Пребарување

Внесете клучни зборови:

Есен 2022

Венеција/Милано/Верона/Трст – 11ти октомври

Венеција/Милано/Верона/Трст – 11ти октомври

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Венеција, градот на вода и бисерот на Јадранското море. Дестинација која би требало секој љубител на убавината да ја посети најмалку барем еднаш во животот. Градот на маските, градот на најпознатиот Карневал, градот на креативноста и љубовта, едноставно градот на среќните лица заслепени од убавината на истиот. Дозволете оваа магија на различности да биде вашиот најдраг спомен за паметење.

Промо цена 119 евра со задолжителна резервација на пакетот факултативи 60 евра, (плаќање на факултативите во автобус) РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 139 евра.
*Аранжманот се плаќа во денарска противвредност по курс од 62 денари (1 евро). 

Бројот и местата за уплати во специјалната цена е ОГРАНИЧЕН!

Прв ден – 07.10 (петок)– СКОПЈЕ – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО
Состанок на групата на Дрводекор околу 15:00 часот. Поаѓање за Венеција околу 15:30 часот. Патуваме преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.

Втор ден – 08.10 (сабота)– ТРСТ- ПАЛМА НОВА- ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО

Пристигнување во Трст во утринските часови. По разгледот на градот (околу два часа) упатување кон еден од најголемите шопинг центри во Италија – Palmanova Outlet Village (околу два часа). Поаѓање за Лидо ди Јесоло во попладневните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.

Трет ден – 09.10 (недела)– ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО– ВЕРОНА- МИЛАНО
По појадокот се упатуваме кон Верона – градот на Ромео и Јулија, започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија. По слободното време продолжуваме кон градот на модата Милано. Пристигнуваме во пладневните часови. Разглед на градот со водич:тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo,централниот плоштад каде се наоѓа најголемата готска катедрала во светот,потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle,најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миланската опера,една од најпознатите оперски куќи во светот.Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки низ градот кој е бисер на северниот дел на Италија. Во вечерните часови заминување кон Лидо ди Јесоло. Ноќевање.

Четврт ден – 10.10 (понеделник) ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО– ВЕНЕЦИЈА– СКОПЈЕ

Појадок, и трансфер до пристаништето “Пунта Сабиони”. Превоз со брод “вапорето” до центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки. Во договорено време враќање со бродот до Пунта Сабиони. Поаѓање за Скопје во договорено време.

Петти ден 11.10 (вторник)

Патување преку Словенија, Хрватска, Србија. Пристигнување во Скопје во пладневите часови.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

ЦЕНИ НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПО ЛИЦЕ:

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Пред да извршите резервација, Ве молиме да ги проверите посебните услови за патување на Вашата дестинација поради актуелната состојба со Ковид 19, во надлежната амбасада или на следните линкови: