Пребарување

Внесете клучни зборови:

МАЈ 2023

Венеција/Сирмионе/Верона/Трст

Венеција/Сирмионе/Верона/Трст

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Венеција, градот на вода и бисерот на Јадранското море. Дестинација која би требало секој љубител на убавината да ја посети најмалку барем еднаш во животот. Градот на маските, градот на најпознатиот Карневал, градот на креативноста и љубовта, едноставно градот на среќните лица заслепени од убавината на истиот. Дозволете оваа магија на различности да биде вашиот најдраг спомен за паметење.

Промо цена 139 евра со задолжителна резервација на пакетот факултативи 65 евра, (плаќање на факултативите во автобус) до 15.03. РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 169 евра.
*Аранжманот е од туристички карактер со цел да се посетат сите предвидени места во програмата

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

ЦЕНИ НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПО ЛИЦЕ:

ПРОГРАМА:

Прв ден – 13.04 (четврток)

Состанок на групата на Дрводекор околу 14:00 часот. Поаѓање околу 14:30 часот. Патуваме преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.

Втор ден – 14.04 (петок)

Пристигнување во Трст во утринските часови. По разгледот на градот (околу два часа) упатување кон еден од најголемите шопинг центри во Италија – Palmanova Outlet Village (околу два часа). Сместување во хотел. Ноќевање.

Трет ден – 15.04 (сабота)
По појадокот се упатуваме кон Верона – градот на Ромео и Јулија, започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија. По слободното време продолжуваме кон најбајковитото место подигнато на обалата на езерото Гарда – Сирмионе. Сирмионе е град изграден на спектакуларна локација – на ртот на единственото полуостров езеро, Гарда. До сликовитиот град се доаѓа преку единствената тврдина на пристаниште, изградена по нарачка на семејството Скала. Следува разглед: Замокот Скалиџери, плоштадите Кастело и Порто Валентино, Катуловите термални купатила, вилата на Марија Калас. Овој монденски град е оаза на убавината и мирот, затоа не пропуштајте да уживате во погледот на најголемото езеро во Италија со врвен џелато (сладолед) и чаша одлично вино од локалните виногради. Слободно време за прошетка (во зависност од можностите).

Во вечерните часови заминување кон хотелот. Ноќевање.

Четврт ден – 16.04 (недела)

Појадок, и трансфер до пристаништето “Пунта Сабиони”. Превоз со брод “вапорето” до центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки и уживање. Во договорено време враќање со бродот до Пунта Сабиони. Поаѓање за Скопје во договорено време.

Петти ден 17.04 (понеделник)

Патување преку Словенија, Хрватска, Србија. Пристигнување во Скопје во пладневите часови.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ: