегува на тераса. Опремен е со квалитетен мебел и сопствен тоалет.

1/6+1 апартман број 2 – прв кат, многу простран и голем апартман. Има поглед кон улица од една голема тераса (од кујна) и страничен поглед море од друга тераса (од спална). Има брачен кревет + 1 стандарден кревет во спална и 2 софи на извлекување во кујна. Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет, одлична кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.). И на двете тераси и во кујната има маси и столови.

 

***  Ценовници валидни од 26.06.2020 *

 

 

 

 

 

 

 

Термин

Бр. на

ноќевања  

1/4+1

 апартман море 

 1/6+1

 апартман  

  05.07 – 12.07  

7

369

439

12.07 - 19.07

7

389

459

19.07 - 26.07

7

439

499

26.07 - 02.08

7

439

499

02.08 - 09.08

7

459

519

09.08 - 16.08

7

459

519

16.08 - 23.08

7

459

519

23.08 - 30.08

7

459

519

30.08 - 06.09

7

369

409

06.09 - 13.09

7

359

399

13.09 - 20.09

7

339

379

20.09 - 27.09

7

319

359

27.09 - 04.10

7

299

339

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 Напомени и услови:

ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛИТЕ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз. Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.

Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.

Магелан Травел Сервис организира превоз и истиот се доплаќа:
- За возрасни над 12год = 2.170 мкд. (35 евра), еден правец 1,550 мкд. (25 евра)
- За деца до 11,99 години = 1.550 мкд. (25 евра) еден правец 1,240 мкд. (20 евра)
- Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште

- Тргнувањето е на денот објавен во табелата. Тргнувањето од Куманово е во 02:45 часот наутро пред ‘Скара кај Жмара’.

- Тргнувањето од Скопје е во 04:00 часот од Дрводекор (спроти хотел Холидеј Ин), состанок на групата е во 03:30 часот.

Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на тргнување. Ве молиме минимум 24 часа пред секое тргнување да се информирате за потврда за времето и местото.

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).

Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).

За уплата на две смени, одобруваме 10% попуст на втората смена. Напомена: понудата важи исклучиво за редовните цени.

Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст. Попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 7 дена пред терминот на поаѓање.

Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.

За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/апартман.

Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, Магелан Травел Сервис НЕ МОЖЕ да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во Т.А. и на самата агенција и поради кои НЕ МОЖЕ да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.