Пребарување

Внесете клучни зборови:

MAJ 2022

Будва 24 Мај

Будва 24 Мај

1. ДЕН (САБОТА) . СКОПЈЕ - БУДВА

Tргнување од точно одредено место во Скопје во утринските часови. Ноќно возење низ Македонија со попатни паузи за одмор, освежување и регулирање на граничните и царинските формалности. Пристигнување во Будва во претпладневните часови и сместување во хотели/апартмани после 12 часот (за сите патници кои идат со сопствен превоз состанок на рецепција на хотелот после 14 часот). Слободно попладне за одмор, прошетка и запознавање со местото. Факултативно присуство на дневна (Welcome party) и ноќна (Young & crazy party) журка. Ноќевање.

2. ДЕН (НЕДЕЛА) БУДВА

После утринското кафе можност за факултативна забава на Брод, и ќе дознаеш зашто Будва е синоним за добра забава на Балканот придружба на водич. Факултативно присуство на дневна (90th Party) и ноќна (one life party) журка. Ноќевање.

3 ДЕН (ПОНЕДЕЛНИК) БУДВА - СКОПЈЕ

Напуштање на собите. Ставање на куферите во автобус и слободно време за индивидуални активности и купување на сувенири. Факултативна прошетка низ градчето Котор, Тиват, Порт Монтегро со локален водич. Посета на стариот град кој е заштитен под UNESCO. Еден од најубавите приморски градови во ЦрнаГора, град со голема историја. Тргнување за Скопје. Пристигнување во Прилеп во попладневните часови.

Напуштање на собите. Ставање на куферите во автобус и слободно време за индивидуални активности.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

 Сместување на база 2 ноќевање во повеќе креветни апартмани/студија/соби во вила во Будва

 Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Будва – Скопје

 Пратител на групата за времетраење на аранжманот

 Организација на аранжманот

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 0.7 евра по ден (покритие до 30.000 евра без франшиза) – се плаќа во агенција

Туристичка такса за Будва од 1.5 евро по ноќ

Факултативни излети

Индивидуални трошоци.

Ковид политика:

– Т.А. гарантира поврат на уплатени средства во случај:

– Потврдено приуство на корона вирус на еден или повеќе лица на кој се оденсува резервацијата (доказ позитивен ПЦР тест)

– Затварање на граници

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници

Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.

newwaysoftravel Превземи целосна понуда   

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Пред да извршите резервација, Ве молиме да ги проверите посебните услови за патување на Вашата дестинација поради актуелната состојба со Ковид 19, во надлежната амбасада или на следните линкови: